Search This Blog

Thursday, May 17, 2007

ЧИФТЕ АМАМ & СИНТЕЗИС

Оваа сабота во 13 часот караванот на Синтезис повторно се враќа во Скопје и овојпат ке одржи промотивен концерт во Чифте Амам во Старата скоска чаршија ... За да не биде пак е каде се наоѓа Чифте Амам ... или првпат слушам дека има такво нешто ... се потрудив да направам Гоогле мапа на Старата скопска чаршија и да обележам што каде е со акцент на Чифте Амам ...

Гогле фотка на Чифте амам поширока - со бројки и патоказ (Medium).jpg

за поголема слика кликните на мапата

1. Чифте Амам

2. Сули Ан - Лиовна академија

3. Капан ан

4. Музеј на Македонија

5. Куршумли ан

6. Мустафа пашина џамија

7. Црква св.Спас

8. Кале - Јужната округлата кула

9. Домот на занаетчиите

10. Стоковна куќа Илинден

11. Даут пашин амам - Галерија

12. Стоковна куќа мост

13. Парк пред Капан Ан - место со неколку убави кафеани во амбиентални простори

14. Хотел Арка - луксузен хотел во просторот на Стара чаршија ...

15. Битпазар - покриениот најголем и најефтин зелен пазар во Скопје

16. Театар на народностите

17. Алаџа џамија

18. Парк пред службениот влез на МОБ т.е. бистрото ...

19. Простор оставен за зградата на Филхармонија - која каотреба оваа година да почне да се гради - конечно ...

- Има два објекта кои се во Старата Чаршија а за кои не сум доделил бројче а тоа се Безистенот - кој е веднаш малку лево од од Чифте Амамот и

- Старата Мурат-пашина џамија која е во центар на Чаршијата веданш на чошот до Сули Ан ... Џамија која е карактеристична по фонтаната во дворот и малата фонтана на која сите пиеме вода кога поминуваме во чаршија ...

Како што гледате од фотката на едно место е собрана скоро сета стара ахитектура која е поврзана со муслиманскиот перид во Скопје од времето на доаѓање на Турците во нашиве краеви ... Сите овие културно историски и верски објекти се возобновени и светкаат одвнатре и однадвор ... Единствено што фали се домашните посетители ... се осеќаат небезбедни во чаршијата ... Ова имателите на вистинското владение со чаршијата мора под хтно да го сменат за доброто на сите скопјани ... Чаршијата е неодминлив дел на културното наследство на сите скопјани и мора да најдеме начин како повторно да шетаме по тесните и симпатични улички низ старата чаршија ... Странците ни се чудат за слабата посетеност на чаршијата ...

За секој објект од Чаршијата вреди да се пише посебен пост ... Википедија на Македонски донекаде ја пополбува жедта за информации за чаршијата и објектите во неа ...

Па така за Чифте Амам во Мк википедија ке прочитаме:

Слика:Chifte amam.jpg

Чифте-амамот е амам (јавна бања) во старата скопска чаршија, Скопје. Подигнат е во средината на XV век од страна на Иса бег и завештан за потребите на издржување на неговите задолжбини во Скопје, медресата и теќето.

Припаѓа на типот на двојни амами (турски: çift - парен, двоен), но е изграден по должина, така што машкиот и женскиот дел се составуваат со просториите за бањање, додека гардеробите се наоѓаат на краевите.

Во двата дела ритуалот на капење бил идентичен. Од гардеробата се влегувало во просторијата за аклиматизација. Од неа се влегувало во помошните простории (во женскиот оддел депилација и тоалет, а во машкиот – берберница и тоалет) и во главната просторија за капење. На средината на оваа просторија имало постамент од камен на кој се лежело за препотување или масажа. Ова место во женскиот дел се викало „роза на амамот“. Околу имало три простории со повискока температура, т.н. халвети. Покрај ѕидовите на главната просторија и во халветите, имало поплочени седишта и мермерни корита (курна), од кои се црпелаа водата за капење. Еден од халветите во женскиот дел на амамот бил адаптиран за ритуално капење на скопските евреи и во него наместо мермерно корито имало базен.

По дефиниција веќе нашиот познат блог-археолог Арвена/Солза пиша и за Чите амам - Сте биле ли некогаш во амам - a во чифт или во тек? ...

Влезот на Чифте амам

Арвена ни приреди и убаво слајд шоу со фотки од Чифте амамот и можете да го изгледате тука ...

Со оние кои милуваат да одат на приватни концерти на Синтезис - кои се и бесплатни во случајов ке се видиме во сабота во 13 часот во Чифте Амам - или пред Чифте Амам (незнам точно каде ке се одржи концертот) ... Оние кои повеќе ја милуваат својата тастатура ке ги известиме со друг пост како помина концертот ...

- Sintezis ...

- Cifte amam ... masaza ... kapenje ...
- Stara čaršija - Skopje ... Old Bazaar - Skopje ... Destan ... Suli an ... Kapan an ... Mustafa Pasina Dzamija ... Crkva Sveti Spas ... Kale ... Daut Pasin Amam ... Aladza Dzamija ... Murat Pasina Dzamija ... Bezisten ...

- Skopje ... Shkupi ... Scupi ... Skop'e - Скопье ... Skópia - Σκόπια -Σκόπια ... Skopie ... Скопие ... Skopiye ... סקופיה ... Скопље ... Üsküp ... اسکوپیه ...

5 comments:

Anonymous said...

Ти ја направи мапава? Ашколсун! :)

Photo Volan said...

Понекојпат и сам се чудам ... :)
Ако е комплимет фала Петре ...

Поздрав за тебе.

Anonymous said...

пошто не бев у градов не сум у тек со ствариве. да не го знаеш датумот коа ќе бидат на матка...или и тоа помина...

Photo Volan said...

- Оваа Сабота 26.Мај Синтезис ке биде во Исар (Градско кале) - Штип
- Следната Сабота 02.Јуни ке биде во Хераклеа - Битола
- Потоа на 9 Јуни ке биде во Матка - Скопје

А наредните саботи следат концерти во
- с. Витолиште, Мариово - Прилеп 16.Јуни
- за да завршат во Стоби на 23.Јуни

Следи ги моите блогови и ке дознаеш

Поздрав

Anonymous said...

Фала

Blog Archive

Site Meter