Search This Blog

Tuesday, April 17, 2007

ИСТОРИЈА на Македонското прашање во Егејска Македонија

Барајки други написи за Панајот Димитрас налетав на еден напис на Македонско Сонце - ДИПЛОМАТИЈАТА И МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО - кој ме заинтересира со својата содржина. Имено написот колку што е можно пократко ја дава историјата на случувањата во Грција - т.е. како Грците низ историјата го туркаат Македонското прашање во Егејска Македонија ...

Уште од првите децении откако Грција ги завладеала македонските територии, насилно биле сменети топонимите, како и личните имиња на луѓето само затоа што не биле грчки.

Во 1907 година, со Законот бр.1051 и Упатството (од 10.10.1919 г.) се дадени детаљни упатства за преименување на топонимите во "новоослободителни територии на Северна Грција";

Во 1909 година, со Указот бр.125, била формирана Државна комисија за изучување на топонимите;

Во 1922 година Државната комисија за топоними го објавила Упатството бр. 426 за промена на топонимите;

Во 1926 година бил донесен Указот бр.332 за преименување на
селата, градовите и паланките;

Во 1927 година, со Указот бр.287, биле одредени казнени мерки за неспроведувањето на преименувањето.

Во истиот дух биле донесени и други закони и укази:

- На 13 мај 1929 година - Законот бр. 4096;
- На 18 јуни 1935 година - Законот бр.6429;
- На 22 ноември 1938 година - Законот бр.1418;
- На 4 декември 1945 година - Законот бр. 697.

До 1970 година во Егејскиот дел на Македонија
(денес Северна Грција) се променети вековните имиња
на 1.666 населени места, илјадници топоними, како
и
личните имиња и презимиња на целото македонско население.

Како илустрација нека послужат следните при мери:
- гратчето Рупишта е преименувано во Аргос Орестикон;
- градот Воден во Едеса;
- градот Лерин во Флорина;
- селото В'мбел во Мосхохорион;
- селото Кутлеш (кое се прослави по археолошките наоди за долината на царевите Филип и Александар) е прекрстено во Вергина и сл.

Во јули 1982 година, Парламентот на Република Грција го донесе дискриминаторскиот Закон бр.1268/82 за структурата и функционирањето на високообразовните институции, во кој со член 49 се предвидува

"забрана на грчките граѓани да студираат на универзитетите во кои наставата се изведува на јазик кој пошироко меѓународно е непознат''.

Веднаш потоа, врз основа на овој Закон, на 15 ноември 1982
година Министерството за просвета и религија на Република
Грција донесе одлука Н - 5421, со која конкретно е определено
дека
"одредбите на спомнатиот закон" ќе се применуваат за
македонските универзитети.

На тој начин грубо и слепо се негираше културниот и националниот идентитет на македонскиот народ и неговото меѓународно
право на самостојно
културно и национално издигнување.

Потоа, најголем дел од грчките студенти од кои секоја година
на Скопскиот универзитет се запишуваа просечно по 150/
200 -
се префрлуваа на соодветните универзитети во Белград,
Ниш и во Сараево, додека еден дел се вратија во Грција.

Со овој акт на грчкиот Парламент се направи дискриминација на македонскиот јазик и на македонскиот народ.

Во периодот од 19 до 27 јули 1993 година, групата составена од:
- заменик-извршниот директор на ''Хелсинки воч" од Њујорк,
- Луис Вајтман;
- Панајот Димитрас од Групата за права на малцинствата во Атина;
- професорот Ерикс Сизби од данскиот Хелсиншки комитет,
формира мисија за испитување на факти за грчкиот дел на
Македонија, со цел да се следи грчката политика која се
спроведува кон "славомакедонското" население, како и фактичката положба на населението. При престојот во Грција групата беше по стојано следена од полицијата, што спречи повеќе лица да земат учество во интервјуирањата, кое потврди дека семејните имиња на Македонците биле погрчувани, а плукани децата кои зборуваат македонски. Македонскиот јазик се омаловажувал со цел да се поттикне асимилацијата на Македонците.

Со договорот, кој го потпишала во 1920 година пред Лигата на народите, Грција се обврза на малцинствата од негрчко потекло да им даде извесни права. Така, грчката Влада се обврза да основа специјален буџет за училиштата на малцинствата.

Букварот наречен "Абецедар" во основа го има дијалектот кој се зборува во Лерин и во Битола, а беше отпечатен во Атина. Во оваа книга беше употребена латинична азбука, а јазикот значително се разликуваше од бугарскиот. Овој Буквар беше доставен и до Лигата на народите како доказ дека грчката Влада ги исполнила своите ветувања за македонското малцинство.

Грчкиот претставник во Лигата на народите, господин Василис Вендрамис, објави дека македонословенскиот јазик не е "ниту бугарски, ниту српски, туку е независен јазик''.

Тој, исто така, изготви и лингвистички мапи, кои ги покажуваат областите каде што се зборува македонски.

Сепак, букварот никогаш не дојде до рацете на македонските деца за кои беше наменет, а грчката Влада никогаш не презеде никакви чекори да им даде културни права на Македонците.

Напротив, од 1926 година семејнитеимиња на Македонците
беа погрчувани. Словенските географски имиња беа заменувани
со грчки имиња, а словенските натписи во црквите беа
отстранувани.

Црковните служби во словенските цркви беа забранети.

Во 1936 година, во времето на диктатурата на Метаксас, "славомакедонскиот јазик" беше забранет.

No comments:

Blog Archive

Site Meter