Менаџмент е сериозна научна дисциплина од економските науки ... Но кај нас дојде наплив на помодарки изрази од типот менаџер за ова ... менаџер за она ... Се некако како да почна со МЕНАЏИРАЊЕТО на кризата со косовските бегалци ... Тогаш тој термин засилено влезе во нашиот секојдневен речник ...
Се сеќавам под притисокот на терминот на менаџирање во парламентот имаше и вакви дискусии - ако Премиерот не знае да менаџира со државата ... да си даде оставка ...
Пред некој ден одам на еден состанок во зградата на комората - каде сега е и еден дел од АЕК и доле гледам портир ... пред него компјутер ... а пред него напис ... портирот кој сега е прекрстен во МЕНАЏЕР за незнам што не запаметив ...
Читам пред некој ден во написот на Дневник - ПОМОДАРСТВО ИЛИ ПОТРЕБА ... И портирите се крстија менаџери ... и се сетив за портирот менаџер во зградата на комората ...
- „Офис менаџер“ наместо секретарка,
- „менаџер за прием“ за рецепционер,
- „менаџери за продажба“ станаа довчерашните продавачи,
- „менаџер за наплата“ е лицето што треба да собере пари по секоја цена,
- „фронт офис менаџер“ е новото име на банкарските службеници на шалтер.
Се смени ли описот на работното место - или пошто сега сме дел од капиталистичкото општество ... па дај сега да дадеме и нови називи ... Веројатно сега ке се јават и оние кои се заложуваат за чистотата на Македонскиот јазик и ке измислат македонски термин ... од типот на новите термини како што прават хрватските научни работници - задолжени за чистотата на хрватскиот јазик ...
1 comment:
ПОМОДАРСТВО ИЛИ ПОТРЕБА
И портирите се крстија менаџери
Дневник- понеделник, 02 април 2007
** Тоа не е помодарство, туку тренд во работењето на компаниите, кои ги менуваат критериумите што треба да ги исполнат вработените, велат бизнисмените
** Иако позицијата менаџер значи атрактивен пакет со висока плата и со разни други бенефиции, во земјава поминува со ниска плата и без никакви привилегии.
** Се пријавив на оглас на кој се бараше „офис менаџер“. Знам дека исполнувам квалификации за ова место бидејќи имам високо образование и познавање на англиски јазик и на компјутер. На интервјуто сфатив дека бараат техничка секретарка, која ќе вари и кафе. Ми кажаа дека ќе добијам плата од 8.000 денари и договор за работа по три месеци
** Странските зборови мора и да се приспособуваат кон нашиот јазик. Ако зборот не може да се преведе на македонски, во што се сомневам, мора да се адаптира. Но кај нас не се прави ни едното ни другото. Затоа по примерот на другите држави мора да постои комисија што ќе го контролира влезот на странската лексика - предлага Снежана Веновска-Антевска од Институтот за македонски јазик.
Post a Comment