Search This Blog

Thursday, May 17, 2007

Ѓорѓи Томов - George Tomov

Култура

Ѓорѓи Томов е - фолклорист, етнолог и презентер на македонската култура, фолклор и традиција, кој долги догини живее во САД. Родум од Срумица ... љубител на народниот танц од својата рана младост ... учествувал во ансаблите ЛАДО и ТАНЕЦ ... Во УСА е од 1967 година ... каде неуморно работи на развојот на изворното Македонско и други Балкански ора ... Познат е по тоа што во неговите друштва во УСА - членуваат не само македонци и други граѓани од Балканот - туку најчесто тоа се изворни американци - кои под палката на Томов стануваат виртуози на Балканскиот - секако и Македонскиот танц ...


Да се потсетиме. Бил и ќе биде активен до крајот на животот, а сè за македонската заедница во Соединетите Американски Држави, како и за нашата независна и самостојна Република Македонија.
Господинот Георги Томов, кој повеќе од триесет години жи-
вее и твори на полето на фолклорот во Њујорк и во Њу Џерси,
Соединетите Американ ски Држави, негувајќи го фолк лорно то
богатство од сите де лови на Македонија, познат и е не само
на македонската јав ност на овие простори, туку и во родната
Македонија. За не го вата активност повеќе пати добивал пофалници и разни дру ги признанија. Тоа се дол жи на неговата
плодна актив ност на сите полиња од опш тествениот живот,
а особено е вљубеник во македонскиот фолк лор. Пред многу години имал визија, која успеал да ја оствари, да успее македонскиот фолклор да го вгнезди во срцата на американските луѓе, така што сега тие играат и пеат речиси поквалитетно и од ма кедонските аматерски ансамбли.
Пред повеќе години формирал и регистрирал сопствен фолклорен ансамбл, чии членови се исклучително американски девојки и момчиња, со кој и го презентира маке донскиот фолклор на тамошната публика. Американците се восхитувале на виртуозноста на изведбите, на народните носии и на македонската со векови незгасната традиција и обичаи.
Покрај тоа што е кореограф на неговиот ансамбл, тој е кореограф и на Македонското фолклорно друштво од Њу Џерси "Гоце Делчев", со кое ре довно настапува на сите македонски прослави и пикници, а се јавува и во улога на водител, со еден збор Георги Томов е активен во сите пори на општествениот живот меѓу нашите сограѓани и Американците.
Неговиот американски ансамбл настапувал со маке донски ора и песни од сите делови на Македонија во 1997 година во салата на "DAK HAMARSAL", која е лоцирана во комплексот згради на Обединетите нации во Њујорк, а под покро вителство на културно емигрант ската организација во состав на ООН. За овој спектакуларен настап со неговите играорци, а за навистина невиденото и автентично презентирање на македонскиот фолклор, доајенот и амбасадорот на маке донскиот народ на овие простори
доби специјална награда МЕДАЛ – ЅВЕЗДА ЗА ХАРМОНИЈА
НА НАРОДИТЕ, лично од претсе дателот на Интернацио налната културна мисија и Ин тернационалната емигрантска фондација, господинот Едвард Џуарез Паглиоко. Навистина тоа е признание кое дојде во вистински раце, за човекот кој целиот свој живот му го посвети на македонскиот фолклор. Господинот Георги Томов е жив пример каков треба да биде човекот за својот народ и за
другите народи, а неговите дела не останаа незабележани
ни ту од американските асоцијации. Тие го поттикнуваат да
продолжи со неговата хумана мисија, иако во друга земја го
презентира македонското културно богатство и наследство.
Заслужува и многу други признанија, зошто тој не знае да застане и да мирува, туку постојано настојува да помага, да иницира, да создава и да гра ди.
"Не мирувам - вели Томов - а најсреќен сум сега кога сум активен во Македонската православна црква 'Св. Климент Охридски' на 20-05 124 th Street, во 'Kolege Point' во срцето на Њујорк, NY 11356, каде што го претставувам Одборот за изградба на иконостасот, со обраќање до сонародниците".
Македонската православна црква "Св. Климент Охридски", која е во изградба блиску до аеродромот "Lagvardija", со својата положба се наоѓа во срцето на светската метропола Њујорк и е единствена Македонска православна црква која во комплексот со сите други
етнички цркви ќе претставува бисер во овој светски град, а Охридската школа на дрворез со познати фрески и икони во најубавата светлина ќе го претставуваат македонското поднебје и нација.

На предлог на Македонскиот Совет на уметностите од Њујорк, г-динот Џорџ Атанасовски и г-динот Џорџ Томов го добија најголемото граѓанско признание во Соединетите Американски држави, Медалот на честа “Ellis Island“.
Од 1986 година кога е востановена The “Ellis Island“ Medal of honor, медалот се доделува секоја година на 100 американски граѓани од странско потекло кои постигнале посебен успех во Соединетите Американски Држави, а воедно со својот ангажман во промоцијата и сочувувањето на своите етнички корени го збогатуваат мултикултурното милје на американскиот континент .
Медалот е одобрен и признат од Американскиот конгрес, а меѓу досегашните добитници како што е поранешниот претседател на САД, г-нот Бил Клинтон, во Алманахот на “Ellis Island” запишани се и Г-нот Мајк Зафировски и г-динот Мајк Илич.

http://www.phantomranch.net/images/fdance/tomov_g.jpg

Линкови за Томов:

- Сајтот на Томов ...

- George Tomov

- U.S. Ensembles

- George Tomov

- Ethnic Dance

- Монографија “Томов“ од Катин

- Ѓорѓи Томов - кореограф

- Македонец доби американски Орден на честа

- Г Е О Р Г И Т ОМО В Н И К А К О Н Е МИ Р У В А

No comments:

Blog Archive

Site Meter