Search This Blog

Monday, April 02, 2007

УЧЕТЕ АЛБАНСКИ

Незнам дали сте приметиле во последно време дека кога првпат ке се сретнете со Албанец во Македонија - сеедно каде на пазар (купувач-продавач) ... во автобус при случајна средба стана нова “мода“ - која прерасна во правило Албанецот најпрвин да Ви се обраќа на Албански ... и одкако ке му дадете на знаење дека не го разбирате ... ке се насмеее и ке ви рече ... КЕ НАУЧИТЕ !! ...

Најпрвин мислев дека е тоа спонтана реакција на Албанците ... бидејки нели како што можат они да научат Македонски така треба и ние да научиме Албански ... Но како одминува времето гледам дека е тоа систем кој е диригиран ... Сега кој го диригира незнам ... веројатно сите Албански политички партии ... моќните пораки на Оџите по џамите ... навистина незнам ... можеби нивни советници ... преку албанскиот јазик се туркаат многу процеси кои водат кон федерализација на Македонија ... се до процес на бинационална држава ...

Имаме промени во школскиот систем ... Обележјата на Албанецот и неговата култура и историја се се позастапени по учбениците ... (тоа и го разбирам како потреба ...). Но учењето на сите на Албански јазик кој е сеуште само малцински јазик во државата е навистина порака која допрво треба да откриеме каде не води ... Ете и собранието зборува Албански ... Ке прозборат Албански каде и да е и комисиите ... Не е далеку времето кога и во Владата ке почне да се зборува на Албански ... Додуше ова е мода и во ЕУ - каде се рамноправни сите јазици на земјите членки ...

Но тука кај нас борбата за човекови права некако почна со борбата за примената на Албанскиот јазик по институциите ...
- Сетитесе на приватната забава со Малоречанскиот универзитет ...
- Сетите се зошто беа протестите и контрапротестите пред десет години на Педагошката академија ...
- Сетите се кои се елементите на Охридскиот договор ...
- Завртете се околу себе ...
- Појдете во Чаир ке видите дека Македонскиот јазик и Македонското знаме се ретки гости во таа општина ...
- Погледнете ги таблите со написите на сообраќајните знаци ...
- Сетете се на неодамнешната одлука на Владата на РМ сите табли и написи по меѓународните патишта да се пишат и на Албанскиот ...

Малку на шала сите последните години велевме - учете Албански - тоа за нас е “Јазикот на иднината“ ... И вистина реалноста кажува дека ако ова право им беше ускратено на Албанците во Македонија - сега во потполност го имаат остварено и во институциите а богами и вон од институциите ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter