Search This Blog

Wednesday, March 08, 2006

За дупките, прекопите и калта по Скопските улици II дел

За ова пишував пред некој ден, но инспириран од денешниот напис во Вест

Нема да остане незакрпена дупка во Скопје
пак ке напишам некој ред.


Стално читам по весници и гледам по ТВ емисии дека луѓето се жалат дека си ги испоискршиле колите по скопските дупки.

Му текнало ли на некого да тужи некој што е за ова надлежен и како поминал на спорот ?

Јас до сега имам купео најмалку 3 гуми кои ми се упропастени по Скопските дупки, плус два бандаша. За предните вешања и амортизери, колку биле оштетени од последица на ударни дупки не сум водел евиденција...

Сум си викал ај да тужам, па после се одкажував, бидејќи не сум прочитал за таков судски спор. Што треба да дадам како доказ на суд - сведок или да викам полиција на увид како за сообраќаен удес или ....

4 comments:

Photo Volan said...

Не ми е јасно зошто улици и патишта или поточно градот и општините кои се надлежни за улиците се вадат на работење на асфалтната база само во лето...

Зарем не се врши асфалтирање во зимски услови. Што значи тоа шест месеци сме осудени на дупки!!!!

И што значи тоа дека ке асгалтираат прекопи само на "Топлификација", "Електродистрибуција" и "Телеком" . А другите кој ке ги крпи.

Зарем не постои регулатива за ова.

Има ли спас..

Ваљда некој што дава одобрение за прекоп има задолжено истата фирма што врши прекоп да во рок од....дена ја доведе улицата во првобитна состојба...

Не постојат ли казни за ова....

Photo Volan said...

Заборавив во уводниот топик да кажам дека првиот дел за дупките ... се однесува за написот на мојот блог

Сите нешто копаат по градот

Ико said...

Мислам дека немаш основа за некаква тужба - никој не те тера да возиш и плус никаде не стои (колку што знам) дека градот или државата гарантираат рамни улици. Ако можеш за тоа да тужиш, можеш и за многу други работи - некој ќе украде капак од шахта - друг ќе падне и ќе може да тужи. Некој со кола ќе се излизга на некој лизгав асфалт и ќе сака да тужи дека асфалтот не е добар...штознам, мислам дека не е изводливо таква тужба да се добие....

Photo Volan said...

Селектор

Сакаш да кажеш дека државата ни е направена како еднонасочна улица. Таа има право да те казни ако не плаќаш данок да речеме. А ти немаш право да побараш да ти се плати штета заради нечие неработење....????

Не би рекол дека е така.

Мислам дека државата го користи нашиот болен синдром на Мирче, Трајче и Трпче...

Мислам дека има правни прописи кои ја регулираат оваа материја (но не ги знаеме).

А и да нема треба да се избориме за нив...

Blog Archive

Site Meter