Неколку години по ред во Македонија влегуваат скоро Милијарда долари - кои се состојат од разноразни легални и нелегални дознаки од странство - најголем дел од нашите иселеници - еден дел и од разните војски и особја на Меѓународни организации, што се во Македонија и Косово ... кои трошат голем дел од парите во Македоија, за провод и забава ... Секако еден дел се и готови пари кои се носат во Македонија а служат за купување на акции и обврзници ... Долго време ММФ прави анализи дали се ова сигурни приливи, иако секоја година се повторуваат слични износи ... Ова е и една од причините заради кои Владата успеа да врати дел од кредитите и тоа предвреме ...
Потоа се потрудив да направам анализа каде се‘ се наоѓаат Македонци по светот ...
Денешен Вечер носи напис кој се бави со слична проблематика - Живееме од парите на иселениците ... во кој се потенцитраат неколку факти:
- Во Македонија доаѓаат повеќе ефективни пари од Иселениците во странство ... одколку од извоз на роба и услуги ...
- Маж на возраст од 19 до 29 години, самец, невработен, со средно образование. Вака изгледа просечниот иселеник од речиси седумте илјади кои во потрага по подобар живот годишно, легално или на црно, заминуваат од Македонија во земјите од Европската унија.
- Според податоците на ЕУРОСТАТ, само 700 луѓе или 0,035 отсто од емигрантите што годишно доаѓаат во ЕУ се од Македонија.
- Просечниот иселеник од Македонија нема поголемо работно искуство. Има само основни познавања на јазикот кој се говори во земјата каде што престојува. Нема работна дозвола, ама работи. Испраќа пари дома, иако не редовно.
- Околу 200.000 македонски иселеници, годишно на своите најблиски им испраќаат над половина милијарда долари годишно. Тоа, според ММФ, претставува 15,2 отсто од македонскиот бруто-домашен производ.
- Иселеничките парични дознаки ги надминуваат помошта за развој, странските инвестиции, како и приходите стекнати по основ на извоз.
- Најчесто парите ги праќаат по неформали канали, преку "курири", како роднини, пријатели и приватни туроператори или возачи. Преку банки, стигнуваат само 15 отсто од парите што ги праќаат иселениците.
- Во последно време нов тренд кај Македонците е да се одат на печалба во Ирак, Авганистан и земјите во нивна близина. Ако тој тренд продолжи, Македонија наскоро ќе има 20.000 граѓани во тие земји или 1 отсто од населението.
- iselenici ... dijaspora ...
No comments:
Post a Comment