Search This Blog
Saturday, March 04, 2006
е-Влада
Еве и тоа се случи, бидна е-Влада. Вчера ги видевме министрите и Премиорок како се сликаа во Гевгелија со лаптопите пред нив. Нови купени од зелено пазарче :)
Еве Јован едно е-ова Бидна. Стратегијата се остварува. Сега ко ке рипне пенетрацијата!! .
Добри беа лаптопите Црни на црвена маса. И сега што ако е е-Влада. Јован дајми линк каде ке можам да слушнам за што расправаше владата и кој што кажа... Јас тоа очекувам од е-Влада транспарентност. Ако неможам јавно да истражувам што тоа рекоа на влада, ова ке го сметам само шминка и трошење на пари залудно. И така пола од министрите незнаат ни што е тоа маус.....
Инспирација за ова ми беше написот во Дневнник Е-влада, еее...
Утрински Владата потрошила за сендвичи, а заштедила на дневници
МИА ЧОЛАКОВСКИ: СО Е-ВЛАДА ПОЕВТИНИ И ПОБРЗИ ВЛАДИНИ СЕДНИЦИ -
Продолжение во првиот коментар
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
March
(27)
- Винарската визба Тиквеш пријави шесткратно зголему...
- Бујото инжинеринг отвора нов објект во скопската н...
- Гранит ќе го поправа аеродромот во Приштина за 14,...
- “Макстил” со раст на профитот од 79,70%
- Македонската просечна плата не е доволна ни за соц...
- Основни податоци за Република Македонија - за Инте...
- ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА - нарачани
- Бугарски Глобал кабел ќе ги купи кабелските телеви...
- Интернет понуда на Он.нет
- Интернет цени од МТ.нет
- Нови понуди од CADIS
- Се продава 45 м2 стан со гаража близу Универзална
- За Скопските дупки на асфалтот - трето продолжение
- ПРОМОЦИЈА НА ИНТЕРНЕТ СЕРВИСОТ "НАЈДИ! КНИГА"
- За дупките, прекопите и калта по Скопските улици I...
- За конкуренцијата на Телекомот
- За дивидендата на Телеком II дел
- Сите нешто копаат по градот
- е-Книги - Дигитализација на библиотеките низ Макед...
- Уште едно здружение против монополот на Телекомот
- "Маџар телеком" со интернет телевизија
- е-Влада
- Да се укине или трансформира агенцијата за “вработ...
- Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство
- Зошто никој во Македонија не си дава оставка!?
- Коста Трпковки и АЕК на одстрел !?
- Интернет без граници! – волан предлози
-
▼
March
(27)
10 comments:
Еве ке почнам со МИА ЧОЛАКОВСКИ:
СО Е-ВЛАДА ПОЕВТИНИ И ПОБРЗИ ВЛАДИНИ СЕДНИЦИ
"По првпат една повеќепартиска Влада во Македонија одржува седница надвор од Скопје, а го направи и првиот обид за организирање електронска седница",
"На вчерашната електронска седница министрите ги добија комплетните материјали на ЦД-РОМ, со што се покажа дека вака организирана седница е поевтина, поефикасна и побрза",
Најблизок пример за организирање електронски седници на Владата (Е-Влада) надвор од главниот град е Хрватска, додаде владиниот портпарол.
"За одржување на една владина седница потребни се околу 80 топа хартија, или Владата за седниците годишно троши околу 200 илјади денари само за хартија", рече Чолаковски, додавајќи дека со воведувањето на проектот Е-Влада проценето е дека на годишно ниво може да се заштедат околу 12,5 милиони денари.
МОРЕ МОРЕ АМА КЕ УШТЕДИМЕ...
„..за одржувањето на вчерашната седница биле потрошени 30 ЦД-рома, на кои биле материјалите за седницата. .. "Во текот на вчерашниот ден, вклучувајќи ги патните трошоци, како и трошоците за сендвичи и 30 ЦД- рома, потрошени се не повеќе од 18 илјади денари",
НЕ ЧУЛЕ ИЗГЛЕДА ЗА МРЕЖНО ПОВРЗУВАШЕ И ИНТЕРНЕТ...
„..софтверот за проектот Е-Влада е дел од стратешкиот договор на Мајкрософт со Владата, додавајќи дека тоа е исто како и порталот Услуги, кој беше прогласен за најдобар, а е во најтесна конкуренција за најдобро владино решение на меѓународен конкурс..“
СЕКОГАШ КОГА ВЛАДАТА ДОБИВА НЕШТО ГАГА, ЗНАЈТЕ ДЕКА ПОЗАДИ ТОА ИМА НЕШТО МАТНО..
„..хардверот за проектот Е-Влада би чинел 150 илјади евра планирани буџетски средства, тендерот е завршен, а во тек евалуацијата на понудите..“
МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА МИ ДАДЕ ЛИНК ОД ТЕНДЕРОТ. сАКАМ ДА ВИДАМ ЗА ШТО ТОА СЕ ПОТРЕБНИ 150.000 ЕВРА ХАРДВЕР.
Утрински и дневник не се бават многу со компјутерите...
„..Владата треба да ја лечи апатијата на граѓаните. Но, не три месеци пред избори. И не со рутинска прошетка по пазари. На пазарите има се помалку граѓани затоа што имаат се помалку пари или затоа што воопшто ги немаат. Апатијата треба да се лекува за време на целиот мандат. Лекот не е туристичкото децентрализирање на Владата, туку во потребата од континуирано работење. Ако Владата донесеше нови инвестиции, ако отвореше нови работни места, ако ги стимулираше малите приватни иницијативи, ако се вработуваа стручни, а не партиски луѓе, ако законите важеа подеднакво за сите, ако судството беше ефикасно, Бучковски не ќе мораше три месеци пред избори да лечи апатија во Македонија ..“
Горниот цитат од Дневник некој ми го украл од глава и јас го потпишувам, што би рекол Јован...
e - Бучко
http://qzevski.blog.com.mk/node/7730
Ej Volan, epten si preteral. Ko Jovan si stanal. Pa mi doadja ko vesnik da citam, kaj tebe pa kaj Jovan pa na uste nekoj blog, abe zena mi ke me ostavi.
A za e-Vlada, eeeeeeeee a sto bese toa vlada. Dali bea toa onie koj cetiri godini se budea i vikaa od kade denes da strbnam. Ke da se tie. A sega demek ke stedele. Abe i koga stedat trosat. Gi boli kur za nas. Teatar si pravat.
E-vlada u WC i pushhhhhhhhh voda.
Волан,
прво не е фер овака да ме прозиваш неспремен... Како што гледаш немам ништо напишано кај мене оти малку се чудам...
Прво - ова што е направено е ОК но дефинитивно не е е-Влада туку електронско водење на седниците. Она за што се работи во стратегијата е е-Владеење со централен електронски регистар, поврзаност помеѓу министерствата и електронски едношалтерски систем (за што нели рековме прво мора реформи па ИКТ оти обратно е без врска...)...
Второ, е-седниците на владата немаат ниту имале за цел да ја приближат владата до граѓаните кои очигледно плачат за микроменаџмент. Концептот на е-Владеење не значи да си земеш шах под рака да седнеш на блиската клупа и да му дофрлуваш на министерот колку бил глуп. е-Владеење значи од дома да добиеш дозвола за градба...
Овие две причини се основата заради која во оваа вест всушност и нема некоја вест. Всушност се работи за пејперлес работа (без хартија) и тоа.... Мнооооогу треба ова да биде е-Влада.
Значи искрено е-седниците на владата како граѓанин не ме интересираат. Ако сакаат со камчиња нека бројат гласови... Она што ме интересира е граѓаните да имаат пристап до услугите (пр. преку услуги.гов.мк) - и тоа не само преземање на формулари туку директно внесување на апликации, плаќање на такси преку интернет и со еден збор - завршување на работа...
Значи, оваа вест ја проценив за куриозитет кој беше беспотребно да го спомнам бидејќи сам по себе не значи ништо повеќе отколку најава дека проектот се реализира со определено темпо.
И уште еднаш те молам не ме прозивај мене по постови.
Јован
Најпрвин извини, немав намера да те лутам. Напротив сакав да спомнам дека твоите заложби се остваруваат. Така барем најави портпаролот на Владата.
Навистина не е фер од моја страна да ти го мешам името ако сам не се уклушиш.
Ова го сметав за продолжување на слична дискусија за е-ова е-она.
Околу содржината на твојот пост - може нели.
Сето тоа ти што го спомнуваваш мене како позитива за е-Влада поприродно би ми се викало е-Администрација.
Некои такви услуги, веќе се појавија и се поздравени од сите нас, Тие ке се множат и се е тоа вред и супер...
Но зошто не си за транспарентност на тоа што го работат луѓето (кои ти и самиот како граѓанин ги плаќаш).
Па јас сакам кога работат на Влада да знам кој за што се залага. Утре ке гласам за човекот што работел, и нема да гласам за човекот што мудро си молчел...
Па сакам и да ги прозивам пред избори и за време на избори, дека не си ги остварија ветувањата.
Вака останува само да ги прозиваме и да им го мериме она што го имаат кажано по весниците и она за кое што новинарите шпекулираат во недостаток на вистинска информација.
Јас не барам од секоја седница се да знам кој што писнал. За тоа има затворени седници за јавност - тајни по карактер.
Но тогаш кога спорат за економијата е тоа ме интересира, кој за што е и од каде дува ветерот.
Вака, се се стопува во маса со штури соопштенија од владата по седниците...
Ако со е-Влада ова не ми е овозможено - тогаш им се промашени инвестиците за ваква е-Влада и ова служи ова само да се сликаат позади тастатури.
Некои од нив осем азбуката (на тастатурата) немаат поима кое копче за што служи....
Сега се прашувам што е суштината на е-Парламент.
(можеш ли да ми ја полеснш како еден од креаторите на стратегијата - што сте мислеле со е-Парламент)
Ако и тука е само „пејпар лес“ - гласам веднаш против е-Парламент уште пред старт на тој дел на е-ова е-она...
Има пооргански медиум за пренесување на седниците на Владата - телевизијата. Но не сум сигурен дека има земја во светот во која седниците на владата одат лајв. Но ако е можно, јас сум за - да оди и на ТВ, на стриминг и во транскрипт на интернет.
Инаку не се лутам лично, со тебе и со уште не знам 20-тина блогери се знаеме лично. Но кога некој посетител ќе не посети личи дека си ги вадиме очите едни со други, додека ние само сме занесени во (по некогаш)квалитетна дебата. Искрено ми сметаше да си го прочитам името исто толку пати колку што е спомната е-Влада во текстот, особено заради тоа што не бев драфтер на е-Влада туку е-Граѓани.
Јован
Не му треба на македонскиот граѓанин, уште еден ТВ циркус - доволен им е оној со парламентот. Верувај пензионерите со сласт ги гледаат тие седници за да можат после на шах као што викаш ти да си отворат муабет...
Јас сериозно мислам дека со е-Влада и е-Парламент ако не се овозможи да како граѓанин прочитам кој што рекол и за што се залагал - дека е промашена инвестиција.
Тоа се одговорни луѓе во државата, најодговорни и ако знаат дека ке им се мери секој збор, ке се однесуват многу подомаќински.
Лично немам баш многу голема желба да ги читам нашиве “мудреци“ кој што рекол. Но тоа на партиските штабови во предизборниот период а секако и на новинарите многу ке им ја олесни работата...
Ние како граѓани и плаќачи на данок, имаме право да знаеме за што расправа Владат и парламентот..
Детаљите се важни за да искочат на површина квалитетните кадри, и останат и понатака во власта а неквалитетните никојпат ке немаат шанса да добијат реизбор...
Во тоа е поентата и на демократијата воопшто чинам...
http://www.c-span.org/watch/index.asp?Cat=TV&Code=CS&ShowVidDays=30&ShowVidDesc=&ArchiveDays=30
eve kako se pravi i prati e-Vlada i e-Parlament vo USA da receme
http://www.c-span.org/watch/cspan2_rm.asp?Cat=TV&Code=CS2
eve uste eden link
Да, но C-SPAN е ТВ Канал кој има стриминг. Буквално исто како нашиот Собраниски канал.
Post a Comment