Невработеноста стана “зараза“ во Македонија - како да се работи за Губавци ... Никако да и текне на државата да прогласи “епидемија“ ... Веројатно со прогласувањето на епидемијата од невработеност ке мора некој да се погрижи да најде лек за невработеноста ...
Дури ни во светски размери не се признава епидемијата како болест ... Ја нема во листата на заразни болести ...
Не сум поминал низ центар во скоро време но мислам дека уште стојат шаторите на невработените пред собранието - дури и медиумите заборавија на високоболните од епидемијата наречена невработеност ... Или едноставно се “замолени“ малку да оладат од нив ... Ете тоа е примерот како МК политика се справува со “заразените од невработеност“ ...
Невработените само се евидентираат во “Заводот за евидентирање и бришење на невработени“ (од мене наречен) ...
Невработените не ги сака здравството - им го оптеретува фондот - имено никој не плќа за неопходното лекување на невработените ...
Невработените не ги сакат ни во Школството - Бидејки невработените се воено и сиромашни во денешни услови невработените не можат да си ги школуваат децата ...
Невработените не ги сака ниту својата фамилија ... Денеска изгледа една од најголемите клетви е да станеш невработен ...
Невработените не ги сакаат ниту оние кои издаваат визи ... ке ја пренесат заразата во домицилните земји ... Затоа е потребна изолација со “Визен зид...“ и строга контрола на заразеното подрачје ...
Невработените - политичките партии од МК ги сакаат само на избори ... скоро 40 процентна гласачна машинерија ...
Смрт на невработените - не на невработеноста е прогласена како јавна политика на МК држава ... Оваа политика ја промовираше во МК председателот Глигоров кј уште во првиот мандата кога стана председател на сите македонци - дури и на невработените рече: “Никој повеќе во државата нема да се грижи како ке се вработуваат луѓето и дали се вработени ... тоа ке зависи само од нивните лични способности ... ние/државата ке се грижиме само за стварање на амбиент - кој ке помогне за решавање на проблемот со невработеноста ...“
Невработените изгледа ги сакаат само за работа во Ирак и Авганистан ...
Од толку многу грижа за невработените во македонија има пандемија од невработеност - но се разбира непрогласена ...
- ВМРО-ДПМНЕ и вработувањето ... 22 Февруари, 2007
- ВРАБОТУВАЊЕ - Агенција за ..... - 18 Декември, 2006
- Државата ке ни лепи “Давидови звезди“ - 29 Мај, 2006
- Да даде Бог да имаш – па да однемаш - 14 Мај, 2006
- Само што го научив магарето да не јаде - тоа умре - 11 Мај, 2006
- Стапката на невработеност во РМ - 25 Април, 2006
- Почнува “Геноцидот“ врз невработените во РМ - 19 Април, 2006
- РАБОТА – Македонски синдром ... - 29 Март, 2007
- Агенција за бришење на невработените - 18 Април, 2006
- Бројот на вработени е ? - 12 Април, 2006
No comments:
Post a Comment