Search This Blog

Tuesday, May 29, 2007

ПСИХОПАТ - ПОЛИЦАЕЦ

Психопат е човек кој нема емотивна контрола во себе ...е лабилна личност ... импулсивна ... егоцентричен ... неуротичен ... нестабилна личност ... со чудно невообичаено однесување ... човек што лошо расудува ... депресивен ... несигурен ... малодушен ... фанатик ... безосеќаен ... непредвидлив ... агресивен ... со лабилно расположение ... нестрплив ... пореметена личност ...

Од друга страна Псхопатот е: многу интелегентен ... дури луциден ...

Веројатно професионален Психолог - би дал подобра дефиниција за тоа што е психопат ... Но мене тука ми е цел да поставам јавно прашање: Може ли психопат да биде Полицаец ... Веројатно сите ке се сложиме дека Психопат не би требало никојпат да може да стане полицаец ...

Но кај нас изгледа дека еден Психопат се прокраднал низ докторските сита и психолошките тестови и посматрања, низ кои би требало да поминуваат сите Полицајци ... Имено деновиве слушнавме за ужасната трагедија каде Полицаец уби своја колешка Полицајка ... Трагедијата не семејството на Полицајката е веројатно голема и нема да спомнувам имиња ...

Ми западна за око денешната изјава во Утрински - каде бранителот на Полицаецот (адвокат Никола Кртев од Неготино) кој е осомнечен за убиство ја спрема одбраната со посочувањето на можноста Полицаецот да бил непресметлив во моментот на убиството - “убиството е извршено во момент на психичко растројство“ ... Имено тој во домот на Полицаецот (осомничен за убиство) нашол неколку лекарски упати за психијатриско лекување ...

Може ли човек кој има упат за психијатриско лекување (не еден повеќе биле ..) да биде полицаец и да носи пиштол ... Целава случка треба детално да се испита и да се види во кој момент затаила процедурата ... кој затаил ... Ако Полицаец има лекарски упат за психијатриско лекување - аутоматски требало да следи негово времено суспендирање ... Кој затаил ... лекарот кој веројатно морал службено да го информира надлежниот орган ... или надлежниот орган кој не го приметил предупредувањето од лекарот ...

** A person with an antisocial personality disorder, manifested in aggressive, perverted, criminal, or amoral behavior without empathy or remorse.
** psychopath - someone with a sociopathic personality; a person with an antisocial personality disorder (`psychopath' was once widely used but has now been superseded by `sociopath')
** A person with an antisocial personality disorder, especially one manifested in perverted, criminal, or amoral behavior.
** Psychopathy (pronounced /ˈsaɪkoʊˌpæθi/ in General American) is a term derived from the Greek psyche (soul) and pathos (suffering), and was once used to denote any form of mental illness. These days, psychopathy is defined in psychiatry as a condition characterised by lack of empathy or conscience, poor impulse control and manipulative behaviors. Though in widespread use as a psychiatric term, psychopathy has no precise equivalent[1] in either the DSM-IV-TR, where it is most strongly correlated with antisocial personality disorder, or the ICD-10, where it is correlated with dissocial personality disorder.
** Personality disorder characterized by chronic antisocial behaviour (violating the rights of others, often violently) and an absence of feelings of guilt about the behaviour.

- Psihopat ... Psychopath ... Psychopathy ... Psychopathie ... Psicopatía ... Психопатия ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter