Search This Blog

Thursday, May 10, 2007

МК БЛОГ СРЕДБА/Конфереренција - трета

Осведочени борци за Блогерството во Македонија се нафатија да организираат трета блогерска средба, овојпат во форма на конференција ... Се разбира вон конкуренција се средбите на дружење помеѓу блогерите - кои ги има скоро секоја недела во различни состави ...

macedonian blog conference

Организаторите велат: .. не е замислена баш во буквална смисла како конференција туку повеќе како отворена дискусија и размена на ставови и искуства. Ја испланиравме за на 26 Мај (сабота) во културниот центар Точка.

Повеќе детали на страната на организаторите ;)

New media center

...

MK BLOG CONFERENCEСо цел да иницираме отворен дијалог помеѓу корисниците, истражувачите, креаторите и промотерите на овој нов бран, одлучивме да организираме настан каде ќе можат да се запознаат разни луѓе, да се разменат искуства, да се научи нешто ново и да се сподели уште некој линк.

Акцентот на овој еднодневен настан е ставен на предвидената отворена дискусија. Затоа се обидовме да ги формулираме темите доволно широко а воедно и доволно конкретно за да обезбедиме простор за насочена, конструктивна и квалитетна дискусија.

Сесија I
Алатки, сервиси, техники и трикови
- Блог платформи – употреба, прилагодување, оптимиэација
- Блог додатоци - инсталација, прилагодување, употреба
- Он-лајн сервиси - искуства, практики

Сесија II
Блогови и медиуми
- Блог содржини во традиционалните медиуми
- Крадење содржина – авторски права, локална практика
- блогери на прес конференции – блогери=новинари
- граѓанско новинарство
- блог-етика

Сесија III
Блогосфера - подем на мрежното општество
- поим, принципи на вмрежено општество
- промени во социјалниот контекст
- идентитет и социјалто поврзување во контекст на вмрежувањето
....

Веројатно до тогаш блогерите сами ке развијат дискусии по своите блогови ... има доволно време ... Незнам само дали ке биде просторот во Точка доволен со оглед на капацитетот 30 седења ... Со оглед на тоа дека на средбата ке бидат поканети и блогери од цела Македонја ... Но добро ако биде интересот поголем и ако се пријават повеќе блогери ... организаторите сигурно ке најдат начинда обезбедат поголема сала ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter