Search This Blog

Thursday, May 24, 2007

БУГАРИЗАЦИЈА на МК култура и историја продолжува - сега и во ЕУ парламентот

Сонот за Санстефанска Бугарија никако да згасне кај современиот Бугарин ... Веќе дојадија жалопојките на Бугарските “Историчари и Политичари“ - кои се трудат на секој можен начин да објаснат на светот дека Македонија е политичка творба на Коминтерната и на Тито ... а Македонецот е само заблуден Бугарин ... не постои Македонска Нација ... ниту Македонски јазик а отаму ни Македонски идентитет ... Во македонскиот интернет простор се води своевидна интернет војна околу Македонија ... каде МК и БГ блогери и интернетџии се докажуваат (си ги мерат) што со аргументи што со пцовки и сеење на омраза ... Се сеќавате на случувањата околу Мара Бунева ... околу скандалозните најнови случувања за Крсте Петков Мисирков ... околу Бугарските Пасоши и пасошот на ЉуПчо ... Прстенот на Гоце Делчев ...

Огромни финасиски средства трошат бугарите за пропаганда во светот и во Македонија за негирањето на Македонскиот карактер на МК историја и култура ... на Македонските револуционери ... за Македонскиот јазик кој современа Бугарија не го признава ... На Македонскиот Идентитет - кој го оспорува ... Признава држава но не народ и култура - држава без своја историја, култура и јазик - бива ли ...

Многупати се обидував да покажам дека ове заложби на Бугарската држава и политика неможат во 21 век да пројдат ... дека не се исплати оваа бугарска пропаганда ... Со вакви отворени антимакедонски ставови се продолжува и со влегувањето на Бугарија во ЕУ ... дури и се засилува ...

Се сеќавате на испадот на Меглена Щилянова Кунева која дојде во жижата на македонската јавност заради својата изјава дека на Македонија не треба да и се дава датум за преговори ...

Каракачанов и компанија вршат терор на Македонците во Бугарија не дозволувајки им да бидат малцинство и да остваруваат право од малцинските права кои им следуваат ... Им прети дури и на МК новинари - ке ги апсел ако дојдат во БГ ... Покушава да прави партија во МК и ке учествувал со неа на следните локални извори ...

Најнов пример во низата - на ова бугарско лудило е бугаризирањето на македонската историја, што го побара пратеникот Евгени Кирилов, во Европскиот парламент ...

- Во Македонија живее бугарско население чии револуционери се бореле за соединување со Бугарија …
-
Македонците се политичка творба.
- Ова го напишал Евгени Кирилов, пратеник на владејачките бугарски социјалисти во Европскиот парламент, во писмото до Ерик Мејер, известител за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграцијата. Кирилов реагира на делови од извештајот на Мејер кои се однесуваат на историското минато на Македонија и на балканскиот регион.
- Бугарскиот пратеник го повика Мејер да ги „преформулира спорните моменти од историјата на Балканскиот Полуостров“.
- По Втората светска војна, под притисок на Комунистичката интернационала и властите на Југославија, беше решено да се создаде нова македонска нација. Новата историја и' создава проблеми не само на Грција туку и на Бугарија. Недозволиво е за бугарското општество да се манипулираат факти врзани за бугарската историја - потенцира Кирилов во писмото.
-
Tериторијата на Македонија се' до падот на Бугарија под Османската империја била под власт на бугарската држава.
- Македонското население не се спротивставувало да биде дел од Бугарија. Напротив, овој договор успева да ги обедини сите територии каде што населението е целосно бугарско.
- Револуционерна организација е создадена од бугарското население во тие региони и центри и целта и' е да извојуваат политичка автономија за двете области од Османската империја и да се присоединат кон родната Бугарија.
- Со оваа „лекција по историја“, која може да се нарече ревизионистичка, Кирилов само се бламира самиот себеси. Неговиот текст не предлага конструктивен амандман на извештајот, како што тоа е вообичаено, туку држи лекции по историја според сопственото толкување - вели бриселски дипломат.

Сето ова навистина неможам да го разберам ... 21 век е бе ...

- Bugarska ... България ... propaganda ...
- Санстефански мирен договор ... Treaty of San Stefano ... Ayastefanos Antlaşması ... Frieden von San Stefano ... Сан-Стефанский мир ... Συνθήκη του Αγίου Στεφάνου ...
- makedonska nacija ... makedonski identitet ... makedonski jazik ...
- Evgeni Kirilov ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter