Search This Blog

Saturday, April 07, 2007

РЕЗУЛТАТИ И АНКЕТИ

Потикнат од последното испитување на јавното мнение кое го спроведе Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) - спроведена во текот на месец Март 2007 година ... во кое се испитува примерок од 1100 граѓани на Македонија - одговарајки на прашањата:

- Доколку утре би се одржале парламентарни избори, за кого би гласале?
- Дали премиерот добро си ја врши работата?
- Оценки за институциите (1-5)
- Дали претседателот на државата добро си ја врши работата и дали заслужува реизбор?

Гледајки дека резултатите од анкетата, како и досега предизвикаа големо внимание на јавноста во македонија, дневниот печат, ТВ медиумите - па и на блог заедницата ... Се решив да истражам кој ги прави овие Истражувања - анкети ... Со која цел ... Која е ИРИ ...

Искрајно јас не верувам многу на анкетите - кои разноразни “Институти“ и “Агенции“ ги прават кај нас ... “Не верувам“ не значи дека велам дека резултатите не се точни - туку имам потреба да проверувам ... Неверни Тома ... :) - во духот на деновиве поврзани со Велигден ...

Ајде прво да видиме кој ги прави тие испитувања ... Кој е нарачател на испитувањата ... Кој ги плаќа ... Кој ги “брои“ резутатите ... (поради познатата изрека - не е важно кој ги спроведува изборите - туку кој ги брои резултатите...) ... Дали е доволен “стратумот“ - примерокот т.е. бројот на луѓето кои се испитуваат ... Дали е рамномерно распределен стратумот по територијален социјален и политички модел ... и други модели ...

Еве ке го земем за пример последното испитување на јавното мнение - кое го направи Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) - спроведена во текот на месец Март 2007 година ... Кој е ИРИ ...

Оснивач на ИРИ во Македонија е УСАИД Македонија ... Агенција на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој при Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Скопје Македонија ...

УСАИД го финансира Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од 2001 година за да помогне да се развијат подемократски и попретставнички политички партии во Македонија преку зајакнување на внатрешните демократски процеси во партиите, охрабрување на значаен дијалог меѓу раководствата на партите, нивните членови и избирачки единици и зголемување на учеството на младите, жените и маргинализираните групи во политичкиот процес.

Кој и што е Усаид Македонија ... видите на неговиот сајт ...

ИРИ не е транспарентен во неколку дела од своите истражувања ... Не ни кажува како е одабран примерокот од 1100 луѓе ... Дали е анкетата теренска или телефонска ... Дали е опфатена цела Македонија ... Дали се опфатени подеднакво сите заедници во Македонија и во соодветен процент ... Дали е внимавано на изборот на луѓето во однос на социјалниот статус во Македонија ... Во однос на мажи жени ... Во однос на вероисповеста или членството на политичките партии ... Во однос на старосната структура ...

Статистиката сериозно навлегува во сите ови анализи - за да се оцени дали резултатите се одраз на вистината ...

Најпрвин дали е примерок од 1100 луѓе доволен за да одрази вистината за она што е предмет на истражување ... За мене овој број ке биде можеби и доволен ако е правилно распореден по теиторијале и социјален и политички момент ... Територијално значи низ цела Македонија ... Социјален значи од сите социјални слоеви во Македонија ... и политички од сите политички партии ... И другите елементи како мажи жени ... старосна структура, образовна структура, вероисповеста и други принципи познати на статистиката се битни ...

Порано заводот за статистика (Кој сега како да не постои - го нема или никој не му верува ...), имаше договор со еден избран број на луѓе кои беа во договорен однос со Заводот за статистика и имаа обврска одвреме навреме да одговараат на прашања кои беа од интерес на Заводот за статистика ... Тие резултати беа мериторни за државните институции меѓу два пописа ... Денеска не сум слушнал или прочитал дека има вакви истражувања ... Се напушти овој модел а се отиде на модел или самите Политички партии за свои потреби да прават испитувања на јавното мнение или се следат испитувањата на разноразни агенции кои се истурени оделенија на други држави - како што се ИРИ, НДИ, Брима Галуп, Институтот Вилијамс и други ...

Многу е важен и изборот на прашањата на истражувањата ... Од самиот избор на прашања и начинот како се тие формулирани ... може да се сугериртаат резултатите ...

Од сето ова погоре кажано можеме да заклучиме дека воколку се водело сметка за сето погоре кажано ... и воколку имаме увид во целата анкета - можеме да веруваме или не во резултатите од пооделни истражувања ...

Мене овдека целта ми беше најпрвин да откриеме која е ИРИ и да запрашам зошто во Македонија Државниот завод за статистика - го нема никаде да се огласи со свои анализи ... Каде и за што Државниот завод за статистика ги троши нашите буџетски пари ...

Интересно е и прашањето Дали на резултатите на истражувањата на ИРИ веруваат нашите политички партии ... Бидејки се работи за Американска институција - македонските политички партии за досегашните истражувања на ИРИ скоро секојпат се изјаснувале дека ги почитуваат - им веруваат ... на резултатите од нивните истражувања (со ретки исклучоци) ...

За самите резултати на ова истражување на ИРИ македонската блог заедница проговори преку постовите:

- Последна анкета на ИРИ: ВМРО ДПМНЕ - СДСМ 3:1 -4 Април, 2007 - 20:20 часот - zoriv

- АНКЕТА НА ИРИ - ДПА СЕ ИЗЕДНАЧИ СО ДУИ -4 Април, 2007 - 15:15 - MastermindMK

- ИРИ-со нова мартовска анкета - 4 Април, 2007 - 11:43

- Анкети и резултати - 7 Април, 2007 - 00:19 - oksimoron

No comments:

Blog Archive

Site Meter