Председателот Црвенковски организира во Охрид самит со други осум председатели ... на 19 овој месец во Охрид.
Претседателите на Романија, Трајан Басеску, на Хрватска, Стипе Месиќ, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Албанија, Алфред Мојсиу, на Србија, Борис Тадиќ, на БиХ, Небојша Радмановиќ, и потпретседателот на Бугарија, Ангел Марин, доаѓаат во Македонија за Самитот "Долгорочна енергетска стабилност - предуслов за економски развој", што ќе се одржи наредниот ден, на 20 април, во охридскиот хотел "Метропол".
За ова цел малку се ставени по страна недоразбирањето на Владата и Председателот на РМ ... Во организацијата на самитот се вклучуваат МНР и владиниот Сектор за општи и заеднички работи, кои ќе бидат задолжени за протоколот и МВР, кое со над 500 полицајци ќе се грижи за безбедноста. Самитот ќе ја чини државата 6 милиони денари.
** Ова ќе биде 3. Самит на шефовите на држави од Југоисточна Европа. Првиот се одржа пред две години во Драч, Албанија, а вториот лани, во Караѓорѓево, Србија
** За подобро да се упати во проблематиката на темата што сам ја одбрал, Црвенковски пред Самитот ќе ги собере сите експерти за енергетика во земјава, за да го брифираат за актуелните состојби во енергетскиот сектор во регионот и Европа.
** И покрај тоа што темата на Самитот е економска, се очекува во билатералните разговори меѓу претседателите да доминира косовското прашање.
No comments:
Post a Comment