Панајот Димитрас е еден од ретките Грци - кој го признава постоењето на Македонското малцинство во северна Грција - на нас позната како Егејска Македонија ...
Панајот Димитрас е председател на Хелсиншкиот комитет на Грција. Хелсиншкиот комитет во своите соопштенија и извештаи редовно известува за непочитувањето и негирањето и непризнавањето на постоењето на Македонско национално малцинство во Северна Грција ...
Осем за непризнавањето на Македонското национално малцинство - Грчкиот Хелсиншки комитет зборува и за постоењето на Албанци и Роми - истотака непизнаени од Грчката држава ...
** На прашање на денешен Дневник - зошто Грчката влада инсистира дека во земјата има само едно малцинство - Муслиманите. Зошто властите во Атина стравуваат да ги признаат Македонците како малцинство и каков е вашиот коментар на официјалната политика?
** Целиот свет, вклучувајќи ги институциите за човекови права на ОН и на Советот на Европа, како и сите меѓународни невладини организации инсистираат дека Грција мора официјално да ги признае сите групи што бараат статус на национално малцинство, значи и Македонците и Турците, вклучувајќи признавање на нивните здруженија. Ова е единствениот начин да се почитува меѓународниот принцип на самоидентификација, кој Грција го поддржува за грчките малцинства на Балканот.
Во меѓународни рамки функционери на грчката надворешна политика неодамна тврдеа дека нема малцинство бидејќи има премалку луѓе што го зборуваат „словенскиот идиом“. Тие настојуваат да го игнорираат нивниот број и забораваат дека всушност грчкото малцинство во Турција брои помалку од 2.000 луѓе, а „Виножито“ на избори добива од 3.500 до 7.000 гласа. Грција изгледа се плаши да ги признае националните малцинства зашто смета (што е сосема погрешно) дека тоа можеби ќе го ослаби, дури и ќе го загрози грчкиот идентитет. (одговара Димитрас)
Во написот - Грција се плаши од македонско малцинство ... Дневник на Панајот Димитрас, претседател на Грчкиот хелсиншки монитор - поставува уште неколку интересни за нас прашања:
** Постои ли врска помеѓу прашањето за името и непризнавањето на македонското малцинство?
** Каков е вашиот став за грчките граѓани што се сметаат себеси за Македонци и за нивната политичка партија?
** Ги почитуваат ли грчките власти правата на тие граѓани, со оглед на постојаните критики во извештаите на меѓународните организации и на Стејт департментот? Што мислите за овие извештаи, колку се тие реални?
** Колку Грчкиот хелсиншки монитор (ГХМ) како невладина организација има влијание врз официјалната политика на земјата?
Одговорите на овие интересни за нас прашања прочитајте ги на горниот линк.
No comments:
Post a Comment