Зимата на својот живот човекот ако воопшто ја преживее младоста (пролетта ...) и работо-способноста (летото и есента ...) - ја дочекува како пензионер ...
Скоро сите луѓе што ги знам различно го доживуваат пензионирањето ... Некои се осеќаат отфрлени и непотребни и често се случува во првите години по пензионирањето да се разболат и да не дочекаат повеќе годишен пензиски стаж ... Но има и такви пензионери - кои својата енергија во пензионерските денови ја трошат во корисни цели за семејството - па и за државата ... помагаат во секојдневните домашни обврски и завршуваат одредени истражувања за кои немале доволно време во текот на работниот век ... Пензионерите се и најголемите туристи ... Има и такви кои се активни и во општествено-политичкиот живот и во активностите на партиите ... Настрана што пензионерите се највредните гласачи во сите држави и најлојални граѓани ...
Пензионер е човек кој по одредено време поминато на работа или по навршување на одреден број на години - предвидени со закон ... се стекнува со право да остварува одреден износ на пензија ... Историски гледано примањето на пензија не е со многу долг историски период ... Пензиите се воведени пред стотина години ... најпрвин во Германија - во почетокот постоеле само државни пензиски фондови - сега повеќето се приватни ... Со пензии се стекнуваат и луѓе кои во текот на работоспособноста ке ја изгубат истата поради болест или повреда на работа ...
Сите ние дома имаме пензионери ... ако немаме дома имаме во блиското сосесдство или кај блиските роднини и пријатели ... Се среќаваме со нив и размануваме по некој збор - понекојпат им помагаме да качат некоја потешка кеса во лифтот ... Но ретко се прашуваме како економски ги совладуваат проблемите со нивото на нивните пензии ... Светски процес е инаку продолжување на животниот век на луѓето ...
Читам деновиве бројката на пензионери во Македонија е 270.000 пензионери ... Споредено со вработените кои се некаде околу 550.000 и невработените кои се околу 340.000 до 350.000 ...
Значи на дваица вработени имаме еден пензионер а бројката на пензионери и невработени е тука некаде ... Ако ги собереме пензионерите и вработените и споредиме со вкупниот број на населението ке видиме дека на секој кој прима некава плата или пензија имаме 1.3 лица кои се без работа или се работо-неспособни ...
Читам понатака дека нивото на пензиите кај нас е загрижувачко - 121.000 пензионери примаат помалку од 6.000 денари ... Се прашува ли некој што може да се направи кај нас со 6.000 денари ... Колкава економска моќе е тоа - во услови на стален пораст на сите цени ... Просечната пензија во земјава на крајот од минатата година изнесувала околу 7.600 денари.
Во еден друг пост кажав дека Македонецот за да преживее во МК - треба месечно да потроши околу 30.000 денари (за четирчлено семејство) ... Сега ако сметаме дека пензионерите живеат сами тоа се значи скоро 15.000 денари (за дваица пензионери ...) Значи за да преживеат пензионерите мора да има здружени две просечни пензии ... Одтука да не не чудат зачестените примери кога пензионери бараат друштво на уште еден пензионер кога ке им почине нивниот партнер ... Осем за неопходното дружење пензионерите вака здружено ги делат трошковите и само така можат да излезат на крај со своите пензии и тоа под услов ако не се нешто могу болни - па за лекови одат големи износи ... Знаеме сите дека лекови нема по аптеките и мораат пензионерите да ги купуваат ...
Како ли само крпат пензионерите кои примаат пензија од само 4.000 денари ... 22.000 лица се со пензија под 4.000 денари, а 94.000 лица имаат пензија од 6.000 до 10.000 денари.
Ако на сето оваа ситуација го додадеме фактот на големата безработица во МК - каде многу семејства живеејат само од пензиите на своите родители и дедовци - ситуацијата ке видиме дека воопшто не е розова ...
Води ли некој есап - грижа ... дали пензионерот може да преживее од својата пензија ... Пензионерот е сепак лојален граѓанин кој цели 40 па дури и 45 години работел вредно и плаќал секакви даноци и доприноси во државните фондови и не е фер према нив зимата на својот живот да ја поминуваат во страв дали со својата пензија ке имаат доволно за храна и комунални трошоци ... секако и минимум лекарства ... За бомбончиња за внуците и да не зборуваме ... тоа веројатно можат да го дозвболат само околу 1000 пензионери кои се со пензија над 25.000 денари ...
- Penzija ... Pension ... Pension (Altersversorgung) ... Pensión ... Fonds de pension ... Emerytura ... Пенсия ...
- penzioner ... penzionirawe ... Retirement ... Ruhestand ... Jubilación ... Retraite (sociale) ...
No comments:
Post a Comment