На културата и‘ се потребни менаџери ... и не само на културата менаџирање стана важна карика во сите свери на работењето. Менаџер и Пи-ар станаа барани професии и секако платени ...
Историчарот на уметноста, Маја Крстевска, новата директорка на Националната галерија на Македонија - е ем згодна и ем се залага за менаџирање во својата институција ... под менаџирање подразбира “барање на спонзори“ ... бидејки парите што ги добиваат од Министерството за култура не им достасуваат ...
Сега дали дека се работи за згодна дама која можеби е навикната на “спонзори“ - па и на новото работно место бара спонзори - незнам и несакам да звучи навредливо мојова зајадлива опаска - не ми е тоа намерата ... Но менаџирање не значи само бркање на спонзори ... Менаџирање во културата значи пронаоѓање начин како да се прасира производот кој се нуди од културната институција која ја предствуваш.
"Визија и мисија" - вака почнуваат сега сите нови програми - проекти и стратегии ... Со ваков наслов и госпоѓа/ѓица Маја Крстевска, ја почнува својата програма за унапредувањето на работењето на Националната галерија на Македонија ...
Крстева најавува меѓународна соработка со холандската фондација "Cultural Aid" со чија помош во Чифте амам е поставена импознатна изложба на холандски сликари. Се најавува соработка и со Националната галерија од Нирнберг, Германија. А и регионот не е заборавен - ќе се случуваат размени на изложби со Атина, Софија, Белград, Тирана.
** Како дел од тековната програма, Крстевска најавува ретроспективни изложби на повеќе реномирани уметници од Македонија, меѓу кои на Димитар Малиданов, Нове Франговски, Трајче Блажевски.
Па ај нека скрши нога Крстевска и нека и тргне ...
За почеток пофалба за добриот сајт ... незнам само зошто не работи англиската верзија ...
Препорачани линкови:
- Куќата на Личеноски стана музеј
- Изложба на цртежи на Павле Кузмановски
- Изложбата „Песни за невиноста и агресијата“ отворена со заслужено внимание
- ВЕНКО ЦВЕТКОВ ИЗЛОЖУВА ВО СОФИЈА
- Разрешен директорот на Националната галерија поради неправилности во работењето
No comments:
Post a Comment