На просторите на Плаошник археолозите под мозаична површина од 5 или 6 век или од македонско-хелинистичкиот период пронајдоа прекрасна фигура - која по тумачењето на Паско Кузман е фигурина на Дедал ...
Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач, научник, архитект и првиот митолошки летач. Занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија.
- Бронзената фигура на човек со крилја, за која се претпоставува дека е Дедал, таткото на Икар, пронајдена деновиве при археолошките ископувања на Плаошник во Охрид, вчера му беше презентирана на премиерот Никола Груевски.
- Како што изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на спомениците на културата, се работи за единствена ваква фигура на Балканот, во медитеранскиот културен простор, а тој вели дека, според литературата, досега ваква фигура нема ниту во другиот дел од Европа..
- Фигурата е најдена под мозаична површина од 5 или 6 век или од македонско-хелинистичкиот период и датира од 3 или 2 век пред нашата ера", рече Кузман.
- Фигурата е многу добро зачувана зашто била најдена во црвена земја.
- На прашањето колку би вредела фигурата, Кузман рече: "И премиерот ме праша истото, па велам дека таа нема вредност, особено кога е сопственост на државата. Но ако би се ставила на аукција, почетната цена не би смеела да е под милион евра.
- Makedonija ... Македония ... Makedonien ... Μακεδονία ... Makedonie ... Macedonia ... Macédoine ... Makedonya …
No comments:
Post a Comment