Search This Blog

Friday, April 06, 2007

РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари

Од секогаш се зборувало за реформи во здравството. Секоја Влада си правела свои реформи. Бадијала се предизборните ветувања за ваква или онаква реформа во здравството - кога нема доволно пари

Во што е проблемот. Просто е нема доволно пари.

Па кога е просто зошто се прави комплицирано. Од здравството се бара премногу. Но има една народна: “колку пари толку музика“. И сега зошто здравството да не се направи такво – по принципот “колку пари толку музика“. Веројатно затоа што така ке бидат “болни“ реформите за целото здравство.

Кога нема пари реформата треба да оди во два правца.

1. Да се обезбеди општо примарно здравство – превентива, вакцина и некои други категории од здравство кои треба да бидат потполно бесплатни за пациентите. Ако ова не може да го постигне државата, државата треба да си прогласи банкрот ...

2. Специјализираното здравство треба да се подели на приватно и државно.

За приватното нема да зборам. Кој има пари ке се лекува, кој нема ке ја бара шансата во државното здравство... (така е секаде во светот).

Но муабетот ми е дека оваа година буџетите на здравството се намалени за по 30 проценти па дури и 50 проценти ...

И сега што пошто нема лекови и репроматеријали – парите се трошат само за социјални плати за лекарите и останатиот помошен персонал. По затварање на толку фабрики – за жал ке мораме да затвориме и дел од здравството, инаку во колапс ке оди целото. Просто е нема пари клуч на врата, а вработените одат на завод за вработување – како и работниците по фабриките. Тоа треба да се случи и со просветата и другите државни институции.

Вака како е сите пари доделени од државата - преку фондот за здравство одат за плати и тоа мизерно мали кои не се доволни за оджување на минимален стандард и е одличен предуслов за мито и корупција ...

Оние кои ке останат да работат, не треба да примааат социјални плати туку треба да примаат плати со кои ке можат да го тераат месецот...

Втор проблем што произлегува од ова е болницата ке го потроши буџетот за репроматеријали во првиот месец од годината и потоа операции ке има само ако пациентите сами купуваат репроматеријали (скалпери ... други инструменти и потрошен материјал потребен за една операција ...)

Во еден друг пост зборував за тоа колкави треба да се платите...

Има и една друга сериозна работа - во здравството влегоа огромни донации во поседните 15 години ... сето тоа беше проследено со многу афери ... и “ником ништа“ ... страдаат само оние кои се во доменот од 5 до 300 евра - оние другите се заштитени како мечки во планина ... недопирливи ...

На крај - збор два за факултетите за Медицина. Најпрвин зошто не се признаени во светот дипломите. Што треба да се направи за тоа. Толку ли е тешко. Ми мириса дека некој си го штити монополот. Ако факултетот за медицина во Скопје па и било кој друг факултет не може да обезбеди меѓународно признаена диплома, по мене треба да се укине. Вака испаѓа дека немаме светски стандарди во школството но тоа е друга тема ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter