Photo finish
Вака е представена во форма на фото вест пародијата на Блогот на tepaj_vreme - која ја постави на својот блог уште на 15 Април, 2007 ... во постот - Предлог: нов дизајн на денарите ...
Во постот на исклучително оригинален и забавен начин со помош на имагинацијата на tepaj_vreme и чудата наречени Фотошоп - tepaj_vreme дава “предлог за редизајн на нашите пари“ - кои на ваков начин ја одсликуваат стварноста ...
Блогерите ја имаа таа предност четири дена порано пред останатата македонска јавност да се забавуваат со изгледот на новите пари и на авторот да му сугерираат нови идеи и предлози за редизајнирањето на нашите пари - кои вака би го одразиле Македонскиот национален Идентит ... Штета што не се појави редизајнот пред журката кај председателот - ке станеше збор и за овој предлог ... т.е. дали навистина го одразува сегашниот Македонски национален идентитет ...
Тука ми беше зборот дека имавме привилегија благодарејки на блогот и интернетот 4 дена пред сите во Македонија да се забавуваме ... а еве дури сега забавата преку дневниот печат се шири и за останатата Македонска јавност ...
Но повторно истиот проблем како случајот со - Генијалноста на шпиц ... и тука нема линкување на изворот ... барем не на интернет изданието ...
Морам да кажам дека блогерите секојдневно “крадат“ по некоја идеја а поготово слика од дневниот печат - но барем имаат доблест да го наведат изворот и да линкувааат ...
Пак јавно прашувам - зошто дневниот печат не линкува извори ... ??!
п.с.
Во секој случај како интернет корисници имаме привилегија да ја гледаме целата серија на редизајнираните пари ... имено на фотките пренесени во Вечер - фалат неколку новчаници:
1 денар со Антониот Милошевски
10 денари со Владимир Ѓорчев
102,5 денари со Амди Бајрам
1000 денари со Љупѓо Георгиевски
10000 денари со Џорџе Арсов
100000 денари со Киро Глигоров
1000000000 денари со Васил Тупурковски а.к.к. Циле
Башка што останатите се скратени од забавните коментари на постот ...
Како и да е ова е уште еден пример за страшниот продор на Блогот како медиум - кој создава и лиферува вести брзо и пред сите ...
No comments:
Post a Comment