Search This Blog

Friday, May 11, 2007

Денови на Јустинијан Први - втора година


Јустинијан Први - роден во малото село Тауресиум, денешно село Таор Скопско - во византиската префектура Илирик, во близина на Скупи, веријатно на 11 мај 483 год.
- Византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527565 год.), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. ...
- Го свикал Петтиот Вселенски собир со намера да ги смири монофизите и православните. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право.
- Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на Пост не јадел леб и не пиел вино, а се хранел со зелје и пиел вода секој втор ден. Завојувал со дунавските варвари само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата.
- Изградил голем број прекрасни храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведил римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во 553 година.

Втора година по ред во Скопје во чест на Кустинијан први - се организираат “Денови на Јустинијан Први“, настан кој е финансиран од Град Скопје ... организиран од Културно - информативен центар.

Бидејки се смета дека можеби Калето е мистериозниот град Јустинијана Прима (сеуште се трага по мистериозниот град ...) - минатата година организаторите свечената прослава ја започнаа од Скопското Кале ...

Оваа година организаторите на прославата која има цел да го промовира брендот на Јустинјан Први - бидејки Калето е во Археолошка кампања - се одлучуваат:
- Манифестацијата да почне со научен симпозиум на тема Македонија помеѓу византискиот комонвелт и Европската Унија", што денеска и утре ќе се одржи во КИЦ со почеток во 12 часот.
- Во сабота, во 11 часот, ќе се одржи и Прв хорски фестивал на духовна музика Јустинијана прима 2007" во црквата Св. Спас".
- Во текот на наредните денови во просториите на КИЦ, ќе биде организиран и напреден семинар за црковно источно пеење во организација на Центар за Византолошки студии.
- На отварањето на манифестацијата од Градот ќе бидат доделени и награди за најдобрите три средношколски есеи на тема Јустинијан Први ...

Препорачани линкови:
- Јустинијан I
- Justinian (527-565 A.D.)
- Јустинијан Први - Македонски бренд
- Јустинијан Први - Македонски бренд 2 дел
- Ќе ја открие ли Таор мистеријата на Јустинијана Прима
- Justinian I



No comments:

Blog Archive

Site Meter