За поимот ** ГЛОБА првпат слушнав кога на пропатување низ Бугарија ме сопра нивен полицаец - кој беше во цивил и вели - ке мора да платиш глоба ... ако платиш на мене без белешка незнам толку, ако сакаш белешка ке платиш незнам толку ... Глобењето од МК граница до Турска граница се случи четири пати ... Ова се повтори уште неколку пати - често немаше никаков прекршок за казнување па причината беше измислувана ... Одтогаш поимот на ГЛОБА ми остана во сеќавање на нешто што неоправдано треба да го платам на официјално лице на државата ... и отаму поради често измислените причини за казнување - го замрзев поимот глоба ...
Слично вакво “глобење“ се одвива и во нашата држава ... и нашите полицајци не се “наивни“ ... знаат и тие убаво да глобат ... што странци, кои се на пропатување - што нас домицилните граѓани ... Отаму воопшто не ми се допадна идејата на законодавецот на полицијата да и се даде правото сама да одредува глоба - казна ... и сама да ги собира парите ... Пишував за ова во постот Кадија те тужи - Кадија те суди ...
Инаку глобење со драконски казни е во мода во сите нови македонски закони ... казните се превисоки и доведени сме во ситуација ако не внимаваме за еден ден да изгубиме неколку просечни МК плати ... Законодавецот воопшто не внимава на висините на казните - како да не живееме во Македонија туку во држава која е со многу поголем стандард ... имаме висина на казни во европски износи а плати Македонски ...
** Парично наказание или санкция, наложени от законов орган на лице обвинено в престъпление или наказуемо деяние.
Лош превод на горнава дефиниција која нели е на бугарски е: Парична казна или санкција, одредена од законодавен орган на лице обвинето во прекршочна постапка ...
** A fine is money paid as a financial punishment for the commission of minor crimes or as the settlement of a claim. A synonym, typically used in civil law actions, is mulct.
- Bussgeld ... ποινικές ρήτρες/πρόστιμο/χρηματική ποινή/λεπτός/εκλεκτός ... fine ... multas ... multa ... grzywna ... штраф ... globa ... Novčana kazna ... Amende ...
1 comment:
Post a Comment