Го слушав пред некој ден д-р Кедев како со воодешевување зборуваше за ООЗТ (Основна Организација на Здружениот Труд) ... каде своевремено во 80-тите години бил примен на ООЗТ Кардиологија ... (или така нешто ...) ... Сега демек по 20 и кусур години централизиран Клинички центар со децентрализацијата системот повторно ке се врател да функционира како во добрите стари Социјалистички времиња - во вреињата на ООЗТ-њата кои дојдоа како реформа на Претпријатијата во крајот на седумдесетите (најубавото време на Социјализмот - кој го живеел знае ... кој не нека го праша дедому .) ) ... Се прашувам зошто 25 гобини загуба во експериментот наречен централизација ...
Кедев истакна истотака дека Здравството е во стален процес на реформи - веројатно мислеше на новите технологиии на лечење ... но ако мислеше на промените во начинот на организираноста на здравството и специјално Клинички - тогаш незнам ...
Во здравството се трошат на секои 4 години милијарда евра ... тоа е тоа што мами ... многу пари за лошо здравство ... башка безброј донации ...
Инаку во здравството се отиде во приватизацијата на примарното здавство - што по мене е грешка ... Тој дел требаше да си остане државен пред се ... со можност кој сака да отвара и приватно примарно здравство ... Преку тој столб требаше да се одвива минималниот пакет на бесплатното здравство за сите граѓани ... Како и со минимум болнички капацитети во државна сопственост и управа - кои ке го затвараа пакетот на услугите на бесплатното здравство ...
Вака болничкото здравство т.е. клиниките со децентрализацијата на одлучувањето и се враќаме во веќе виден систем на ООЗТ-зацирано здравство ... Не велам дека така ке биде полошо ... Прашањето е зошто некој тоа го уништи за да повторно открие дека топла вода се правела подобро на тој начин ...
Во здравството има премногу луѓе што матат вода ... а знаеме дека водата се мати за да полесно се фаќа риба и тоа онаа крупната ...
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ... 6 Април, 2007
- МОЌНИЦИТЕ - во бизнисот со лекови во Македонија ... 31 Март, 2007
- Операција во гаќи ... 16 Јуни, 2006
1 comment:
Заборавив да додадам во постот - децентрализацијата на клинички и воопто здравството - носи повторно воведување н служби кои своевремено се централизираа на ниво на Клинички ...
- Смедководство
- Набавка
- Исхрана
- Чистење и сл ...
Сето тоа ке бара нови работни места ...
Инаку се сложувам дека со децентрализацијата ке се зголеми одговорноста на самите болници и институти ... т.е. ке се знае дека ако нешто не штима нема да може да се префрла одговорноста на оние од погоре - дека ненавреме ги перат чаршафите ... лоша е исхраната ... нема шприцови ... нема плата ... и други “ситни“ проблеми ...
Post a Comment