Се подготвува нов закон за прекршоци кој деновиве ке излезе на светло на денот ... пред пратениците во парламентот ... Казните отсега ќе ги изрекува МВР. Прекршочната постапка, наместо судовите, ќе ја води комисија на Министерството... Кадија те тужи .. Кадија те суди ...
Вечер направи пародична имагинарна престава како може да ви помине еден ден со новиот закон:
- За нарушување на јавен ред и мир (пример јака музика во домашна забава ...) треба да платите од 100 до 400 евра ...
- За омаловажување и вреѓање на лице кое е задолжено да одржува ред и мир (пример сте го опцуле полицаецот кој ви пишува казна ...) ќе платите од 600 до 900 евра ..
- За нарушување на јавен ред и мир (во парк сте се напили и сте учествувале во тепачка) ... Полицијата доаѓа на лице место и ве казнува со околу 1.500 евра: Прво, 400 евра оти се пијанчите на јавно место, уште толку оти сте кршеле чаши, над 200 евра оти сте предизвикале негодување кај луѓето и над 500 евра оти се се степале.
- За љубовна сцена на вашата тераса да речеме - ќе платите казна од 400 евра ...
- За несовесни родители кои организираат проституција ... или пак издаваат простории за проституција, новиот закон предвидува казни со глоба од 600 до 800 евра. ...
- Оној кој се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори ќе плати од 200 до 500 евра. ...
- Оној кој питачи ќе плати од 15 до 50 евра. ...
- Оној кој чува опасни животни кои можат друг да престрашат или повредат ќе му се изрече казна од 100 до 400 евра.
- Оној кој неовластено пука со огенено оружје или употребува пиротехнички средства ќе плати од 200 до 500 евра...
- Родителот или старател чие дете односно штетник поради занемарено гржење врши прекршоци, ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра.
Како што гледам државата ке се реши за тоталитарен поим на ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА ... Што ке ти суд бе брате ... Полицијата ке пишува белешки за прекршоци а полициска комисија ке изрекува казни ... Кадија те тужи ... кадија те суди ...
Да не е ова трагично би било смешно ... Со ваков начин и однос према граѓанинот кој е во очај и без работа ... кој краде споменици по гробишта и шахти од улица за да преживее ... незнам дали ке има некој кој ке го преживее денот а да не заслужи казна ...
Зошто само нема казна за лоши мисли ... тоа не ми е јасно ...
- kadija ... Cadi ... Cadí ... Qadi ... Кади ... Kadı ... Qadi ...
- Police state ... Policijska država ... Polizeistaat ... Estado policial ... État policier ...
1 comment:
Super zakon. Mnogu loso ja svakate demokratijata. Demokratija ne znaci da mu se kacis na glava na komsijata.
Post a Comment