Search This Blog

Thursday, April 12, 2007

ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ


Од секогаш постоел евроскептицизам ... уште од стартот на идејата за зајакнување на ЕУ ... Тука најголема улог играат најголемите играчи ... Франција од почеток го бојкотирала ЕУ интегрирањето со таканареченото празно столче ... долго време не одела на средбите на ЕУ лидерите ... За своето земјоделство има обезбедени големи бнефити - сеуште ги брани ... Прва земја која не го прифати уставот на ЕУ ... Англеија никојпат не ни ја подржала во целост идејата за ЕУ интегрирањетои цело време игра на картата на подржувањето на Америчките интереси во ЕУ и е за споро одвивање на ЕУ интегрирањето ... Само таа не се откажа од својата национална валута ...

Од друга страна некако најзаинтересирана за ЕУ интегрирањето испаѓа Германија ... Германија беше заинтересирана преку ЕУ да ја искажува својата неоспорна економска и политичка моќ ... Досега најголеми добитници на ЕУ интегрирањето се Шпанија и Грција ...

Интересна анкета деновиве кружи низ ЕУ - Истражување спроведено меѓу Британците, Германците, Французите, Шпанците и Италијанците за тоа како ќе изгледа ЕУ во 2057 година, ... Со онлајн анкетата биле опфатени 6.767 лица, е спроведена на крајот на март, испитувањето го извршиле „Интернешнал хералд трибјун“ и француската телевизија „Франција 24 часа“. Учесниците во истражувањето имале од 16 до 89 години и биле со различен пол, образование, занимање и верска припадност.

Резултатите биле зарепастувачки во однос на идејата за ЕУ ... Најголеми противници за ЕУ интеграциите се токму најголемите земји членки Англија - Франција и Германија ...

Со оваа анкета се бави и денешен Дневник - во написот ... ЕУ нема да го дочека следниот јубилеј?! ...

**
Иако мнозинството смета дека проширувањето ќе продолжи, па дури ќе ги вклучи и Русија и Турција, најмалку евроскептицизам покажуваат земјите што се во полоша економска позиција - Италија и Шпанија, а најмногу Германија, Франција и Британија - вели професорот. (Тимоти Гартон Ес, од Универзитетот во Оксфорд)
** Половина од испитаните Германци, Британци и Французи сметаат дека квалитетот на животот за 50 години ќе биде полош, додека така мислат само петтина од Италијанците и Шпанците. Сепак, најмногу загрижува фактот што дури 40 отсто од Британците и 25 отсто од Германците сметаат дека ЕУ нема да ја дочека следната педесетгодишнина.
** ЕУ ја промаши темата, а прашањата за слободата, мирот, правдата, напредокот, различноста и солидарноста се занемарени. Веќе не знаеме ни за што служи ЕУ, ниту што е добро за неа. Итно мора да почнеме нова приказна.
** Најсложни по прашањето на енергијата - околу 60 отсто од нив сметаат дека енергијата на ветерот и на сонцето ќе ги истиснат останатите, а дека нафтата како енергенс ќе биде целосно напуштена. Од друга страна, Британците и натаму мислат дека половината од енергијата во нивната земја ќе биде - нуклеарна.
** Англискиот јазик и натаму ќе биде доминантен, а еврото ќе остане важечка валута, иако петтина од Британците и натаму ја посакуваат националната валута. Мнозинството испитаници сметаат дека ЕУ нема да стане федерална целина и оти нема да има еден претседател, како САД. Христијанството ќе остане доминантна религија, иако следена од исламот во чекор.
** Ннозинството од анкетираните во сите држави во наредната половина на векот очекуваат и нова војна, и сметаат дека мирот на територијата на целата Унија е малку веројатен.

Повеќе текстови за евроскептицизам тука ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter