Кибицерот ја начна темата за тоа дека на Скопското Кале во горниот град би требало да се пронајдат и три цркви ... Па така во постот на кибицер ... Епохално откритие на скопско Кале ... од 23 Април, 2007 - тој кажува:
Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:
- Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
- Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
- Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.
Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век.
За точно да се каже за кој од трите споменати црковни храма станува збор ќе треба да се најде натпис. Според мене ова е најголемиот наод во последниве години. Можеби еднаков на златните маски најдени при ископувањата на Голема Порта во Охрид.
*** Други извори велат дека на потегот на горниот и долниот град постојат индиции за 5 цркви ... Секако на калето имало во турскиот период и многу Џамии ... Позната е во историјата еден објект кој треба да служи за верски потреби најпрвин да биде византиска базилика да речеме - потоа во средниот век да се преадаптира во црква ... а по доаѓањето на османлиите да се претвори во Џамија ... и пак по враќањето на православното население да се врати намената на објектот во црква ...
На истата тематика кибицер имаше уште еден пост: На скопското Кале пронајдени три* фрагменти од фрески ...
Мината седмица при археолошките ископувања на локалитетот на скопското Кале најдени се три*, мали по димензии, фрагментарни остатоци од ѕидни фрески. Артефактите се најдени заедно со друг археолошки материјал кој различно се датира. Сепак, според археолозите кои работат на локалитетот, со голема веројатност, може да се претпостави дека станува збор за делови од фрески датирани во 13 или 14 век.
Фрагментите се најдени во непосредна близина на претпоставената локација каде во османлискиот период се наоѓала џамија. Ако знаеме дека во Македонија, неретко, имало практика џамииите да се градат на темели на христијански храмови, можеби пронајдените фрагменти од фрески и близината на „претпоставената“ џамија упатуваат на заклучокот дека тука треба да се бараат темели на постар црковен објект. Сепак, на археолозите останува, да ја докажат оваа претпоставка.
На постот оставив свој коментар кој Кибицерот го вклучи како дел од постот:
*** „Моја предпоставка е дека османлиите кога ја рушеле црквата т.е. кога ја претварале во џамија ги копале фреските и ги фрлале на место каде собирале шут ... Е тоа место е местото каде сега се најдени трите фрагменти од фреската ...“ – вели Волан и претпоставува дека веројатно ќе се најдат уште фрагменти доколку се прошири сондата. „Фрагментите се најдени во близина на еден зид кој е доста со лабилна градба и не верувам дека е од црквата ... која пак е веројатно тука во близина ... На местото блиску може да се убицира џамија према некои постари фотки кои ги поседувам ... а пак веројатноста џамијата да е направена над црквата е огромна ... Знаејки како османлиите светите места ги претвараат во џамии ... Света Софија на пример и многу други примери ...“ – заклучува Волан во својот коментар.
На крајот изнесува мошне интересна претпоставка која воопшто не треба да се отфрли, а тоа е дека нема да изненади доколку на Калето се најдат моштите на царот Душан, крунисан во Св.Богородица Троручица, црква која се наоѓала токму на тој простор.
Според средновековните извори од 13 и 14 век, на скопското Кале се наоѓале најмалку три црковни храмови. Тоа биле Св.Бодородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан, потоа храмот посветен на Св.Прокопиј заштитникот од земјотреси и манастирскиот храм Св.Јован Крстител.
*** Во коментарите кај кибицер се вклучи kicevcanec ... “..Во напис на Фокус (бр 612, 23 март) посветен на Виргинскиот Манастир (изгорен 27 април 1428) кој се наоѓал отспроти калето, на местото на денешна Султан Мурат џамија, има слика од средновековно Скопје на која јасно се гледа дека на калето има црква, а црква постоела и во утврдената населба под кале (кај денешно лизгалиште покрај Вардар) која исто така се гледа од сликата. Немаше сомнение дека ќе биде пронајдена црквата (а сега слушам оти се 3 цркви)..“
Ни вети дека ке ни прати снимката од фотката - која подолу ви ја приложувам ... кога ке прати подобра фотка Кичевчанецот ке ја едитирам во постов.
Во пропратниот допис Кичевчанецот вели: Дека прво ке прати нова подобра фотка и додава:
1) Crkvata na Kale (ne znam za koja se raboti)
2) Crkva vo utvrdenata naselba kraj Vardar (racunaj okolu denesnata sala Kale)
3) (mislam) Kulata koja ja obnovuvaa poslednive godini
4) Virginski Manastir (Sv. Gjorgi-Skoropodviznik) izgoren na 27 April 1428 godina- na istiot rid e denesnata Sultan Murat-ova dzamija podignata vo 1436.
Neznam od koja godina datira ilustracijata, no sigurno e postara od 500 godini.
За подетално да се разграниќи Долниот и Горниот град на Скопското кале ке ви едитирам подолу една карта на Проф. Иван Микулчиќ која е преземена од неговата книга “Скопје со околните тврдини“ ... Македонска книга -1982.
Голема благодарност на Кибицерот што ми дозволи да преземам и цитирам дел од неговите постови и до Кичевчанецот кој еве се вклучи во своевидното блог истражувачко новинарство ...
линкови:
Волан: Скопско кале - конзервација и археолошки истражувања
Археолошки дневник: Почнаа ископувањата на Скопското кале (или турбо фолк национализам)
No comments:
Post a Comment