Дали е некој медиум навистина слободен т.е. независен - зависи од:
- Дали има финасискиска самостојност (највеќе...);
- Дали медиумите имаат политичка слобода (им дише ли некој у врат);
- Дали некој се меша во уредувачката политика - државата или сопственикот;
- Дали над уредникот - новинарите ... се вршат одредени притисоци, закани и уцени;
- Колкава е подкупливоста на медиумот - уредникот - новинарот;
- Има ли цензура на медиумите;
- Каква е структурата на сопственоста (државна, приватна, партиска ...);
- Се има ли транспарентност на сопственичката структура на медиумот;
- Каква е правната поставеност на слобоата на медиумите во определена држава;
- Се има или не слободен пристап до информациите;
Навистина што би рекол нашиот Премиер од авион се гледа дали некој медиум е зависен или независен ... И обичен македонски смртник ке ви каже кој медиум на која опција му припаѓа ... Македонскиот консумент на ангажиран политички медиум се понесува како - секоја просечна жена - према онаа песната “... лажи лажи лажи ме - ти ме лажеш најбоље ...“ Иако е свесен дека медиумот што го чита - консумира не ја дава целата слика за настанот или појавата - тој упорно сака да биде залажуван од својот медиум ...
Во наши услови нема некаво “тело“ - организација - кое оценува дали некој медиум е слободен или не е ... Но во светски размери има многу оргаизации и фондации кои се занимаваат со оценката на слободата на медиумите ... Меѓу најпознатите секако спаѓа и FREEDOM HOUSE ...
Freedom House, a non-profit, nonpartisan organization, is a clear voice for democracy and freedom around the world. Through a vast array of international programs and publications, Freedom House is working to advance the remarkable worldwide expansion of political and economic freedom. [More] ... Founded in 1941 by Eleanor Roosevelt, Wendell Willkie, and other Americans concerned with the mounting threats to peace and democracy ...
Во најновиот извештај за слободата на медиумите ... Македонија е оценета дека има делумна слобода на медиумите ... Во јаноари 2006 година парламентот донесе закон за слободен пристап до информациите ... но се забележува за случајот со кумановскиот новинар Зоран Божиновски кој по осудата за еден напис одлежа неколку дена во затвор ...од пресудените три месеца ... Системот на правната поставеност на медиумите главно ги содржи основните права за заштита на слободата на медиумите и изразувањето, а владините претставници генерално ги почитуваат овие права.
Не не е заборавен случајот со осудување на албанската новинарка Rajmonda Malecka - која беше осудена на 5 години затвор ... Случајот со Ида Протуѓер - осудена за прилог во ТВ медиум ... Недоволно доброто решение за авторските права и копирајт ... како и делумно протерување на одреден вид на музика од некои радио и тв станици ...
Се забележува дека голем број државни и приватни медиуми во Македонија имаат блиски односи со политичари и со бизнисмени, кои ги пласираат своите интереси преку нив, а државните медиуми имаат тенденција да ги поддржуваат владините позиции.
Најголем огласувач во МК медиуми е државата - преку што индиректно се контролираат медиумите ...
Македонија годинава е рангирана на 98. место, со Босна и Херцеговина, од вкупно 195 земји, кои се оценуваат според правната, политичката и економската рамка.
А во листата на земјите од CENTRAL AND EASTERN EUROPE/FORMER SOVIET UNION .... Македонија го завзема 14 место, заедно со Босна ... Пред нас се Словенија 6 место, Бугарија 9 место; Хрватска и Црна гора 9 место; Србија 12 место; Само Албанија е нешто позади нас 16 место
Во извештајот пишува дека и покрај многуте тужби за навреда и за клевета, македонските новинари од 2001 година, релативно не се изложени на психолошки притисоци. Македонскиот медиумски простор е премногу густ за бројот на популацијата во државата ... Македонија има пет приватни национални телевизии, 50 локални телевизии, 160 радиостаници и речиси 20 весници. ... Преовладуваат извештаи во кои се шпекулира и во кои се цитираат анонимни извори. ... Нема целосно државно контролирани печатени медиуми, но приватните весници се главно концентрирани во германската групација ВАЦ, која ги поседува трите главни дневни весници ...
Се забележува на слабата интернет пенетрација - под 20 проценти ... за што се посочува на високата цена на интернет пристапот ...
Интересен е историскиот приказ на движењето на слободата на медиумите кој е даден тука ... и тука ...
Методологијата на испитувањетона слободата на медиумите е дадена тука ...
Оценката на слободета на медиумите се врши на база на проценката на:
- Legal Environment: 0–30 points
- Political Environment: 0–40 points
- Economic Environment: 0–30 points
- Status: Free (0–30)/Partly Free (31–60)/Not Free (61–100)
- Total Score: 0–100 points
Према горната методологија Македонија е оценета:
- Status: Partly Free
- Legal Environment: 11
- Political Environment: 18
- Economic Environment: 16
- Total Score: 45
No comments:
Post a Comment