Градот и населбите ни се лом од безброј прекопи:
- за водовод
- за струја
- за телефон
- за канализација
- за парно
- и еве најново копање на кабелските оператори
Еднаш пред повеќе од 20 години, кога го посетив Торонто, со сестрами која е иначе Архитехт - посетивме меѓу другите работи и едно градилиште на скроз нова населба, големина колку Ново Лисиче.
Она што ми остави впечаток е тоа дека, нема шанса да се почне да се гради во населбата додека не се завршат припремните работи и стварање на Инфраструктура на населбата. А како !
Па најпрвин мора да се изгради пристапен пат, а заедно со него до локацијата да се довлечкаат сите инфраструктурни кабли и цевки за вода, одвор, струја телефон, кабелска и незнам што уште не...Да не заборавам дека патот се трасира така да секојпат куќата биде на едно пола метро повисока кота од патот, заради сливање на атмосферските води...И некој други детали кои сега за ова што сакам да го кажам не ми се битни...
Па дури потоа инвеститорот добива право на градба на објектот - населбата.
А кај нас се е наопачки.
Се даваат дозволи за градба, се гради објектот а отпосле му се мисли за приклучоците. И сега имаме ситуација на нонстоп прекопи по улици кои вчера се асфалтирани.
Сиромавиот и глупиот плаќаат повеќе пати.
А ние граѓаните ке си газиме нонстоп по кал, ке си ги кршиме колите по прекопите, кои стојат со месеци и никој не одговар а за тоа.
Има и бетер случаи кога ке се направи гланц нова улица, а по една година ке се прекопа истата за да се изгради одвод од атмосферската вода. Какво трошење на народните пари. За ова пример е Бутелска улица и улицата према Шутка. Веројатно има и други.
Инспирација за ова ми беше написот во денешниот Вест
ГРАДЕЖНАТА КОМИСИЈА ВО АЕРОДРОМ ТВРДИ
Кабелски оператори копаат без дозвола
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=113233&idg=6&idb=1709&rubrika=Skopje
Search This Blog
Monday, March 06, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
March
(27)
- Винарската визба Тиквеш пријави шесткратно зголему...
- Бујото инжинеринг отвора нов објект во скопската н...
- Гранит ќе го поправа аеродромот во Приштина за 14,...
- “Макстил” со раст на профитот од 79,70%
- Македонската просечна плата не е доволна ни за соц...
- Основни податоци за Република Македонија - за Инте...
- ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА - нарачани
- Бугарски Глобал кабел ќе ги купи кабелските телеви...
- Интернет понуда на Он.нет
- Интернет цени од МТ.нет
- Нови понуди од CADIS
- Се продава 45 м2 стан со гаража близу Универзална
- За Скопските дупки на асфалтот - трето продолжение
- ПРОМОЦИЈА НА ИНТЕРНЕТ СЕРВИСОТ "НАЈДИ! КНИГА"
- За дупките, прекопите и калта по Скопските улици I...
- За конкуренцијата на Телекомот
- За дивидендата на Телеком II дел
- Сите нешто копаат по градот
- е-Книги - Дигитализација на библиотеките низ Макед...
- Уште едно здружение против монополот на Телекомот
- "Маџар телеком" со интернет телевизија
- е-Влада
- Да се укине или трансформира агенцијата за “вработ...
- Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство
- Зошто никој во Македонија не си дава оставка!?
- Коста Трпковки и АЕК на одстрел !?
- Интернет без граници! – волан предлози
-
▼
March
(27)
7 comments:
Носењето кабли без дозвола е дел од критиката на блогерската иницијатива Интернет без граници!
Само во МК може кој што сака да тегне и копа.
Јован
Копањето ни е у крвта изгледа. :):)
Mislam deka vladata namerno gi ostava da kopaat. Pa koga se ke iskopaat i koga nema vise da ima sto da kopaat, togas so edno ura ke gi zapalat masinite i ke asvaltiraat se. Da ne se zaebavaat vaka del po del, pa taman edno isasfaltirale pak nekoj im go iskopal.
Inaku kopanjeto e dobro moze ke najdat nesto, nafta, istorisko minato itn itn.
Volan ako si bil vo Efes ke vidis deka uste pred novata era ludjeto imale urbanisticki plan, pa napravile kanlizacija tamu kade sto gradot trebalo da se siri, pa parno pa svetlo itn itn. Denes Efes e pomalku iskopan od Skopje. Mozeme stranci da doneseme i ke mislat po stari iskopini se dvizat, ke moze da se slikaat do mile volje, da se kapat vo kal (a nie ke im objasnuvame deka toa e mnogu zdravo), da pojdat na pravo relly niz ulicite na Skopje.
Pa kade toa go ima na edno mesto?
Ne zaboravaj deka Trifun uste nema napraveno firma za asfaltiranje. Koga ke ja napravi i opremi ke si skluci so nea ramkoven dogovor vo dve oci.
Не ја пропуштив првата можна прилика кога бев во близината на Ефес, а да не го посетам.
Но не мора да одиме толку далеку за до го видиме тоа кај старите цивилизации.
Скупи и Стоби се многу поблиску.
Сега се повеќе некако верувам во прикаската дека сме потомци на некои варвари кои дојдоа и ги поробија цивилизираните градови кои беа на нашава територија....
Варварите запалија се и уништија се - го оставија само златото по своите џепови. Нешто слично како што прават нашиве сегашни новопечени капиталисти !!
Од Трифун тоа е нормално и да се очекува....!?
Стварно не му текнало на никого да направи добар бизнис-туризам, водење на туристите низ ископините по Скопје. Бољи сме тука и од Венеција ако врне дожд два дена... :):)
Pa eve jas kako pioner na taa idea go povikav brat mi da mi dojde na gosti da vidi za sto zboruvam, posto on ima nekoja druga slika za Skopje. Ne mu se veruva koga mu kazuvam, pa taka sam ke moze da vidi kako toa izgleda koga ke si ja isperes kolata vo 10 vo sabota a vece vo 10.30 pred tvojata kuca imas kola so pola kilo kal na nea. Kako izgleda toa zenati da brise prasina non stop niz kuca i stalno da ja ima. Kako izgleda toa da izlezes so cisti cevli a potoa od doma da isfrlis pet kila kal koj si go sobral po pat. Ne moze da mi poveruv deka kaj nas kolite sto se isporacuvaat so drugo vesanje se isporacuvaat. Naseto e od titanium.
Ama ke dojde i ke se uveri, vika ako e taka mozeme biznis od toa da pravime so turisti.
За прашината - болна тема на нашите жени тие што сме женети.
Во една посета на Торонто, повеќе од 40 дена нонстоп. Ја прашувам тектами. Тето толку дена сме тука а не видов да бришеш прашина ?!
Ми одговори е сине тука нема прашина и нема што да бришам. Веројатно тоа е и последица на повлажната клима, но секако има и голем удел во прекопите и начинот на градење воопсто. Види ги само камионите што носат градежен материјал, шут отпад и сл.
Ниеден нема церада !!
За истово копање има повеќе детали воденешниот вечер во написот
Кабелските оператори го раскопаа Градот
линк види тука
“..ВО ЗДРУЖЕНИЕТО НА КАБЕЛСКИ ОПЕРАТОРИ ОБЈАСНУВААТ ДЕКА СЕ НАБАВЕНИ СОГЛАСНОСТИ ОД НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ОДНОСНО ПРИВАТНИ И ПРАВНИ СУБЈЕКТИ ИЛИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА ВО ЧИЈА НАДЛЕЖНОСТ СЕ НАОЃА ЗЕМЈИШТЕТО НА КОЕ СЕ КОПА. ПРОБЛЕМОТ Е ВО НАДЛЕЖНОТО МИНИСТЕРСТВО КАДЕ СО ГОДИНИ СЕ ЧЕКА НА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА..“
Пак не ми е јасно зошто почнале да копаат, пред да ги добијат сите согласности и одобренија - иако пак администрацијата ни е килава и спора...
Post a Comment