Пратејки ги промотивните концерти на Синтезис:
- СИНТЕЗИС - афирмативни концерти
- Аквадукт & Синтезис
- АКВАДУКТ - Aqueduct ... како да го пронајдеш
- Струмин Гроб & Синтезис
- ЧИФТЕ АМАМ & СИНТЕЗИС
дојдовме и до концертот на Синтезис во Чифте Амам. Времето овојпат не не послужи и концертот се одржа во внатрешноста на Чифте Амам - кој е прекрасно обновен и претворен во преубава галерија ... Немаше многу публика и повторно присаствувавме на приватен концерт на Синтезис - кибицијарјки успут и по некоја од сликите и скулптурите од поставката во Чифте Амам ...
Еве како еден Кибицер е фатен на дело како кибицира ... :) и тоа во Амам и тоа во женскиот дел ...
Еден друг познат блогер/ка се помоли пред скулптурава - ќе мора да ја прашаме за што се молеше ... ?
Скулптурата занесено го слушаше музицирањето на Синтезис ... Букаро ке рече - само што не се пок*ка од уживање :)
Малубројната публика истотака занесено го прати музицирањето ...Во позадина е вип гостинот на концертот Холандскиот Амбасадор / Амбасадорка де - Фредерик де Ман ...
Синтезис во акција ...
И Петар - творецот на пребарувачот Најди е во публика - заедно со своите гости од Јапонија и Полска ...
Ова се гостите и пријателите на Петар - кои доаѓајки од далечната Јапонија и Полска не ја пропуштија можноста да уживаат во моментот на настанот ... Секојпат странците знаат повеќе да го ценат она што ние го поседуваме ...
Чифте амам со позадина Мустафа Пашина Џамија ...
На крај се заврши со десетка со кромид и пивце ... со трошка муабет за настанот - се разбира кај неодминливиот ДЕСТАН ... кој ке биде почестен со посебен пост - во друга прилика ...
За случувањето снимив и неколку кратки клипа кои ке ги аплодирам на YouTube и можете да ги одгледате на линкот тука ...
Кликнете на фотката за да го одгледате клипот.
- Sintezis ...
- Skopje ... Shkupi ... Scupi ... Skop'e - Скопье ... Skópia - Σκόπια -Σκόπια ... Skopie ... Скопие ... Skopiye ... סקופיה ... Скопље ... Üsküp ... اسکوپیه ...
- Stara čaršija - Skopje ... Old Bazaar - Skopje ... cifte amam ... Destan ...
No comments:
Post a Comment