Search This Blog

Wednesday, April 11, 2007

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Често ми се случува да се сретнам со определена појава која во старт не ми е јасна ... Тогаш за да ги разјаснам определените појави и случувања - кои во одреден момент не ми се јасни се служам со *(1)анализирање на определената појава ... Заради мојата професија на економист често ги анализирам економските движења - но и сите други кои ми се интересни во даден момент ...

Еден аналитичар како мене за да направи веродостојана анализа мора да се користи со бројки ... За да се дојде до точни бројки за појавата која се анализира имаме предходно долг и макотрпен процес на прибирање на податоци за појавата ... Ова таканаречено статистичко следење на работите е вистинска макотрпна и скапа работа и на прв поглед за многумина е непотребно губење на време ... Организираните компании и фирми во своите засебни одделенија секојпат имаат и едно специјализирано оделение за статистичко прибирање и следење и анализирање на податоците ... кое често се нарекува и аналитичко одделение - поради анализите кои следат на база на прибраните податоци ...

Бидејки најчесто следам појави кои се поврзани со случувањата на државно ниво - најчесто сум упатен на податоците кои ги изработува Државен завод за статистика ... За да ги следат состојбите и движењата на државно ниво секоја држава има Државен завод за статистика ...

Државната статистика е стручна независна дејност која врз база на научни основи, на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, јавните служби, јавноста и другите корисници им обезбедува податоци за состојбата и движењето на економијата, човековите ресурси, демографијата, заштитата на животната средина и природата и другите области.
Под статистичко истражување се подразбира: подготовка, прибирање, обработка, складирање и чување на податоците, анализа и искажување на статистичките податоци за појавите ...

Меѓу другите задачи кои се доверени на нашиот Државен завод за статистика - ке ги истакнам основните:
- прибирањето и обработката на статистички податоци;
- вршње анализа на статистичките податоци и толкување на резултатите од статистичките истражувања;

Ако погледеме која е мисијата на
Државен завод за статистика - а тоа е да им обезбеди објективни статистички информации и анализи на корисниците (Владата, Парламентот и пошироката заедница) кои се потребни за подобрување на процесот на деловно одлучување, демократизацијата на општеството и истражувачката работа ... ке се запрашаме дали нашиот Државен завод за статистика ја исполнува својата мисија ...

Мојата оценка е непреодна оценка ... Бидејки наместо заклучоците да ги донисуваме пред се на база на статистичките испитувања на нашиот Државен завод за статистика ... ние се почесто користиме разни анализи на странски “Институти“ и “Агенции“ ... како што се Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) ... ИРИ, НДИ, Брима Галуп, Институтот Вилијамс и други ...

Јас не верувам многу на анкетите - кои разноразни “Институти“ и “Агенции“ ги прават кај нас ... “Не верувам“ не значи дека велам дека резултатите не се точни ... но од друга страна се чудам на инертноста на нашиот Државен завод за статистика - кој никаде го нема да се појави со интересни истражувања на јавното мнение кои за свои зелиги прават разноразни странски “Институти“ и “Агенции“ .... Зошто е тоа така ??

Дали некој намерно ја кочи работата на
нашиот Државен завод за статистика ... или се работи за некомпетентност и нестручност ... или едноставно немање на пари ... или ... ??!
Каде и за што Државниот завод за статистика ги троши нашите буџетски пари ... Буџетот на ДЗС е цирка о.2 проценти од вкупниот буџет на Владата на РМ ...

На сајтот на Државниот завод за статистика постои програма за работа ... а самите се фалат дека ДЗС годишно спроведува 273 статистички истражувања ... годишно произведува 30 публикации и 27о соопштенија и реализира 650 барања за необјавени статистички податоци ... ДЗС има 240 вработени од кои 3 магистри и 152 во високо образование ... 70 проценти се жени ... 43,5 години им е просечната возраст и имаат просечно 16 години работен стаж ...

Бројката од 273 вработени од кои повеќето се високообразовани со задоволителна просечна старона структура - би требало да значи дека има добри предуслови за добри и стручни статистички податоци ... Но вистинско прашање е зошто ги нема присутни во јавноста со актуелни анализи ... зошто приматот во јавноста им го зимаат малите
“Институти“ и “Агенции“ ...

За да направите разлика како работи нашиот
Државниот завод за статистика - посетете го сајтот на нашиот ДЗС и сајтовите на неколку други слични заводи за статистика ...


Анализирајки ги сајтовите погоре и споредувајки го она што ни го дава нашиот сајт за ДЗС - ке додјдеме до сознание дали нашите пари потрошени за ДЗС (Буџетот на ДЗС е цирка о.2 проценти од вкупниот буџет на Владата на РМ)

Последната оценка на работењето на ДСЗ е нправена во далечната 2001 година ... редно е да се направи нова оценка ...
........................................................
*(1) - Зборот Анализа потекнува од (грчки ανάλυση, од старогрчкиот глагол ἀναλύειν, analyein – да раствориш) ... Анализа представува процес на “раздвојување“ (на делови) на некаков концепт, правило, мисла, ... значи раздвојување на поедноставни составни делови ...

За оваа цел вообичаено се служам со одредени статистички алатки ... со анализа на податоци ... Цел на ваквата анализа е утврдување на состојбата на анализираната појава и испитување на причините кои довеле до состојбата или анализираната појава ... Самата анализа не представува некакво менување внатре во појавата - туку само констатација на состојбите на анализираната појава ...

Целта на ваквите анализи е да се престави анализираната појава во вистинско светло ... и анализрајки како дошло до појавата ... кои фактори допринееле за состојбата на појавата ... до каде стигнала појавата ... можно е да се дадат правци како да се подобри развојот на појавата ... Малку префилозофски е ова но се надевам дека ме разбравме ... Но и самиот збор анализа пред се прво го среќаваме во филозофијата ( која представува меѓу другото и обид да се разберат мистериите и стварноста ...) ... потоа во математиката .. хемијата ... психологијата ... и многу други науки ...
.....................................................
На слична тематика имав постови:
- РЕЗУЛТАТИ И АНКЕТИ - 7 Април, 2007 - 13:06
- ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - Invest in Macedonia - 23 Март, 2007 - 15:04
- МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА - 2 Јануари, 2007 - 03:17
- Пак за Македонските плати - 26 Април, 2006 - 02:36
- Македонија во бројки - 12 Април, 2006 - 14:29
- Бројот на вработени е ? - 12 Април, 2006 - 14:28
- Цицање на големо од Малото стопанство - 12 Април, 2006 - 14:27

1 comment:

Photo Volan said...

Меѓу главните мои замерки кон ДЗС е малиот број на официјални статистики и статистички податоци - објавени на интернет страната на ДЗС ...

На многу страни на официјалните податоци на државни институции имаме стари статистички податоци кои не се ажурираат ...

Осем што ДЗС прмарно служи на Владата и Собранието на РМ - тој служи и за потребите на сите граѓани кои најлесно би преземале податоци од интернет страната на ДЗС ... но такви содржини има премалку ...

ДЗС мора да доживее трансформација во сообразност со европските Државни заводи за статистика ...

Blog Archive

Site Meter