Се запрашав дали е идеал на човековота смила на постоење и живеење - нивниот начин на живот ... многу фалениот амерички начин на живот ... Морам да кажам дека нивниот начин на живот е само одраз на нивниот национален идентитет - кој додуша толку се рашири како идеологија преку филмот ... музиката ... технологијата ... воената надмоќ ... што се заканува да го зарази целиот свет ...
Изворното прашање ми беше дали богатите луѓе се доволно среќни и задоволни како го поминуваат овоземниот живот
Незнам веројатно имаат одговарано на вакви прашања ... Но мислам во могу елементи на поимот среќа - нашите весели сограѓани од Шутка (нашата “Весела долина“ ... сега не е “Силиконска долина“ ... но е доволно среќна ...) се над нивното чувство на среќа (на најбогатите ..) ... Нашите сограѓани знаат да го живеат моментот на животот
Замислите само како живеат најбогатите:
- Како во затвор - опкружени со наоружани гарди ...
- Желни се слободно да се прошетаат по улица и како секој нормален да уживаат во шопинг - или испиено пиво со некој другар - во трошка муабет и смеење ...
- Никојпат незнаат дали некој навистина ги сака - или тоа го прави заради нивните пари ...
- Често залутуваат во сопствената смисла на живот ... Не можат да најдат цел која ке ги води во животот ...
Среќа е емоционално состојба на човекот - која се карактеризира со осетување на уживањата и задоволствата
Па ако вака ја дефинираме среќата - можеме брзо да заклучиме дека:
- Од аспект на слободата - не верувам дека се осеќаат слободни - со оглед како се осудени да живеат ...
- Од аспект на сигурноста - сите знаеме колку се сигурни богаташите и колку се осеќаат среќно поради сталната присутност на неопходното обезбедување околу нив ... Верувам дека сонот им е да живеат неколу дена на пуст остров ...
- Од аппект на положбата во општеството и состојбата со материјалните добра - би требало да се среќни ...
- Но затоа внатрешен мир и лична среќа - тешко дека имаат - поради многу работи ...
Од сето погоре кажано не верувам дека најбогатите луѓе на светот се и најсреќните луѓе ...
No comments:
Post a Comment