Еве вака оди муабетот меѓу дваица Македонци - од кои еден е невработен ... муабетат како да се вработи невработениот ...
“..Па глуп еден учлени се во една од двете партии ... ако сакаш вработување ... а ако сакаш брзо вработување - учлени се во партијата на власта ...“
Институцијата конкурс одамна го изгуби своето значение. И во минатиот систем беше отрцана институција ... и во овој систем на “Демократска/Демагогија“ истото продолжува ...
Видете само по изборите и смената на власта колку бргу се сменуваат функционерите ... преку ноќ би рекле ... најважно од се е да си член на одредена партија и близок до лидерот на партијата во власта ...
Предлагам да се легализира ситуацијата и да се укинат конкурсите ... да не се губи време и пари ... и така нели се е наместено ... Во шала некои луѓе велат со “конкурсот“ да оди и слика за идниот вработен ...
Во еден мој пост со слична проблематика еден блогер коментираше:
- “...И едните - СеДеСеТо, и другите - ВеМеРеТо, партиските вработувања ги подразбираат како прилично нормална работа. Како цигара по секс и кафе за време на пауза...“
- Даде пример од вработувањето во школството ...“ ...Прво, човекот се прима на работа, работи месец дена со некаков нужен договор за „работа“, а дури потоа се распишува фиктивен конкурс. Така да кога конкурсот ќе излезе во весник - веќе готова е работата. Некој веќе е примен на тоа работно место.
- Секс у здрав мозок за оние кои ќе се пријават на конкурсот верувајќи во неговата исправност...“
- За да заклучи со “...институцијата конкурс пропишана со законот воопшто и во никој случај не функционира. Важно е да го знаеш директорот, подрачниот началник, министерот или партискиот координатор т.е. претседателот на општинскиот комитет..“
Кога новава Влада дојде на власт по определено време незадоволното членство од ВМРО-ДПМНЕ му замери на премиоерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека недоволно брзо и во слаб број се вработуваат нови партиски кадри во државната администрација ... Членството на ВМРО-ДПМНЕ пред експлозија, каде се ветените вработувања?
утрински-Брoj 2294 сабота, 27 јануари 2007
- Сведување на јавната т.е. државната администрација на поднослив број - кој може да го издржи буџетот на РМ ... Половина од буџетот на РМ оди за плати на администрацијата ...
- Менување на администрацијата од ситемот на партиска администрација во систем на Администрација од кариера ...
- Подмладување на Администрацијата - поради потребата од познавање на нови технологии ...
- Профенионализација на Администрацијата ... Прав човек на право место ...
** Македонија последниве месеци добива негативни оценки од европските институции во однос на партизацијата на администрацијата и нејзината нереформираност.
** Бројот на вработените во јавната администрација, државните органи и претпријатија, здравството, образованието, судството, локална самоуправа... последниве 10 години варирал - од 92.000 во 1998 година, 128.000 во 2002 година, за минатата година да стаса до бројката од околу 110.000.
** Ниедна влада не се нафаќа сериозно да ја реформира администрацијата. Напротив, од избори до избори таа се користи за да се вработат партиски војници.
** Со 12.057 вработени, МВР е најголемо министерство, кое, според експертите, е типичен пример за превработеност во еден државен орган. Според европските параметри, на земја каква што е Македонија и' се доволни најмногу околу 10 илјади припадници на полицијата.
No comments:
Post a Comment