Search This Blog

Thursday, May 24, 2007

ЗАБРАНЕТ ОТКУП - на старо железо ... со НАРЕДБА на Владата ...

Многупати пишував дека треба да му се застане на патот на крадењето на Шахти и други метални предмети кои се на јавните површини низ градовите ... кои ги крадат сиромасите и бездомниците претежно од ромска националност ... кои со своите коњси запреги се и ругло за градовите ... Крадците на шахти се и потенцијални убијци ... бидејки некој толку лошо може да падне - што недај боже може и животот да го изгуби - за среќа за таквов драстичен случај не сум слушнал ... но ...

Мораше ли да се пресече со НАРЕДБА за забрана за вршење на дејност на старо железо и друг одпаден материјал кој во себе содржи железо, челик, олово, цинк и други метали ... Вакви Отпади се неопходно потребни - но некој треба да ги контролира и драстично да ги казнува кога ке им пронајде Шахта или некаков споменик одкорнат од гробишта или од споменик на култура ...

- Владата го забрани откупот, прометот и извозот на метални отпадоци.
- Според владиниот портпарол Ивица Боцевски целта на забраната е правилно да се управува со отпадот и да се заштити животната средина.
- Оваа забрана на Владата доаѓа по кражбите што секојдневно ги има низ државата на бакарни кабли од пругите, на бронзени бисти и на шахти, метални затворачи и хидранти од полињата за наводнување, при што се направени милионски штети.
- Правните и физичките лица за собирање, складирање и транспорт на металниот отпад треба да исполнат одредени стандарди. Тие треба да имаат дозвола за откуп, промет и преработка на метален отпад. Засега нема регистрирано фирми што го усогласиле своето работење со регулативата
- Казната за непочитување на забраната ќе биде 6.000 евра. Боцевски вели дека Пазарниот инспекторат и комуналните инспектори на општините постојано ќе бидат на терен за да контролираат дали оваа наредба се спроведува.
- Владата ќе предложи значително заострување на казните за злоупотреба на прометот со старо железо. Овие промени се очекува многу брзо да се најдат во Собранието.

Прашање дали Владата требаше да пресече со ваквото одвивање на процесите во одкупот на старо железо - со адхок НАРЕДБА за забрана на вршење на одредена дејност ... башка што тоа незнам дали е законски ... Владата мораше да ги казни инспекциските служби кои требало ова да го контролираат - ако воопшто има такви и да ги зајакне со кадар ...

Еве да се подсетам што напишав во мој постар пост - како да се справиме со крадците на шахти ...

-Со катанци е глупаво. Ке ги искршат.
-Со социјализирање на крадците. Секако. Но тоа е долг процес кој зависи од економската состојба на земјата. Невработеноста и сиромаштијата е толку голема што треба пола становништво да не социјализираат.
-Полиција и казни. Ефикасен метод. Но ако ги фатат. Неможе покрај секоја шахт да стои полицаец.
-Со дојава од загрижени комшии. Ефикасно. Само треба Градоначалнице да се договорат со стотина пензионери, кои волонтерски ке снимаат со фотоапарат случаи со Инфлагранте ситуации. Тоа важи и за оние кои фрлаат отпадоци каде ке им текне. Поготово за градежниот шут мислам.
-Но секако најефикасно е да се заангажираат полицајците и Инспекторите да прошетаат по таканаречените отпади и таму каде ке откријат исправни капаци и шахти - да ги казнат дебело таквите отпади. За да се оствари ова треба градските власти да донесат соодветни комунални прописи и дефинират казни. Дури и во некој закон за прекршоци ако нема веќе член да се стави таков. Казните треба да се ригорозни. Бидејки со овакви дела се загрозуваат и животи.

- sahti ... staro zelezo ... otpad ... pazaren inspektorat ... komunalen inspektor ... gradonacelnik ...

1 comment:

Alan Curtis said...

Сакам да споделам со сите вас овде за тоа како да го добијам мојот заем од г-дин Бенџамин кои ми помагаат со заем од 400.000,00 евра за да го подобрам мојот бизнис, Беше лесно и брзо кога аплицирам за заем кога работите се влошуваа со мојот бизнис г. Бенџамин ми даде заем без одлагање. еве го е-пошта на г-дин Бенџамин / контакт со Whatsapp: +1 989-394-3740, Lfdsloans@outlook.com /

Blog Archive

Site Meter