Search This Blog

Sunday, April 08, 2007

БЛАГОСОСТОЈБА

Што треба државата да обезбеди на своите граѓани - за да биде почитувана ...

Американскиот председател Кенеди во едно инспиративно интервју кажа - “... а сте се запрашале ли вие како граѓани што сте направиле за оваа држава ...“ Ова е стално цитирано од некои наши поитичари кога новинарите ке ги подсетеа - со тоа дека недоволно работат на остварувањето на улогата на македонската држава во однос на очекуваните права на македонскиот граѓанин ...

Што очекува секој македонски граѓанин од својата држава:

- Безбедност;
- Слобода;
- Ред;
- Правда;
- Благосостојба;

Кога македонскиот граѓанин споредувајки ги резултатите на “оваа“ или “онаа“ политичка партија во однос на безбедноста, слободата, редот, правдата и благосостојбата - и во зависност од остварените резултати во изборниот мандат - се одлучува да гласа за оваа или онаа партија ... тогаш ке ја постигнеме демократската зрелост ... и ке имаме услови да имаме вистинска власт и држава ... дури тогаш ке бидеме “свои на своето“ ...

Вака паднавме во замката на квазинационалните и големонационалните определби на оваа или онаа политичка партија ... во преголемите неостварливи ветувања ... и после Цацко ни бил крив зошто не ни одело во економијата ... зошто ни е нарушена безбедноста ... зошто владеа анархија наместо ред ... зошто органите на правдата се на столбот на срамот - поради подршките на оваа или на онаа гарнитура ...

Благосостојбата треба да си дојде сама по себе - откако ке се решат предусловите за да се дојде до благосостојба - решавајки еден по еден проблем во континуитет ... Континуитетот е потребен бидејки враќањето и почнувањето од стартна позиција не е решение на проблемот ... Но за да има континуитет - треба претходно да има заеднички договор за стратешките цели ...

Македонија во овие 16 години е нападната од неодговорни политички умови корумпирани од неповторливата историска шанса за лесно и безгрижно владеење.

** Во отсуство на какви било инструменти на демократска контрола и на независно јавно мислење кое е производ на политички писмени граѓани и непоткупливи интелектуалци, македонската демократија стана плен на партиите за кои шеснаесет години, временски не беа ништо - само четири мандати!
** Никогаш нема да го дознаеме најважното: она што не ни се случило! Имено, нема никогаш да дознаеме за среќата на армијата нововработени кои со својот труд обезбедуваат пристојна живејачка за семејствата, за среќата на родителите чии деца се граѓани на општество кое нуди шанси, за среќата на старост во достоинство...
** Македонската држава се' уште не може да се пофали дека ги изградила трите столба на својата државност: ефикасни политички институции, солидна економија и задоволувачко ниво на внатрешно единство.
** Македонците не можат да водат дијалог со кого било внатре или надвор од државата, додека не поведат стратегиски дијалог со самите себе - меѓу себе.

1 comment:

Anonymous said...

Американскиот председател Кенеди во едно инспиративно интервју кажа - “... а сте се запрашале ли вие како граѓани што сте направиле за оваа држава ...“

Ако постои цитат кој се вади од контекст, тоа е тој на Кенеди, башка никогаш не се цитира како што треба.

Не во интерју, туку за време иганурација. Точниот цитат е повик, не прашање: „Мои американски сограѓани - прашајте не што вашата земја може да направи за вас, туку што вие може да направите за неа!

И продолжува со: "Мои сограѓани на светот, прашајте, не што америка ќе направи за вас, туку што сите заедно може да направиме за слободата на човекот.“

Ако се прочита кога е кажан, ќе се разбере на што се однесува, оттука ќе се знае дека интерпретацијата на истиот (која секогаш е слична на твојата) е резултат на непоимање. Да го прочита некој целиот говор некогаш може немаше да биде толку траги-комично цитиран човекот.

Blog Archive

Site Meter