Инспириран од постот на Мечето - НАВРАЌАЊЕ НА ТЕМАТА КОНФЕРЕНЦИЈA ... пуштив еден подолг коментар, кој еве и тука го пренесувам како пост ...
Го читав и твојот прв пост кој доста се разликува од овој по дискурсот на пишаното ...
“Баци“ во еден разговор со другарите го слушнал за првпат зборот “ебење“ и веднаш препознал за што се работи и рекол на другарите ... “абе јас секој ден ја онадувам жената - често и комшиката и сестрата на жената ... ама незнаев дека тоа се викало “ебење“ ... фала Ви многу што ми кажавте инаку ке умрев неписмен ...“
Така и овие луѓе што ке не соберат во “разладена сала“ и ке ни дадт по едно сокче и кафе или вода ... (можда ке не натераат и да си го платиме ) ... решиле да не соберат по третпат и да ни кажат што е тоа “блог ебавање“ и како се прави де ...
Не дека ние не знаеме што е “блог ебавање (тинкање/какање - што би рекол Букаро)“ ... туку онака да помине редот ... а со некои луѓе и со физички поглед и насмевка да размениш - можеби дури и пцовка - па балканци сме де ...
Оние пофизичките “тупаници“ и “легнување во кревет“ ... се зависни од личната интимна воља на секој поединец и угодувањето ... Можно е по средбата и тоа да се случи ... којзнае и кој може да предпостави ...
Значи за разлика од првиот пост каде искажуваш страв дека некаква “конференција“ - што по мене е лошо избрано име за една средба на блогери - ке ја огранчи слободата на блогирањето ... или некаква појава на елитизам во блогирањето ... или дека со ова само некој си прави бизнис зделка ... или незнам што ... па употреби одредени квалификации кои се засновуваат само на предпоставени факти ... (инспириран од твојот прв пост јас пишав свој - иако нели директно не те именував)
Во овој пост си малку поконкретен и помек би рекол и на твој елоквентен начин ни ја кажуваш твојата причина зошто не би сакал да има вакви средби ... Тука ни раскажуваш како ти го гледаш и разбираш “блог ебавањето“ ... Со ова ти несвесно или свесно даваш допринос на тезите и дискусите кои треба само да се сублимираат на самата средба ... Некој да проба да направи пресек до каде сме ... во кој правец оди нашето блогирање (блог ебавање де ... и баци да не разбере ...)
Вакви постови како овој (на мечето ...и на другите Линк 1 и 2 кои се против вакви средби - некого веројатно пропуштиб ...) се неопходно потребни за да се видат лични размислувања за “Блог-ебавањето“ ... кој како го доживува и сваќа де ...
Искрајно не само што ти се дивам на твоите раскази кои имаат идеја и лесно ја следат твојата мисла со прекрасни описни дејствија ... туку по малку ти завидувам на овој твој талент ... кој не само што е дел од твојата дарба и наобразба ... туку е вероватно трениран и во ова “блог-ебавање“ ... бидејки добиваш фидбек во форма на коментар или број на читања на некој текест ... па другпат си велиш е штом ова им се допаѓа значи подобро е такви текстови да пишувам ... Често знаеш и идеја за текст да побараш и потоа да ја оствариш - експеримент кој успешно го направи ...
На средбите инаку никој не си го кажува името ... Никот е тој кој се разменува ... Добро по едни вакви средби се губи дел од интимата ... Некои Блогери потоа ги гледаш со друго светло ... На последната средба јас се преставив и реков “..јас сум “волан“ и сум алкохолик - блогер де ...“
Би ми било криво да не те запознам ... иако читајки те, те визуализирам ... не во смисла како изгледаш туку како размислуваш ... Делам голем дел од твоите размисли ... како што и со многу твои мисли и ставови што не се сложувам ...
Каде би водело сите исто да мислиме ...
Се извинувам на дамите кои ке го читаат постот за употребата на зборот “ебење и ебавање“ без неопходните звездички ... ако тоа им посмета де ...- blog ... konferencija ... ebavanje ... kakanje ...
No comments:
Post a Comment