Спектакуларните апсења продолжуваат ... По Цариниците ... Полицајците ... Лекарите ... Судиите ... Джавните службеници ... овојпат спектакуларно беше изведено апсењето на Професор од Педагошкиот факултет во Штип - кој е “фатен“ инфлагранте како зема пари (200 евра) од своја студентка ... која предходно неколкупати неуспеала да го положи испитот ...
Верувам дека нема човек во Македонија кој нема да се сложи со апсењето на професорот ... но верувам дека има само малкумина кои ке се сложат со вакви спектакуларни апсења заради мито од 20 до 200 евра - во присуство на камери и обавезни лисици ... Овојпат фалеше малку бруталност ... и маскирани специјалци ...
Дури ни човеков не верува во какво чудо е снајден - се смешка би се рекло од мука ...
Верувам дека Владата има преземено стриктна обврска пред ЕУ - да се справи со митото и корупцијата ... Премиерот долго време се жалеше дека никој не пријавува мито и корупција и затоа неможе да се апсат луѓето ... Се проба со бесплати телефони каде требаше да се пријавува мито и корупцијата ... Се виде дека тоа не е доволно за судски процес ... Полицијата се опреми со најсовремени средства за снимање - заради обезбедување на докази пред суд ... Полицајците шетаат во цивилки или трењерки - со камери во ракави (како на филм) ... Дури и Инспекторите се понашаат како нормални туристи кога контролираат фискализација во кафеана ...
Зборот ми е дека во бесконечност се повторува проблемот ... се открива идентитет на осумичените лица - пред да бидат осудени ... нема презуција на невиност ... Лечејки од опаката болест “мито и корупција“ ... се оди во друга крајност каде се кршат уставно загарантирани права ... Се плашам дека сите овие случаи на спектакуларни апсења ке бидат оспорени пред судот ... Со добри адвокати, обвинетите ке добијат завидни суми на пари заради ваквиот начин на спектакуларно апсење на ситната буранија ... би рекол некогашната средна класа во изумирање - која за да преживее заради малите плати - го надополува буџетот од мито и корупција ...
Не ги правдам митаџиите ... напротив ... Но голема е веројатноста некој да посегне по мито и корупција кога за платата што ја прима неможе да го истера месецот ... Детето дома не ти вели тато имаш ли? - туку тато дај ми ...
- mito ... поткуп ... potkup ... korupcija ... Корупция ... Corruption ... Corrupción ... Коррупция ...
2 comments:
Ако судовите почнат да ги отфрлаат доказите прибавени на ваков начин, тогаш полицијата ќе престане со флагрантното кршење на човековите права на ситните прекршители на законот, ако сака да има случај за на суд.
Жарко - дали тоа значи дека велиш (како и јас што велам) дека овие спектакли се кршење на некои човекови права и дека заради тоа овие докази ке бидат отфрлени од судот ... ?! - ке се сметаат за невалидни ...
Судот е нели “независен“ ... :)
Post a Comment