Search This Blog

Saturday, May 05, 2007

Аквадукт & Синтезис

Синтезис реши да промовира осум подзаборавени архео-локалитети во Македонија.

Сликата “http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Files/sintezis4.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Денеска Господ ни подари убаво време за концерт ... Навистина имаше премалку луѓе за вакви две атрактивни понуди ... Од една страна еден од најреномираните македонски етно бендови “Синтезис“ и од друга страна еден од најзначајните археолошки локалитети на Македонија “Римскиот аквадукт - Скопје“ ... Некои научни кругови сметаат дека датирањето на градбата на аквадуктот е турски период ... но за тоа има стручни луѓе ...

Аквадуктот е прекрасен готов археолошки локалитет - културен продукт кој нема адекватно место во туристичката понуда на Скопје поради вековната негрижа на Скопје за Аквадуктот ... Имено Авадуктот последен пат бил третиран по Скопскиот земјотрес ‘63-та - кога се поправени три свода и два столба кои паднале од земјотресот (местото каде сега се одржа концертот на Синтезис) ...

Градските и државните татковци го имаат заборавено овој вреден архео-локалитет ... Имено се ветуваше дека со изградбата на улицата Словенечка ... Аквадуктот ке биде на дланка на скопјани ... Словенечка требаше да поминува непосредно покрај Аквадуктот ... Но за жал по шест годишната одисеја на булевар Словенечка ... и трипати изместување на трасата ... Аквадуктот и сега не се гледа од оваа траса на Словенечка ... Ке мора да се направи нов пристапен пат до локалитетот ... Ке аплодирам покасно снимка од Google Earth - за да покажам колку блису а сепак далеку е сеуште аквадуктот ...

Верувам дека и 90 проценти од Археолозите и Историчарите на Македонија не знаат како да дојдат до Аквадуктот - а го посетиле последен пат во студентските денови - на теренските вежби - под услов да не киднале од тој час ...

Самиот Аквадукт е на локација покрај касарната “Маршал Тито“ т.е. позади неа - према Качаник ... Од Патот за Приштина е едвај 150 метри ... дури на едно место и од самиот пат се гледа ... Сега ако сакате да појдете до Аквадуктот најдобро е да појдете по новата траса на Словенечка од Бутел-Чаир и кога ке дојдете до мовчето на Серава да свртите лево - по течението на Серава води едно “селско“ земјено патче, но сосема добро за нашите коли ... ке ве одведе до Аквадуктот.

Градскиот татко и локалната општина под хитно треба да направат Проект за заживување на локалитетот - кој би опфаќал неколку фази:
- Вадење на ситуација кој е сопственикот на имотот во близината на Аквадуктот ... Имотен лист за непосредната околина на Аквадуктот ...
- Проектно решавање на пристапниот пат до Аквадуктот ... Од Словенечка до Аквадуктот ...
- Под хитно поставување на табли со написи како да се дојде до Аквадуктот ... (тоа барем не кошта многу пари)
- Да се исчисти локалитетот од натрупаниот шут кој го има во изобилство околу локалитетот ...
- Најхитно да се направи дренажа на местот каде со децении се собира вода - веќе три столба се навалени и спремни за паѓање ... Од дренажата до Серава која е од порано одлично канализирана се неполни 70 метри ...
- Да се предвидат проектни содржини за заживување на локалитетот ... Озеленување на блиските површини и садење на садници високи и ниски ... Има можност за мал парк ...
- Во сето оваа целина да се доделат неколку локации за кафеани и кафиќи кои ке му дадат живот и душа на Аквадуктот ...
- Ако државата нема пари за сето ова нека направи меѓународен тендер и ке се најдат заинтересирани луѓе ... Капиталот брзо ке го препознае профитот од еден ваков локалитет ...
- Веројатно ке треба да се направи и некаква експропријација на приватните парцели наоколу ...
- Под хитно да се направи едно чешмиче со вода - зошто умревме за вода под толакв Аквадукт - на кого основна намена му е да носи квалитетна вода :)
- Од сето е најдобро што во околината на локалитетот нема ни една тврда градба - ни дива ни питома ...
- По можност од касарната да се преземе дел од територијата на касарната - во овој дел ...

И така ке дојде време кога целата касарна ке мора да се сели од ова место бидеји е очигледно, дека самата таа во целата површина е изградена на место кое со сигурност некогаш бил локалитет на старите скопјани ... Да подсетам во близина е Скупи - воздушно не повеќе од 250 метри ... во близината е Кале и трета точка е Аквадуктот ...

Никој не може да ме убеди дека во овој триаголник во пазувите на касарната не се крие вреден археолошки локалитет ... Запрашајте се само ... а каде водела водата на крајот на нејзината траса ? ... Морало да има населено место ... амам ... утврдување ... населено место ... Ллогично да се предпостави дека е можно една траса на аквадуктот да заминувала кон блиското Скупи ... а и Кале не е далеку ... Можно е од тука до Кале да имало подземен канал кој го снабдевал Кале со здрава, течна, питка вода ...

Подолу имате едно слајд шоу од денешното случување и еден краток видео клип - кликнете на сликите за да ги гледате ... и уживајте ... Ние уживавме на лице место ...

Sintezis i Akvadukt 1.jpgSintezis i Akvadukt 2.jpg

Препорачани линкови:
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство ... 5-мај-2007
- СИНТЕЗИС - афирмативни концерти
- Аквадукт кај Скопје
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот

No comments:

Blog Archive

Site Meter