Малите хидроцентрали се модерни во Македонија ... но само на хартија и во плановите на политичарите ... Мислев дека во Македонија не постоат вакви хидроенергетски објекти ... Малку истражував - се разбира на интернет и еве до што дојдов ...
Малите хидроцентрали се најзначаен обновлив извор на електрична енергија. Секаде во светот ваквите енергии се сметаат за чисти, обновливи и затоа државите ги стимулираат изградбата на вакви постројки и производството на енергија со давање разни бенефиции: грантови, многу поволни кредити, даночни олеснувања, зголемена откупна цена на производената струја и друго.
Малите хидроцентрали во светот, па и кај нас, стануваат се' поактуелни заради предностите што ги имаат - претставуваат еден од најчистите и најзначајните обновливи извори на електрична енергија, искористуваат мнагубројни, некогаш и занемарени хидроенергетски ресурси, не ја загадуваат животната средина, со своите акумулации често ја облагородуваат околината. Со секој производен киловат-час електрична енергија се штедат 1,5 до два килограма лигнит или 0,25 килограми мазут. Тие се водечки извор на обновлива енергија во ЕУ.
Во Македонија, заради изградба на поголеми хидроцентрали, во шеесеттите години од минатиот век е прекинато со градење мали. Во 1982 година се вратил интересот, кога, од тогашниот Комитет за енергетика, е изработена Студија за можни мали и мини-хидроцентрали во Македонија, во која се согледани можности за изградба на 406 објекти со вкупна инсталирана моќност од 258 мегавати и вкупно средно годишно производство на струја од 1.094 гигават-часови. До денеска не е изградена ниедна мала хидроцентрала на река, предвидена во студијата ...
Во првите 15 членки на ЕУ има околу 14.000 мали хидроцентрали. Во новопримените членки има уште околу 3.200. Во Италија има околу 2.500, во Франција речиси 2.000, во Норвешка 1.000. Во Македонија има 21 мала хидроцентрала. Најстарата е на реката Пена кај Тетово, пуштена во погон во 1927 година. Околу половина од овие објекти се изградени до 1953 година, а последните четири, на системот за водоснабдување во Кавадарци, се пуштени во погон во 2003 година. Малите хидроцентрали во земјава се само шест отсто од вкупната инсталирана моќност во хидроелектрани. Сите се приклучени на електродистрибутивна мрежа и се сопственост на ЕВН (Пена, Матка, Зрновци, Песочани, Сапучница, Дошница) и на јавни претпријатија (Турија, Стрежево, Систем Попова Шапка, Лукар-Кавадарци).
Покрај недоволната соработка и наводната политичка конотација на проблемот, познавачите се поделени и во поглед на техничката документација за овој сектор. Покрај Студијата за енергетскиот сектор изработена во 1982 г., постои и Национална стратегија за енергетски развој на РМ - Развој и модернизација, изработена од МАНУ (1997 г.), потоа Развој на мини-хидроцентрали - проект на GEF, како и Рехабилитација на мали хидроцентрали во РМ, проект на ECOLINKS (2001г. ). Исто така, во студии на Светска банка и ЕБОР се обработени потенцијалите и можностите за инвестиции во овој сектор.
Просечните водотеци на поголемите реки во Македонија во м3/сек се:
- Вардар 144.9
- Треска 24.2
- Пчиња 12.54
- Брегалница 1.21
- Црна Река 23.44
- Црн Дрим 47.7
- Струмица 4.18
Читајки го денешниот Дневник - Со една турбина свети цела шума - пријатно се изненадив дека
** Длабоко во малешевските шуми, на нецели 100 метри од изворот на Брегалница, бизнисменот од Пехчево Стојан Поповски ја изградил првата приватна мала хидроцентрала во Македонија.
**Инсталираната моќност на малата „френсисова“ турбина е 10,7 киловати, кои се доволни да ги снабдат со струја неговиот хотел и рибникот со придружните објекти.
** Поповски со струја го снабдува и предавателот на „Македонски телекомуникации“, со што им овозможи на стотици жители во околните села да имаат мобилен телефон. За возврат, од телекомот добил бесплатен фиксен телефон во хотелот.
** Првите киловат-часови електрична енергија хидроцентралата ги дала во летото 2003 година ...
Поповски ги поминал сите пречки што му ги правела МК администрација ... за на крај среќно да заврши приказната - со свеќено пуштање во употреба на објектите - кои ги осветува лично, неговото блаженство господин господин Стефан,
** Објектот произведува 90 мегават-часови електрична енергија годишно, што изразено во пари е околу 600.000 евра, и е сосема доволно за потребите на хотелот, на пумпите за рибникот и на базната станица на телекомот. Во целиот објект се вклучени сите можни грејни тела. Грејалките, бојлерите, печките на струја, светилките, се' што може да троши струја е вклучено, без оглед дали е ден или ноќ.
** Струјата варира од 220 вати до 380 вати. Кога поради зголемен доток на вода производството ќе дојде до критичната граница, тајмерите и регулаторите автоматски ги вклучуваат сите можни потрошувачи за да се избалансираат производството и потрошувачката.
** Сопственикот вели дека целата инвестиција за изградбата на малата хидроелектрана и градежните работи го чинела 50.000 евра, а за две-три години целосно ќе му се исплати се' што вложил за да ја изгради. Експертите велат дека оваа хидроцентрала спаѓа во групата на најмалите, таканаречени „пико електрани“.
Пребарав на интернет и не неајдов друг напис за малата хидроцентрала на бизнисменот од Пехчево Стојан Поповски. Но затоа се изначитав за воспевувањето на малите хидроцентрали во Македонија индексирајки “мали хидроцентрали“ - на пребарувачот Најди ... и на Google “мали хидроцентрали“ ...
Издвојувам неколку интересни написи:
- Бизнисот со мали хидроцентрали се по атрактивен ... Капитал, Број 386, 12.04.2007
- За мали хидроцентрали се пријавиле 120 компании ... Утрински ... Брoj 2336 сабота, 17 март 2007
- Малите хидроцентрали голем предизвик за инвеститорите ... Дневник- вторник, 27 февруари 2007
- Објавен првиот тендер за изградба на 60 мали хидроцентрали ... Од сајтот на Владата на РМ - 14.2.2007
- Ќе се градат 60 централи на Вардар, Струмица и Црн Дрим ... Утрински - Брoj 2310 четврток, 15 февруари 2007
- Струјата од малите хидроцентрали ќе има стимулативна цена ... Утрински- Брoj 2289 понеделник, 22 јануари 2007
- МАЛИ, АМА ТЕХНИЧАРЧИЊА ... Форум Плус, број 61, 24.11.2006
- Водата може да заштеди 100 милиони евра за струја ... Дневник- среда, 04 октомври 2006
- Во Кичевско ќе се градат шест мали хидроцентрали ... Утрински-Број 1995 понеделник, 16 октомври 2006
- “Гранит” во конзорциум со енергетски фирма и банка од странство бара 200 локации за мали хидроцентрали ... Капитал, Број 327, 02.02.2006
- Малите хидроцентрали заглавија во бирократски лавиринти ... Дневник-Број 2970 сабота, 18 март 2006
- Владата ќе распише тендер за 406 мали хидроцентрали ... Дневник-Број 2964 сабота, 18 март 2006
- Во март ќе почне изградбата на хидросистемот „Бошков мост“ ... Утрински-Број 1953 понеделник, 16 октомври 2006
- Голем „Чебрен“ - голема дума ... Време, број 564, 04.12.2005
- Словенечки "Турбоинститут" ќе изгради 20 мали хидроцентрали ... Утрински- Број 1803 понеделник, 2005-06-15
- Риби, туризам, а сега и струја ... Вечер- 2005-05-07
- За изградба на електроцентрали ќе се бараат 350 милиони евра ... Дневник ... Број 2695 сабота, 18 март 2005
- Седум мини-хидроцентрали под наем 11 години ... Вест-Број:402 Четврток 11/8/2001
- ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОРИ НА БАЛКАНОТ ...
No comments:
Post a Comment