Search This Blog

Monday, May 07, 2007

АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)

Морам да признам дека и самиот до оваа година го немав посетено Аквадуктот. Но затоа оваа година го посетив досега четири пати ... На двапати направив две серии на фотографии - ги имам преку 300 - следниот пат не ми бега клип ... Причините треба да се бараат во приказната дека аквадуктот е во оквир на касарната и е ограден ... немање на пристапен пат ... немање на никакво одбележување - каде се наоѓа локалитетот ...

Се сеќавам на еден прекрасен спот со “Леб и сол“ - под сводовите на Аквадуктот ... Не се сеќавам за кој песна беше ...

Во овој пост нема да навлегувам во датирањет на локалитетот - за тоа има стручњаци и е тема за научна и стручна расправа ... Во постов ке зборувам низ окото на мојот фото апарат ... за вековната негрижа на скопските авторитети - кои земаат плата од сите нас кои плаќаме данок ... а на прашањето на скопскиот Авадукт паднаа на испитот ...

Најпрвин со дислокацијата на трасата на улица Словенечка и нејзината спора градба ...

Словенечка од неразбирливи причини за мене е дислоцирана и сега од трасата на Словенечка не се гледа Аквадуктот - ке мора да се прави пристапен пат ...

Моите размислувања како треба да се реши Аквадуктот - како да се промовира ги дадов во постот - Аквадукт & Синтезис ... Проект за заживување на локалитетот ...

Во овој пост ке се задржам за моменталната состојба на Аквадуктот кој гордо со векови стои и пркоси на забот на времето ...

Во свој пост нашиот познат интернет - блог археолог пиша:

Мочуриштето не е некој голем проблем, бидејќи се создава само по дожд и се повлекува по два-три дена. Со вработените во касарната неколкупати правевме одводен канал за водата, но цевките секогаш се затнуваат со гранки и кал. Годинава ќе правиме сондажни истражувања на објектот и притоа ќе се обидеме да го средиме и мочуриштето - вели Антониев.

Линк до написот во Дневник

Не би се сложила комплетно со оваа изјава ако на лице место не видев дека се загрозени неколку столба кои се полни со вода и со голем процент на влажност, па огромна е можноста од нивно трајно оштетување и рушење.

Во документирање на овој проблем ке ви дадам подолу неколку фотки од мојата колекција ... Под секоја фотка ке дадам мал коментар.

Аквадукт бара 1.jpg
Фотката е правена од работ на Серава - се гледа првиот столб кој е поправан - реизграден после земјотресот ... после третиот столб стои баричката - која ја има стално ... со децении ... потврда за тоа е присуството на жабите кои тука си прават своја филхармониска престава ... Жабите биле инспирација еден војник да се крсти себеси “жабац“ и така да се потпише на еден од сводовите ... види долната слика ..
Аквадукт - жабац.jpg

Ова сведоштво на “жабац“ може да се датира некаде во шеесетите години од минатиот век - има испишан датум под неговиот потпис 1965 година ...

Аквадукт бара 2 одблизу).jpg

На фотката се гледа дека барата ги има сите карактеристики на бара - има растенија кои растат само во бари - а и птицата свила гнездо во дрвото позади - веројатно е некоја барска ... Штета што не направив клип за да ја слушнете синфонијата на жабите ...

Аквадукт бара 3 подкопан столб.jpg

На горната фотка се гледа дека забот на времето, барата и негрижата на надлежните го правот своето ... Столбот е бајаги подкопан ...

Аквадукт бара 4 уште еден подкопан столб од барата.jpg

Ова е уште еден подкопан столб од другата страна на барата ... овој е подкопан од двете страни ... ерозијата оди од земјата нагоре по принципот дека - водата микроскопски се качува нагоре ... се сеќавате учевме на часовите по хемија во петто оделение ...

Аквадукт бара 5 барата целосно од другата страна со поглед према серава.jpg

На оваа фотка убаво се гледа колкава е барата (четири свода) ... и колку е далеку од Серава ... Има мал објект на Серава - зидче кое ја одбележува каде е Серава ... Повторувам Серава е далеку не повеќе од 50 метри од почетокот на барата ... Толкав треба да биде и каналот со дренажа - но не како до сега што правеле - примитивен канал на површина кој по одредено време се пополнува со шут и земја .. мора да се направи дранажа на ниво под површина на земјата од најмалку метар и да се одведе до блиската Серава подземно ... Тоа нема да бвиде инвестиција повеќе од 1000 евра а ке значи трајно решавање на проблемот ... Надлежните ако немаат пари нека менаџираат донација ... Секој ке даде пари за ова - кога МК ги нема ... а и ЕУ фондовите плачат за ова ...

Аквадукт бара 6 поседица навалување.jpg

Ако се заглегдате подобро на оваа фотка ... вниманието на вашето око да го префрлите од нашиов познат блогер, на Аквадуктот - ке забележите дека Аквадуктот сериозно се има навалено во правец на барата и во контра правец (столбовите се навалени во двата правца) ... (од петиот столб натака...)

Аквадукт бара 7 напукнат столб.jpg

Еве и еден доста напукнат столб ...

Аквадукт бара 8 серава.jpg

Ова е зидчето на кое седевме додека го гледавме концертот ... Убаво се гледа прекрасното уредување на Серава - која на најниската кота е метар и половина од површината на земјата ... Значи треба само добар дренажен канал од барата до Серава ...

Се надевам дека не ве удавив со ова фото досие - наречено од мене (Фото досие “Бара“...). Се надевам дека фото досиево е доволно илустративно да го појасни проблемот и воедно да предложи негово решавање ...

Ке следат уште неколку постови за Аквадуктот ... од кои во едниот ке се позанимавам со одредување на точна локација на Аквадуктот со помош на Гогле снимки ... а во друг пост ке се позанимавам со написите - подписите кои ги оставале војниците во минатото а кои сведочат за една своевидна историја на објектот ... една фотка веќе прикажав и тука “жабац“ ...

Препорачани линкви во врска со аквадуктот:

- Аквадукт кај Скопје
- Аквадукт
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Бутел ќе го спасува аквадуктот
- Мочуриште го голта римскиот аквадукт
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт
- СИНТЕЗИС - афирмативни концерти
- Аквадукт & Синтезис
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
- Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
- П Р О Г Р А М А
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА ОД УПОТРЕБАТА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2000 ГОДИНА

Видете само што најдов на горниот линк ... уште на 28.12.1999 година градот скопје носи програма со која се одвојуваат пари за изградба на пристапен пат до Аквадуктот во износ од 2.000.000 денари тогашни цирка 65.000 марки германски или сегашни 33.000 евра ... Точка 3.13 од програмата на градот подпишана од председавачот на советот на град скопје Јове Кекеновски бр.09-2732/1 од 28.12.1999 година ...

Каде отидоа парите - пристапен пат нема а тоа било 8 проценти од буџетот на градот ...

http://bloger.com.mk/uploads/m/milozvu4na/2848.jpg

Еве и од вселената се гледа барата покрај аквадуктот - местото кое е најзелено ... само нашите авторитети тоа не го гледаат ... Можеби треба да им платиме карта за лет во вселената за да го видат Аквадуктот и барата покрај него :)

1 comment:

Anonymous said...

Е пријателе, јас го памтам аквадуктот уште пред некои 20 години кога како копиљ од Чаир со другарчињата знаевме да им шмугнеме на војниците и да уживаме крај аквадуктот (како и текновите и хеликоптерите кои беа во негова близина).

Жално е што е во ваква состојба, зошто го немаме тој луксуз на вавкви локалитети за кон нив да се однесуваме на ваков начин.

Blog Archive

Site Meter