Дали се гледа светло на крајот на тунелот за оние кои се жалат на јака бучава и силна миризба ... А сето тоа е - поради мешањето на зоните за работа и за живеење ... Имаме судир на интереси на оние кои во исто место работат и други кои во тоа место живеат ... Можно ли е да се поправат грешките на градските архитекти и урбанисти ...
Воопшто нашите архитекти - урбанисти кои ги осмислуваат градежните целини (ДУП - ГУП ...) досега многу погрешно го дефинираа зонското решавање на статус на одредена зона ... Па така Скопје нема точно прецизирани зони каде се работи а каде треба да се живее - Се одеше по инерција на остатоците од турскиот начин на осмислување на поделбата на зони за работа и живеење - каде уствари нема поделба ...
Па така имаме во приземните спратови од зградите да се определуваат како зони каде се работи а горните катови како зони за живеење ... Во приземјата имаме разноразни гранапи, сервиси, кефеани, и незнам што - кои со своето работење - директно сметаат за квалитетно станбено живеење на граѓанинот - каде граѓанинот треба да се одмори и преспие ...
Не се ретки случаевите кога поради кафеаните од приземните спратови ноќно време не може да се преспие ... од бучавата и мирисите кои се шират од кафеаната ... не можеш да ја паркираш колата - паркингот е ист за тебе како станар и за гостинот на кафеаната ...
Во зграда се сместуваат сервисни локали кои поради потребата мора да уклулчат машини кои произведуваат јак звук ... и ете беља - ниту тој што работи најлегално нема аир и мир од граѓаннот кој нонстоп се жали - ниту граѓанинот не може на рат да се наспие и одмори ...
Имаме разноразни печатници - фризерски дуќани, сендвичари и незнам што ... кои употребуваат хемиски препарти штетни по околината а кои преку аспираторите дирекно одат на прозорите на комшиите од горните катови ... а кога печатниците ке ги уклучат машините ... тогаш од буката не се спие ... неможе да се одмори ...
Зоните за живеење не се доволно далеку одалечени од фабриките кои со својата бучава и штетното емитирање на отровни супстанци и честици - ги трујат своите комши кои непосредно живеат покрај нив ... Примери има многу ... Цементара ... Фабриката Треска ... Железара ... Металски завод Тито ... Кога малку ке размислам скоро сите постари фабрики се измешани со стамбените региони ...
Западот строго ги има разграничено зоните за живеење - или како они ги викаат зони за одмарање ... од зоните за фабрики ... зони за големи трбовски центри ... Во зоните за живеење кои се далеку и од сообраќајниците нема ни трафика за весници ... За се мора да запалиш кола и да одиш неколку километри за пазарање или да отидеш на работа ...
За да се стави ред во сето ова Министерството за животна средина иницираше промени во Законот за животна средина - во кои се предвидени високи казни за:
** Ќебапчилниците, сендвичарниците, кафулињата и други угостителски објекти што испуштат непријатна миризба и создаваат силна бучава наскоро ќе добиваат парични казни од општинските инспектори за животна средина.
** Истото важи и за граѓаните што ќе бидат фатени додека фрлаат ѓубре на недозволени места.
** Општинските екоинспектори, кои од 8 мај ќе можат да пишуваат парични казни на самото место, што им се овозможува со измените на Законот за животната средина.
** Со измените во законот, паричните казни се поделени во три категории. Најниската ќе чини 3.000 евра, поголемите загадувачи ќе плаќаат 6.000 евра, а најригорозни се казните од трета категорија, кои се движат од 8.000 до 20.000 евра.
** Инспекторите од следниот месец ќе пишуваат казни и за сервисите за автомобили, малите индустриски погони, но и за станбените објекти што ја загадуваат животната средина.
** Откако ќе се усвои предлог-законот за бучавата, ќе постои можност екоинспекторите да им пишуваат казни и на граѓаните што пуштаат гласна музика, како и на верските заедници од чии објекти се создава силна бучава.
Непознаници ми се неколку работи:
- Дефиниција што е тоа јака миризба ... и кои миризби се штетни за човековата околина ... а и со што ке се мери нивото на јачината на миризбата ... Ако знае некој детали за ова би му бил благодарен ...
- Незнам како ке се спроведе спречување на јаката бучава кои пооделни верски заедници ја имаат како пракса веќе многу години ... имено од нивните мегафони неможе да спие половина Скопје ... Ова ке биде навистина интересно како ке се спроведе ...
Искрајно не сум бил во некоја западна држава каде има изградено џамија за да видам дали и таму им е дозволена употреба на мегафони за преноси на утринските и дневните молитви ... Ако знае некој како е по западните земји би бил благодарен да каже ...
Во арапските земји каде имам одено - ситуацијата со преносите на молитвите од верските објекти - џамиите е иста како тука ... мегафони со огромна јачина параат уши на километри ... Дали мегафоните на џамиите се само одговор на звукот на црквеното звоно ??! ... Меѓусебен натпревар ли е во прашање ...
Како и да е нешто ке мора да се менува и тука ... Неподносливисе јаките одзиви кои со помош на технички помагала-мегафони го реметат мирот на оне на кои тој звук не им е наменет ...
Search This Blog
Thursday, April 05, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2007
(687)
-
▼
April
(60)
- МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ
- СИНДИКАТ во Македонија
- ГРУЕВСКИ - работи на својот рејтинг
- АГЕНЦИЈА - за бришење на невработените ... репринт
- СЛУШАМ - како тревата расте
- ГРАЃАНСКИ ОТПОР - кон УЈП во Струмица
- СКОПСКОТО КАЛЕ и евентуалните цркви во горен и дол...
- ВЛАДАТА - решила да се справи со своеволието на МТ
- ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ
- ПАЗИ УБИВААТ - забрането мочање
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга из...
- БЛОГ - граѓанско новинарство
- СМЕЈТЕ СЕ
- МАГАРЕ - сведок
- ГРИЖАТА на „Мајкрософт“
- СРЕЌНИ ЛИ СЕ ...
- Археологија Секс и Линкување
- ОГЛЕДАЛЦЕ - огледалце мое ... кажи на светот кој и...
- ВОЈНА ЛИ БЕШЕ - што ли беше
- НОВИ МАКЕДОНСКИ ПАРИ
- У БРАЗДУ
- ООЗТ - тизација на Клинички
- „Трипл плеј пакет“ и во Македонија
- ИСТОРИЈА на Македонското прашање во Егејска Македо...
- ПАНАЈОТ ДИМИТРАС
- ИНСПЕКЦИЈА
- НЕВРАБОТЕНИТЕ - никој не ги сака
- ГЕНИЈАЛНОСТА НА ШПИЦ
- ПРИВАТНА ЗАБАВА ... мала, мала група п*****
- И ЈАС БИ ИГРАЛ ТАКА
- ВИЗНИ ПРЕГОВОРИ
- МАЈМУНОТ ЧИТА ... ТАРЗАН ... ЏЕЈН
- ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ
- ТАСТАТУРА
- „Зајди, зајди“ ... МК блогери и интернет страници ...
- НАУЧИТЕ ЈАПОНСКИ
- ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
- ГОЛ ПРОТЕСТ во Велес
- ИССЕЛУВАЊЕ ... и малку бројки
- ФОКУС и МК Блогосфера
- БЛАГОСОСТОЈБА
- РЕЗУЛТАТИ И АНКЕТИ
- СОНЧЕВ ГРАД
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари
- ВИСОКИ КАЗНИ - за силна бучава и јака миризба
- ЦЕНЗУРАНА „Во центар“ - „Досие премиер“ на Канал 5
- ПЛАЌАМЕ незнаење и јавашлук ...
- ЕВРОПСКА БРЗИНА
- ПРЕДСЕДАТЕЛСКИ САМИТ ВО ОХРИД на 19 април
- Њи - МАЏ технологија ... WiMax
- ПАРТИЗАЦИЈА на администрацијата
- МЕНАЏЕРИ
- ТЕРИТОРИЈА - СКОПЈЕ
- ВРЕМЕТО Е ПАРИ
- ПИСМОТО на ГРУЈО
- УЧЕТЕ АЛБАНСКИ
- ЦЕНА НА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
- Зошто сеуште сме - визно гето за ЕУ ...
- Зграпчи го денот
- МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА
-
▼
April
(60)
No comments:
Post a Comment