Search This Blog

Monday, March 06, 2006

е-Книги - Дигитализација на библиотеките низ Македонија


Со Петре, Творецот на “Најди“ пред некој ден се сретнавме и го повторивме муабетот за дигитализацијата на Библиотеките.

Тој има идеја да побара од сите библиотеки и поготово издавачки куќи кои имаат е-Книги, да преку некој сличен пребарувач, како за блоговите во Македонија, створи место каде ке се пребаруваат е-Книгите од Македонија. Ми кажа дека кај повеќето издавачи има разбирање за ова, но со библиотеките тешко му оди. Па беше закажал прес за овие проблеми.

За жал ако се одржа пресот јас го пропуштив ...

Тогаш му кажав дека во врска со тоа имам два слични предлога,кои ми изгледаат значајни, и на кои некој треба да поработи.

Првиот е да под хитно се дигитализираат сите картотеки од сите библиотеки во Македонија, со податоците од насловите за книгите - авторите и др.податоци кои вообичаено ги има во картотеките. Тоа би билоо од огромен допринос за ширење на научната мисла и би бил прв чекор во тотална дигитализација на Библиотеките - поготово значајните....

Вториот да се отвори проект за дигитализација на старите изданија на весниците, кои се издавани на просторите на Македонија. И по можност дел од тие написи поготово оние кои ја третираат историјата на Македонија да се преведуваат на Англиски. Сето ова страшно би допринело да се зацврстат историските вистини за Македонија...

Инспирација од денешниот напис во Дневник
Националната библиотека далеку од Европската

повеќе во првите коментари

6 comments:

Photo Volan said...

“..Мали пари, слабиот интерес на државните институции и недостигот на стручни кадри се основните причини поради кои доцни дигитализацијата на книгите во Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"..“

Ме боли оваа констатација... До кога ке чекаме само на донации... Па за да ни помогне некој тоа ние првиот лекор два треба да го направиме...

“..Од Универзитетска велат дека засега никој библиотеката не ја разбира како културен центар..директорот на НУБ, Борко Зафировски..“

Заради оваа изјава ако е точна Министерот за култура треба да си даде оставка...

“..За жал, во процесот на дигитализација, кој е еден од чекорите за претворање на НУБ во културен центар, доста сме назад. Воспоставени се сите идејни предуслови, но парите се уште се малку..“

“..Од Министерство за култура велат дека на Универзитетска не можат да и помогнат во процесот на дигитализација и приклучување кон Европската библиотека, поради нискиот буџет за култура..“

А пари за споменици на браќата и за разни прослави има...

Photo Volan said...

“.. први ќе бидат вклучени збирки од старословенски записи и ракописи, како и текстови напишани на персиски, арапски и на стари турски јазици. Меѓу првите дела што ќе бидат поставени во европската библиотечна база на податоци се и многубројни музички записи од црковно пеење..“

“..нема доволно стручни лица што ќе го одржуваат електронскиот систем и кои и понатаму ќе се грижат за внесување нови книги.

- Понекогаш пари за технологијата ќе се најдат, но уште поскапи се човечките ресурси. Освен библиотекари, потребни се информатичари, кои ќе ги полнат серверите со податоци..“

Немам коментар, нашето незнаење и глупост се големи..

Anonymous said...

Мало појаснување - сервисот Најди! Книга, како дел од http://najdi.org.mk ќе нуди full-text пребарување на печатени книги, за кои индексот на зборови ќе се вади од електронската верзија на книгите во смисла на PageMaker, Quark, Word или слична датотека. Е-книгите, во обем во кој постојат, не се од примарен интерес за Најди! Книга, бидејќи истите колку толку се пребарливи преку Гугл и ко.

За неверојатните стручност и ентузијазам на кој наидов во НУБ... во некоја друга прилика...

Photo Volan said...

Петре

Не ми кажа се одржа ли пресот или ако не кога ке се одржи.

Anonymous said...

ќе биде овој четврток во 11:00 во нво инфо центарот.

Photo Volan said...

Денеска се одржа промоцијата на "Најди! Книга"

Денешен Дневник го најави овој настан
Македонската литература на Интернет

“..- Светските искуства недвосмислено укажуваат дека сервисот ќе предизвика револуционерно зголемување на ефикасноста на наоѓањето македонски научни и културни содржини. Овој сервис не само што ќе го унапреди нивното на научна работа во Македонија туку и ќе го зголеми интересот за македонските, пред се, стручни книги од земјата - велат од "Најди"..“

Blog Archive

Site Meter