Председателот на РМ - Госп. Бранко Црвеновски реши да проговори за некои актуелни прашања на свој начин ... Најпрвин пред некој ден го зајакна својот советнички тим со познати и звучни фаци од МК јавна и академска сцена .
** Екс директорот на МИА Зоран Иванов и професорите Ферид Мухиќ и Гоце Петревски се новите советници на претседателот Бранко Црвенковски. Иванов доаѓа на местото на Игор Ивановски, како советник за односи со јавноста. Тој веќе има искуство како портпарол на Владата до 1998 година, кога премиер беше токму Црвенковски. Професорот од Економскиот факултет Петрески го менува екс советникот за економски прашања Кире Наумов, кого Црвенковски претходно го назначи за директор на Агенцијата за разузнавање.
Филозофот Мухиќ е нов советник на претседателот за општествени дејности. Шефот на државата одлучи досегашниот советник за национална безбедност Стево Пендаровски, да го назначи за прв соработник за надворешна политика. Во тимот на Црвенковски остануваат Горјан Тозија како советник за внатрешна политика и професорката Рената Дескоска како експерт за Уставни прашања. Привремено ќе остане празно местото - советник за безбедносни прашања. Генерален секретар е м-р Наташа Савова.
Како резултат на сето тоа треба да се организираат неколку трибини за актуелните македонски општествено/политички прашања ... со заеднички звучен назив „Дијалози за Македонија“ ...
Првата тема беше со работен наслов „Македонскиот национален идентитет и европските интеграции“ ... која за мене се одржа вчера - неочекувано брзо и некако брза здола ... Дебатата се одржa во Културно информативниот центар - КИЦ, во сала Империјал 2, со почеток во 11.00 часот на 13 април 2007 година (петок) ...
Никој не му го спори правото на Председателот ниту да поставува свои советници - ниту да оргаизира тркалезни маси за актуелни теми ... Но овојпат имам осеќај како нешто да недостасува ... Нивото на поканетите фаци (познати експерти и колумнисти...) кои учествуваа на тркалезната маса - "Македонскиот национален идентитет и европските интеграции" - беше високо - учествуваа:
- Председателот на РМ ... Бранко Црвенковски
- Проф. Ферид Мухиќ - во својство на модератор на собирот и член на советничкиот тим на Председателот
- Проф. Билјана Ванковска ... од Институтот за одбранбени и мировни студии ... познат колумнист и член на многу невладини организации ... (љубител на блогерите...)
- Академик Катица Ќулафкова ... која е позната на јавноста и по некои афери - но и по многу јавни настапи од областа на МК национален идентитет ...
- Проф. Владимир Милчин ... од Институтот Отворено општество Македонија
- Профе. Љубомир Фрчкоски ... од Правниот факултет .. и познат колумнист ... како и бивш советник во многу влади и кај повече председатели ... а и член на две влади на РМ ...
- Проф. Тодор Чепреганов ... Директор на Институтот за национална историја
- Ким Мехмети ... новинар и публицист ...
- Ѓунер Исмаил ... новинар и публицист ... член во една влада ...
- Проф. Благоја Самакоски ... колумнист ...
- Од фотките гледам дека имало и други фаци на средбата ... ке дознаеме деновиве од новинарите кои биле па ке ги едитирам во постот ...
Најпрвин околу составот на трибината ... Со мали исклучоци овие докажани стручњаси се повеќегодишни советници на структурите на СДСМ и специјално на Бранко Црвенковски ... За успешна трибина треба да се чујат и некои други стручњаци кои повеќе ги милува ВМРО-ДПМНЕ ... а и уште некои други стручњаци за темата која беше на маса а не се припадници на ниедна партија ... Се прашувам дали Црвенковски поканил и други стручњаци - кои евентуално го откажале учеството ... Деновиве е модерна тематиката на “недоволен дијалог мешу позициионите и опозиционите партии и стручњаци“ ...
Имам осеќај дека ова беше нешто како “приватна забава“ - на луѓето на председникот ... Секако највеќе недостасуваше поголемата јавност и транспарентност на работењето на трибината ... присуството на народот што би се рекло ...
Ако не се лажам трибината не ја пренесуваше диретно ниедна телевизија ... Или се исплашија професорите и јаките пера - да не кажат нешто што не треба да го чуе некој или ова навистина беше “приватна забава“ ... Башка салата каде се одржуваше тркалезната маса ми се виде некако премала за составот и амбициите на Председателот ... Веројатно толкав му бил буџетот ... Парите се нели кај Владата ...
Навистина мислев поради сериозноста на темите дека ке има подобро организирана тркалезна маса во поголем простор - каде би се вклучиле многу повеќе луѓе ... Трибината секако поради важноста требаше да трае повеќе денови ...
Се обидов да дознам како се одвивала трибината и што се тезите на нашите стручни лица - но залудно го пребарував сајтот на председателот ... Ке мора да се задоволам со она што ке го пренесат новинарите ... Оние таканаречени “Фабрички“ а и оние другите “слободните“ ... Во коментарите ке ги пренесувам одгласите од весниците ...
Воколку некој знае линк каде можат да се видат дискусиите нека ми посочи ....
Давам јавен предлог до Председателот на РМ - дискусиите околу темата нека ги обвјави на интернет и нека отвори јавен форум ... за да ги чуе размислувањата и на другите стручњаци и граѓани ... а не само мислењата на своите советници ... чиво мислење и така му е познато по долгогодишната соработка со него ...
Подолу ке ви дадам линкови од некои мои постови во врска со националниот идентитет:
- АНТИМАКЕДОНИЗАМ ... 30 Март, 2007
- АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - конкурс за споменик - Alexander the Great - Αλέξανδρος ο Μέγας ... 16 Март, 2007
- АНТИЧКА ВЛАДА ... 6 Март, 2007
- УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ ... 3 Март, 2007
- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ... 5 Февруари, 2007
- НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ ... 31 Јануари, 2007
- ОБЕЗЛИЧУВАЊЕТО НА НАЦИЈАТА - како светски процес ... Со посебен осврт на обезличувањето на Македонската Нација ... 26 Јануари, 2007
- НАЦИЈА ... 25 Јануари, 2007
- ФОТОКОПИРНА ИСТОРИЈА ... 17 Јануари, 2007
- ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет ... 14 Октомври, 2006
- БУГАРСКО – МАКЕДОНСКИ (односи-релации) ... 25 Август, 2006
- БУГАРСКИ ПАСОШИ ... 13 Август, 2006
- Нов Александар Македонски ... 6 Август, 2006
- (Индигнација – Игнорирање) на Бугарската пропаганда (Indignation – ignorance) ... 2 Август, 2006
- БУГАРСКА ПРОПАГАНДА НА НАШЕ ТЛО.....АПСОЛУТНО Е НЕДОПУШТЛИВО ... 1 Август, 2006
- Катица Ќулафкова ... 5 Јули, 2006
- Камент од Розета - Писмото на Античките Македонци ... 2 Јули, 2006
- Писмото на античките Македонци ... 30 Јуни, 2006
- Македонскиот јазик не постои !!? ... 30 Јуни, 2006
- Славомакедонија Славомакедонци - Хавиер Солана ... 24 Јуни, 2006
- Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел) ... 23 Јуни, 2006
- Славомакедонија – Славомакедонци (трет дел) ... 17 Јуни, 2006
- Славомакедонија – Славомакедонци (втор дел) ... 16 Јуни, 2006
- Славомакедонија – Славомакедонци ... 15 Јуни, 2006
- Јустинијан Први - Македонски бренд 2 дел ... 11 Мај, 2006
1 comment:
#
На Македонија и' треба имунолошки систем за идентитетот
Утрински-Брoj 2358 сабота, 14 април 2007
** Дали дебатата за македонскиот национален идентитет значи и негово проблематизирање
** Имаат ли основа стравувањата дека малите држави и нации со интегрирањето во Европската унија го ризикуваат сопствениот идентитет.
** Претседателот Црвенковски, отворајќи ја дебатата, рече дека е важно дали како мал народ имаме развиено имунолошки систем со чија помош ќе ги одбраниме основните атрибути на својот идентитет или можеби поради историските константи на негирање на нашите национални и јазични засебности, на нашето име и нашата црква, процесот на евроинтегрирање ќе ни овозможи нови механизми на афирмација на нашиот идентитет.
„Во нашето општество постојат круцијални теми што треба да бидат отворени. Погубно може да биде нивното површно, инцидентно третирање низ призмата на дневната политика.
„Имајќи ја предвид етничката и религиската структура на Македонија, имаме ли, вели тој, јасен концепт со кој, од една страна, ќе го зачуваме и развиваме националниот и културниот идентитет на одделните етнички заедници, а, од друга, ќе ги препознаеме и афирмираме елементите на заедничкиот идентитет.
** Билјана Ванковска од Институтот за одбранбени и мировни студии рече дека покажувајќи го македонството, го игнориравме она што отсекогаш сме биле. „Претерано инсистираме на она што само по себе е јасно и тоа практично покажува дека имаме проблем. Често забегуваме во шминка. Идентитетот е прифаќање на она што си, а не преправање во нешто друго“
** Според академик Катица Ќулафкова, парадоксално е што колку повеќе се залагаме за соживот, толку повеќе се делиме по различни основи, а тоа според неа, води до федерализација на државата. Македонскиот национален идентитет, смета Ќулафкова, денес е пред сериозно искушение.
„Македонскиот национален идентитет не е приоритет на оваа држава. Релативно доцна е конституиран и не е интегриран во свеста на народот. Самите сме во дилема кои сме и што сме“, рече Ќулафкова, порачувајќи дека интерпретацијата на историјата треба да интегрира, а не да произведува ексклузивност. „Не постои историски дисконтинуитет. Тоа се произведува во свеста на луѓето“, оцени академик Ќулафкова.
** Констатирајќи дека на Македонија и' недостасуваат институции што би се занимавале со идентитетот, Владимир Милчин од Институтот Отворено општество Македонија се осврна на односите меѓу нацијата и црквата. „Погубна е тенденцијата да личиме на нашиот оспорувач - Грција. Концептот дека една црква прави една нација е застарен и е штетен. Крајно ретроградно е нацијата да се изедначува со црквата“, рече Милчин. Според него, идентитетот во голема мера зависи од самопрепознавањето и е повеќедимензионален. „Ако двајца луѓе кажат дека се Македонци, не значи и дека припаѓаат на иста вера“, рече Милчин.
** Професорот од Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски, порача дека не треба да се гледа во минатото и да се плаче по она што не е направено. „Мора да се постави концепт, да се стори она што е нужно. Македонската нација треба да се конструира од македонските граѓани“, рече Фрчкоски.
** Вчерашната дебата не даде одговор на зададеното прашање дали на Македонија и' претстои опасност од „претопување“ и губење на идентитетот со влегувањето во ЕУ. Таква дебата се водеше во Словенија која имаше слични дилеми и стравувања.
#
ЕУ нема да ни го спаси идентитетот
Дневник- сабота, 14 април 2007
** Со тезата дека нашата интеграција во Европската Унија е единствен начин да се спасиме како држава се демонстрира недоверба и криза на сопствениот идентитет
** Со инсистирањето на „македонштината“ навлегуваме во игнорирањето на богатството на Македонија, рече професор Билјана Ванковска
.. во Македонија се прават чекори назад со докажувањето дека „имаме корени“.
- Со инсистирањето на „македонштината“ навлегуваме во игнорирањето на богатството на Македонија. Во ЕУ ќе влеземе како држава, а не како етноси. Потребно е што поскоро да се изгради македонска политичка нација, чувство дека сме сите Македонци, државјани - граѓани на Република Македонија - нагласи Ванковска.
** Љубомир Фрчкоски, поддржувајќи ја идејата за конституирање на македонска нација, нагласи дека треба да се разговара и за минатото.
- Ние мора да влеземе во расправа со кого и како ќе го делиме Александар Македонски, како ќе се однесуваме кон Византија, цар Самуил, Скендер-бег, но и кон проблемот со линиите во ВМРО - потенцира Фрчкоски.
** За Ѓунер Исмаил проблемот околу индентитетот е и што имаме „несигурни поединци во несигурно општество и недоверба кон институциите“.
** Владимир Милчин го критикуваше концептот дека „една црква прави нација“.
** Директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов, пак, укажа дека е загрижувачки што, на пример, се' уште не е објавено делото посветено на историјата на Македонија, а имаме историја на македонскиот народ.
- Во новите учебници по предметот историја има повеќе содржини од етнички истории, но на сметка на помалку содржини од европската и светската историја. Тоа не е во ред - нагласи тој.
Post a Comment