Како што обеќев - вчера бев на Кале и снимив неколку клипа. Денеска ке поминам пак и ке доснимам неколку клипа кои ми фалат за да се представи целината на калето.
Клипот е снимен од средишниот дел од калето ... Почнува од Кула број 15 со позадина Водно .... према Главната порта (северната порта) која води према Музејот за современа уметност ... Крајот завршува со една централна сонда на која се очекува евентуално да се појават темелите на централната Црква во калето ...
Клипот е снимен на една од сондите на Јужниот зид - блиску до знамињата ... со прекрасна визура према Скопје ... МОБ (Македонската опера и балет) ... Црквата св.Димитрија ... Синагогата во градба ... централното јадро на Скопје ... преубава панорама ...
Клип направен од внатрешноста на кафеаната Кале - која сега служи највеќе за одржување на свадби но со ископувањата се повеќе работи и како неопходна кафеана каде археолозите и туристите пиат кафе и уживаат во визурите на прекрасната панорама на Скопје ... Ветрето убаво пирка на Кале и веројатно тука е најубаво во утринските часови и во вечерните кога доаѓаат на свечени вечери разни амбасади и државни институции ...
Краток клип снимен према почетокот на киклопскиот зид - на местото каде треба да се реобнови северната порта на Кале ... Околу киклопскиот зид има две Археолошки сонди кои утврдуваат што имало во блиската околина ...
Краток клип на Киклопскиот зид ... Камените блокови се носени од Скупи ... поготову од тамошниот анфитеатар ... Блоковите пред да се донесат на лице место, им се обработувале рабовите и дел од написите се ваделе ... за што постојат докази при едно од Археолошките ископувања на Скупи ...
Уште еден краток клип од Киклопскиот зид ... Пред овој зид долго стојат мирно многу археолози - опиени од некоја мистична сила ... а и мене ме опива со својата градиозност ... Самиот го нареков “Македонскиот зид на плачот“ ... бидејки многу ме асоцира на “Зидот на плачот во Ерусалум“ ... со сета симболика која произлегува од тоа ...
No comments:
Post a Comment