Св. Јоаким Осоговски е манастирски комплекс во близина на Крива Паланка и е еден од многуте Манастирски комплекси во Македонија:
- Св. Пантелејмон, с. Горно Нерези, Скопје
- Св. Андреј, Матка
- Св. Никола Шишевски, Матка
- Св. Никита, с. Бањани, Скопска Црна Гора
- Св. Спас, Скопје
- Успение на Пресвета Богородица, Матка
- Св. Никола, с. Љубанци, Скопска Црна Гора
- Марков Манастир, Св. Димитрија, с. Маркова Сушица
- Св. Велкомаченик Георгиј, с. Старо Нагоричане, Кумановско
- Св. Софија, Охрид
- Плаошник, Охрид
- Св. Јован Богослов-Канео, Охрид
- Пресвета Богородица-Перивлептос, Охрид
- Св. Наум, Охридско
- Бигорски манастир Св. Јован Крстител
- Воведение на Пресвета Богородица „Пречиста“, Кичевско
- Свети Ѓорѓи Победоносец, село Рајчица (Дебар)
- Св. Георгиј, с. Курбиново, Преспа
- Св. Никола, Варош, Прилеп
- Св. Архангел Михаил, Варош, Прилеп
- Св. Преображение, с. Зрзе, Прилепско
- Св. Јован Крстител, с. Слепче, Демир-Хисарско
- Св. Атанасиј, с. Журче, Демир-Хисар
- Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, Прилепско
- Рождество на Пресвета Богородица, с. Сливница, Преспа
- Полошки манастир Св. Георгиј, Кавадаречко
- Пресвета Богородица Елеуса, с. Вељуса
- Св. Леонтиј, с. Водоча
- Св. Архангел Михаил, Берово
- Св. Партениј Зографски, Стар Дојран
(сигурно пропуштив некој ...) кои спаѓаат во одлично уредените простори кои истовремено служат за црковни но и за туристички потреби ...
Секоја година во Манастирот Св.Јоаким Осоговски се одржуваат неколку веќе традиционални манифестации:
- Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“ - која се одржува секоја година од 5 до 20 септември, почнувајќи од 5 септември 1987 година.
- Летната школа на студентите на архитектура се одржува од 1992 година во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски.
- Летово, колонија организира и Здружението на копаничарите на Македонија.
- Годишно комплексот го посетуваат околу 200 илјади гости, од кои околу 30 илјади доаѓаат на 28 и 29 август на манстирскиот празник „Свети Јоаким Осоговски“.
Манастирот Св. Јоаким Осоговски е неодминлив во секоја туристичка понуда - каде имаме посета на македонските манастири ... Во склопот на манастирскиот комплекс е главниот конак кој се состои од приземје и два ката, и е потполно опремен за примање на посетители. Цената за Еднодневен престој изнесува 120 денари. Резервациите може да се обезбедат на тел. 375-063 и тоа директно со манастирската служба. Има и други простори - кои се на располагање на посетителите, трпезарија, опремена модерна кујна, веце со бањи и магацин. Како и во сите манастирски конаци и во овој домирира прекрасниот чардак со округли трпези. Во целиот конак вкупниот број на кревети изнесува 47. Исто и на долниот кат има веце и бања и прекрасен долен чардак. Овој манастир е еден од најпосетуваните во Македонија. Највеќе посетители се собираат за време на славата на манастирот а тоа е Голема Богородица на 28 Август секоја година.
Значајно за Манастирскиот комплекс е што тој нема ктитор - иницијатори за негова градба се локалните жители ... Самиот манастир е во прекрасен природен предел на надморска височина од 825 метри ... со пријатни летни температури ...
Во манастирскиот комплекс Јоаким Осоговски се наоѓа Црква посветена на Јоаким Осоговски и помала црква посветено на Света Богородица ... црквата ја изградил свештеникот Теофан и ја посветил на Јоаким Осоговски и тоа за време на византиската империја Михајло Комнен 1143-1180 год ... Манастирот е често рушен и стално возобновуван ...
Последната градба на црквата е со значение за Македонската архитектонска школа (отаму и причината за летните архитектонски школи ...) - ја градел познат македонски мајстор со својата тајфа - Андреја Дамјанов, градена од 1847-1851 година ...
Значајно е и тоа што во црквата своето ликовно дело го оставиле признатите македонски ликовни уметници а најпознат е секако Димитар Андонов Папрадишки ...
Во предели на Кривопаланечко - кон крајот на XI и почетокот на XII век живеел испосникот св. Јоаким Осоговски.
Од житието на преподобниот отец наш Јоаким Осоговски
Преподобниот Јоаким се подвизуваше во втората половина на XI век. Местото на неговиот подвиг е Сарандапор, на Осоговската Планина во близина на македонското гратче Крива Паланка. Затоа понекогаш е нарекуван и Сарандапорски. Тогаш во овие краишта се подвизувале и прочуените Јован Рилски, Прохор Пчински и Гаврил Лесновски.
Подолу ке дадам неколку прекрасни фотки од Манастирскиот комплекс ... Секоја од фотките носи линк кон серија на фотки или кон напис ...
- sv. Joakim Osogovski ... monastery of St Joakim Osogovski ...
No comments:
Post a Comment