Компјутерскиот екран и неговатиот квалитет - заедно со графичката картица се важни делови во секојдневното работење со компјутерите - поготово во банките и за луѓе врзани во својата работа, каде е неопходно долго време да се седи пред компјутер ... И самиот имав лошо искуство со несоодветни ПЦ екрани - и си ги расипав делумно очите ... На компјутерскиот екран не треба да се штеди - бидејки од неговиот квалитет зависи здравјето на вашите очи т.е. на очите на вработените кои работат нон стоп со компјутери ...
Има стандарди за минимален квалитет на екранот и како треба да биде поставен компјутерскиот екран во однос на корисникот на компјутерот ... Некој и кај нас направил такви стандарди и сега Инспекцијата за заштита при работа - врши запознавање на поголемите субјекти со овие стандарди:
- На секои два часа континуирана работа со компјутер, работникот задолжително треба да направи пауза од 15 минути.
- Растојанието меѓу екранот и работникот не треба да биде помало од 50 см
- Не е дозволено сликата на екранот да се движи односно да трепери.
- Фреквенцијата не треба да биде помала од 70 Хз.
- Треба да се приспособи висината на екранот според висината на очите на работникот, така што горниот раб на екранот да биде приближно 5 см пониско од висината на очите.
- Екранот не треба да биде свртен кон или од прозорецот за да се избегне блескањето од надворешната светлина.
- На прозорците треба да се постават соодветни ролетни кои ќе овозможат сончева светлина да навлезе во работната просторија, но да не пречи во работењето.
- Работодавецот е должен да му обезбеди лекарски преглед на очите и видот на работникот кај здравствени организации кои вршат дејност медицина на трудот. Газдата треба да плати за преглед на работникот кога ќе дојде на новото работно место, но и на барање на работникот, ако тој почувствува проблеми кои се последица на работата со компјутер.
- На трошок на газдата се и посебните корекциски помагала ако со прегледот на очите и видот се утврди дека со коригирање на вообичаените корекциски помагала не е можно да се санираат проблемите со очите и видот кои работникот ги здобил со работа на работното место.
- Computer display ... Computer display standard ... Graphics processing unit ... Display resolution ...
No comments:
Post a Comment