Search This Blog

Tuesday, April 10, 2007

ИССЕЛУВАЊЕ ... и малку бројки

Ако сега направите анкета меѓу младите Македонци сеедно дали се ученици, студенти, невработени или вработени - најголемиот број од нив ке ви кажат дека имаат идеал да заминат од Македонија и среќета да ја побарат во друга држава каде некој за своите граѓани обезбедил:
- Ред и поредок ...
- Систем на вредности ...
- Правила на играта ...
- Правда ...
- Слобода на движење во безбедносна смисла ...
- Слобода на движење на идеи и капитал ...
- Безбедност и рамноправност ...
- Социјален мир и правда (од платата да можеш да го истераш месецот ...)

Традицијата на иселувањето од Македонија е стара повеќе од стогодини ... Од многу одамна Македонија неможејки да обезбеди економска и социјална иднина за своите деца била земја на иселеници ... Колонии Македонсци има во далечната Америка ... Канада ... Австралија ... Германија и Скандинавските земји ...

Социјалната и образовната структура на иселениците од Македонија е разнолика ... Во однос на социјалната структура - најчето од Македонија се иселуваат сиромашните кои се млади и здрави а во Македонија немајки работа спасот го бараат во далечните дестинации ... Што се однесува до образовната структура во минатото имало релативно мал одлив на високообразован кадар во однос на денешницата ... Денеска некако имам впечаток дека е најголем одливот на високообразованите млади луѓе ...

Во денешниот напис на Дневник - Заминуваат и стручњаци и милиони евра ... неколку млади луѓе ни ги даваат своите причини зошто заминуваат во Македонија:

** “...
Многу ми пречеше што добија цена многу луѓе без интелектуален капацитет. Тие се збогатија преку ноќ и станаа „марка“ во општеството, без оглед на каков начин ги стекнале парите. За другите, кои решиле чесно да живеат, материјалните можности за пристоен живот се ограничени ... Нема морална одговорност за постапките кај огромен број луѓе во Македонија, особено кај тие во владејачките структури...“
** “... Заминавме заради подобри услови за професионален развој, но и за да обезбедиме материјална сигурност. Не размислувам за враќање зашто во Македонија се' уште нема систем што ќе прави позитивна селекција во сите сфери на општеството. Систем што ќе ги избира и наградува најдобрите, а не тие со најголеми политички, роднински или слични врски. Прв чекор кон тоа ќе биде кога Владата ќе престане да биде најголем вработувач во земјата, кога значително ќе се развие приватниот сектор и ќе проработи вистинска пазарна конкуренција, без монополи ...“

Ова се само две стории - ги има иљадници ... сите се различни - но сите имаат слични мотиви за иселување ... Не треба да бидеш голем стручњак за да најдеш начин како да престане одливот на младите луѓе и младите мозоци ... Причините зошто си одат луѓето не се тајна ... иселениците многупати ја имаат кажано ... Треба сериозно да се зафатиме со решавањето на еден по еден од проблемите кои се причина за иселување ... во спротивно иселувањето ке остане незапирлив процес ...

Дали некој го знае бројките на иселување од Македонија ... ако некој знае линк за бројки нека ми посочи ке му бидам благодарен.

Долниот преглед на бројки е сумиран од сајтот на Агенција за Иселеници ... Првата колона е најголем регистриран број на иселеници ... Втората колона е последен регистриран број на иселеници ...

АФРИКА 78 78
АВСТРАЛИЈА 81898 81898
АВСТРИЈА 3607 3607
АЗИЈА 210 210
БЕЛГИЈА 10667 10667
БОСНА И ХЕРЦ. 1596 447
ВЕЛИКА БРИТ. 1284 1284
ДАНСКА 3147 3007
ХОЛАНДИЈА 1097 1091
ИТАЛИЈА 23106 23106
КАНАДА 31265 31265
СРБИЈА И Ц.Г. 47200 47200
НОВ ЗЕЛАНД 621 621
НОРВЕШКА 550 550
РУСИЈА 54 54
САД 43783 43783
СЛОВЕНИЈА 2611 109
ГЕРМАНИЈА 61105 42550
ТУРЦИЈА 139 139
ХОЛАНДИЈА 1091 1091
УКРАИНА 9 9
ШВЕДСКА 4872 3391
ШВАЈЦАРИЈА 53907 53907
ФИНСКА 163 163
ПОЛСКА 300 300
ОСТАНАТИ 100 100
Тотал 374460 350627

2 comments:

Anonymous said...

Многу поголеми се бројќите од тие кои ги има агенцијата за иселеници. 47 илјади во САД? Толку има само во Џерси можеби, јали мало више.
Линк бараш? Се шегуваш! НИкој нема евиденција колкав е бројот на нашите иселеници.

Anonymous said...

Тоа со Канада ми е малце сомнително ама ајде...


И Уште еднаш дај тоа тапа блог системот на off.net мигрирај го што ќе ти е прво неможам да се логирам а второ и да сакам да се регистирам неможам значи не е како што треба...

Blog Archive

Site Meter