Search This Blog

Thursday, April 12, 2007

ТАСТАТУРА

Утрово гледам дека е убав пролетен ден ... Ги повикувам сите барем половина час да поуживаат во утринското сонце ... Ако ништо друго барем почесто нека ја посетуваат терасата ... Кој не ја суредил терасата деновиве е идеално време за тоа ... Кој може нека тркне до Водно - деновиве е прекрасно таму ... или до најблискиот парк. Сега слушам на радио температурата денеска ке биде до 24 степени ... Најубавата температура - кога сонцето те милува по образите а наоколу е мирисот на зеленото што блика од земјата и дрвата ... помешано со мирисот на росата која останала од утрото ... Облаците го шараат небото во прекрасна сина боја во милион нијанси ... Патуваш заедно со облаците ... Би сакал да живеам во земја каде температурата е најчесто околу овие магични 24 степени ... велат имало и такви места на земјината топка ...

Вообичаено кога станувам осем ритуалот во тоалетот патот ме води прво накај шпоретот - си ставам кафе ... Го отварам во меѓувреме фрижидерот (Фрижидерот и ритуалите околу него заслужуваат посебен пост - но овојпат ми се виде бајаги празен ...) - онака колку да го отворам ... Често ми се случува да го отворам фрижидерот а да не земам ништо ... Подпечувам лепче во тостер - ставам на него малку маргарин - кашкавал, сирење или што има во фрижиферот ... Додека да се довари кафето малку средувам по кујната ... Децата работеле ноќта - сендвичи и слично и на работната маса во кујната е купче ... само уфрлам во умивалникот де ... ке премијам нешто на брзина ... Кафето го ослушувам по звукот кога ке биде при крај со варењето ... Ако има време одам на тераса да фрлам поглед како е надвор ... Надвор веќе теткиците од блиската населба веќе се распослале .... Некоја продава салата ... некоја цвеќе ... некоја морков и по некој компир ... Но сите нешто живо разговараат и се подсмеваат ... веројатно оговараат како ни се несредени терасите ... или загледуваат која жена како го пружила вешот ... Го слушам кафето се доварило - сипувам, го мијам џезвето додека не се скоравило од кафето и со сендвичот заедно правец пред компјутерот - на утринска проверка што има ново денеска по интернетот ... поштата ... блогосферата ... дневната штампата ...

Днеска приметив дека е дојдено време да ја исчистам тастатурата ... Вообичаено тоа го правам еднашка во два месеца - осем бришење на прашина кое оди одвреме навреме ... Не дозволувам баш многу да паѓа прашина на тастатурата ... :) ... За чистење на тастатурата имам ритул ... Во теглата со моливи и пенкала стално стои една мала четка ... Ја земам четката - ја вртам тасатурата наопачки и со дршката од четката благо чукам по тастатурата ... Не сте свесни што се излегува од тастатурата ... Потоа ја вртам на страна и со четката ги дочистувам празнините ... На крај финалното чистење следува на лице место со четка и со благо навлажнета мека фланелска крпа ...

Денеска така чистејки приметив дека десетина букви или скрос се излижале или од буквите останале само мали делови ... Си викам ова тастатурава ми личи како оние тастатурите од банка ... само кај нив имам приметено дека некои букви ги нема а теткиците залепиле ливчиња со знак за буквата ... Си реков ај да видам кои букви ги нема а кои се малку оштетени ... Така уствари ке видам една “статистика“ - која буква колку ја употребувам ...

Еве ги резултатите:
- “а“ ја нема во тоталка ...
- од “м“ - останало само една мала точка на горниот лев врв ...
- од “к“ - има само мало делче пак на горната лева страна - но малку поголемо од “м“ ...
- “н“ - е веднаш тука по потрошувачката ...
- “е“ - е следната на ред по истрошеност од мојата тастатура ...
- “о“ - е веднаш зад неа ...
- “и“ - ми е сумњива ... Ја гледам тука веднаш до “о“ ... ја има скоро целата - а знам дека се употребува често ... Дури подоцна ми стана јасно што е финтата ... “и“ е пишана со латиница - стапче кое е залепено на крајната лева страна и затоа избетала од моите прсти - кои заприметувам дека повеќе удираат на “десно“ ...
- “т“ - е следната по истрошеност ...
- “с“ - е бајаги потрошена ...
- “в“ - е тука некаде ...
- “з“ - е веднаш потоа ...
- “р“ - е близу тука ...
- “Ctrl“ - на левата страна ми ја нема потполно ... Ова отпосле го приметив - веројатно е од пречестота употреба на “Ctrl“-“c“ и “Ctrl“-“v“ ... и други комбинирани виндовс команди ...
- “space“ - таа типка нема буква ама има дупка на типката ... :) Тука највеќе мавам по “средината“ ...
- Останатите букви и знаци се горе доле цели ... И за тие би можел да ви редам - но знам дека понатака ке ви стане здодевна анализава ...

Си викам ај да видам која типка најмалку се употебува ... Но за жал се зезнав ... ова требаше да го гледам пред да ја исчистам тастатурата ... Но си вика ај - ти си и така “детаЉиста“ па загледај се посконцетрирано ... ако треба и лупа земи на помош ... и навистина со помош на лупата и по малку подолга анализа - гледам дека најнекористени дирки на тастатурата ми се горните функциски тастери осем “Esc“ ... Слабо се користени и средните функциски тастери оние над стрелките ... но најмалку користени ми се видоа оние функциските додатни тастери најгоре - кои се додаваат по новите тастатури повеќе како украс ...

Наместо заклучок: Десницата на тастатурата - ми е повеќе оштетена ... Што знали тоа - дали дека повече ја сакам десницата - или ептен “ударам“ по десницата ... ??! :) Како и да е забегувам на десно со мојата тастатура ... Можеби е тоа само подсвесен знак за мојата орјентација ... за која се трудам од петни жили да ми биде неутрална ...

На крај кога студиозно се задлабочив на мојата тастатура видов дека фабрички сите букви се испишани на горната лева страна - што ми појасни зошто ми останале горните леви ќошиња од буквите ... Искрајно зажалив за ова сознание ... Некако ми се виде добра асоцијацијата дали со мојата тастатура влечам на “лево“ или на “десно“ ...

Па после речете дека не сум добар Аналитичар ...
Од оваа анализа највеќе корист би требало да имаат производителите на тастатури ... :) - но за жал тие зборуваат само кинески ...

Се надевам дека Ви беше пријатно и забавно читајки го овој текст и Ви предизвикав по некоја насмевка на лицето ... Смејте се ... смеењето е здраво ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter