Search This Blog

Thursday, April 05, 2007

ЦЕНЗУРАНА „Во центар“ - „Досие премиер“ на Канал 5



По обидот за цензурирање на театарската претстава за Тито - која беше повлечена со лично залагање на Премиерот ... каде падна и Министерската глава за култура ... еве за кратко време имаме нова случка која може да се сведе во рубликата цензура ...

Имено Васко Ефтов припремил за вторничкото редовно емитување на неговата авторска емисија „Во центар“ во 20.15 часот - Канал 5 ... „Досие премиер“- кое треба да се емитира во две продолженија ... Емисијата иако најавувана и рекламирана е повлечена во последен момент од програмата ... со образложение дека во тој термин ке се емитува кошаркарски пренос ... Во Врска со емисијата се вжештил мобилниот на Васко Ефтов и сопственикот на Канал 5 ...

Према Утрински ... „Досие премиер“ на Канал 5 повлечено без образложение ... Брoj 2352 четврток, 05 април 2007 ...

Што содржи „Досие премиер“ ...
**
Во досието се обработува темата кои се луѓето на премиерот Никола Груевски, како тој владее во Македонија.
** Авторот Васко Ефтов прави политичка и финансиска анализа на владеењето на премиерот и во најавата за емисијата стоеше „како човек со толку мала лидерска харизма има толку голем политички рејтинг меѓу македонските граѓани“.
** Гости во емисијата на Ефтов посветена на премиерот биле претседателот на Хелсиншкиот комитет, Исо Руси, првиот човек на Државниот судски совет, Бекир Исеини, Милован Стефановски, член на Советот за радиодифузија, потпретседателот на Собранието, Иван Атанасовски.
** За потребите на емисијата биле интервјуирани и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Хари Хаџиристески, директорот на Центарот за превенција на кризи, Панде Лазаревски, и Ѓорѓи Спасов од СДСМ.

Морам да кажам дека Васко Ефтов со ова покажува или дека има голему м**а - или директно е платен од опозицијата да прави емисија - со која може да го урива високиот рејтинг на Премиерот ... Или е нешто трето во прашање ...

Во едно интервју Ефтов за себе ке рече: “Храброста е инстинктивна категорија - или ја имаш или ја немаш. Повеќе би сакал да ме наречат паметен отколку храбар!“ ...

Како и да е во денешно време не постои начин да се спроведе тотална цензура .... Вака “цензурирана“ - всушност оваа емисија е изрекламирана ... и ке добие на цена и популарност ... Секојпат ке се најде некоја друга телевизија или медиум која ке одстапи простор ...

Дали со ова -Васко Ефтов скокна без падобран ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter