Search This Blog

Wednesday, March 22, 2006

Македонската просечна плата не е доволна ни за социјална помош

За потрошувачка кошничка 75% од просечна македонска нето плата

“..Просечната македонска нето плата за декември изнесува 13.125 денари и е повисока за 258 денари во споредба со претходниот месец. За потрошувачка прехранбена кошничка за просечно четиричлено семејство требало да издвои 9.947 денари или 75.8% од својата плата...“

Овие 9.947 денари покриваат само прехранбени артикли за четирчлено семејство.

Ајде малку весела математика. Исто такво четиричлено семејство имам и јас самиот.

ПРЕХРАНА -
17.000 денари
Неделно еднаш одам на неделно пазарење во Тинекс и Кам Маркет и трошам просечно по 3000 денари. Во текот на неделата допазаруваме ситници секојдневни за усте 1000 денари. (4000/7*30=17142 денари месечно) значи заокрушено 17000 денари .

КОМУНАЛИИ - 6.600 денари
Струја - 2500, вода 600, телефон, 1500, парно 2000,

ПРЕВОЗ - 7.800 денари
Аутобуски карти 2400, бензин 5400

ОБЛЕКА И ОСТАНАТИ СИТНИ ТРОШОЦИ 3.000 денари
Инвестиционо одржување на покуќнина 5.000 денари
Инвестиционо одржување на стан или куќа 12.000 денари
Одмор и рекреација 7.500 денари.
Останати непредвидени трошоци 2100 денари.

Значи гранд тотал 61.000 денари (или 1000 евра)

Ова е мојата пресметка за скромно живеење на едно четворочлено семејство по моја математика.

2 comments:

Photo Volan said...

Што ми е идејата.!!

Идејата ми е дека треба да се воведе даночен систем кој ке опфаќа даночна единица фамилија. Ова е скоро во сите капиталистички системи воведено.

Граѓаните се даночни обврзници т.е. заинтересирани се да плаќаат се со фискални сметки кои на крајот на годината ги поднесуват во завршна сметка за филскалната година и или ДДВ (данок) им се враќа или имаат за доплата.

Но тука ми е идејата да се оданочуваат личните приходи на секое семејство.

До минималниот износ за семеен приход данокот да е нула. Поната оданочувњето да е скалесто на личниот приход на секое семејство.

Photo Volan said...
This comment has been removed by a blog administrator.

Blog Archive

Site Meter