Search This Blog
Friday, March 03, 2006
Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство
Никој ништо не сака да учи од туѓи примери - тоа ме боли мене и го кошта македонскиот џеб.
Сите измислуваат топла вода.
Пред некоја година Бугарија кога ги почна разговорите со ЕУ и се закани на ЕУ дека доколку не се осободат Бугарските граѓани од визниот режим со ЕУ - сега и веднаш (се мисли сега=тогаш) ке ги прекинат преговорите со ЕУ и ке ја повлечат кандидатурата, бидејки граѓаните на Бугарија се осеќаат со навредени национални чувства дека само заради тоа што се Бугари, наметнато им е да омаловажено чекаат во ред и ја молат ЕУ да им даде виза за да ги посети.
Мојот предлог до Владата е да го направат истиот чекор - Да пратат уценувачки демарш до ЕУ дека ке ја напуштиме кандидатурата сега и веднаш, ако не го укинат визниот режим. Од истите причини како и Бугарите што ги кажаа.
Техничките детали за визниот режим.
Под хитно да се поапсат сите луѓе кои не си ја завршиле работата (пасош, гранични премини, реадмисија) или најмалку да се отпуштат од работа. И да им се забрани со судска одлука идно запослување на државни јасли. Ако почнеме со апсење (заради вакви и слични причини) ке ни треба уште десет Шуткини затвори. Но казни мора да има. А не само да се казнуваат сиротите луѓе по пазарите кои од немајкаде искочиле со нешто во рака и продаваат за да купат леб за воите деца.
Повод за овој напис ми беше написот во денешен Дневник, “За визи арчиме 10 милиони евра“
„..Барањето виза за некоја од земјите од ЕУ или за САД некогаш се претвора во малтретирање и понижување какво што никој не би сакал да доживее..“
„..Дури и еврокомесарот за проширување Оли Рен признава дека е "срамен" начинот на кој се третираат младите што бараат визи за во европските земји...“
„.. ЕУ на крајот на месецов ќе побара олеснување на визниот режим за одредени категории граѓани, почнувајќи од студентите, научните работници, бизнисмените, но и за камионџиите..“
Не ни треба вакви бесплатни визи - овие категории на граѓани и до сега добиваа лесно визи.
Ни треба укинување на визниот режим, веднаш и сега инаку гласам за повлекување од натамошните преговори за членство вбо ЕУ, поради моето омаволаважување да барам виза само заради тоа што сум Македонец.
Граѓани на Македонија за ова вреди и да се организираме и да направиме еден симпатичен протес пред зградата на ЕУ во Скопје и пред седиштето на ЕУ во Брислел.
Ејде невладини организации истакните се.!!
Ајде студенска и ученичка младина на македонија разбудете се сега е моментот за овој притисок до ЕУ!!
Ајде блогери помагајте!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
March
(27)
- Винарската визба Тиквеш пријави шесткратно зголему...
- Бујото инжинеринг отвора нов објект во скопската н...
- Гранит ќе го поправа аеродромот во Приштина за 14,...
- “Макстил” со раст на профитот од 79,70%
- Македонската просечна плата не е доволна ни за соц...
- Основни податоци за Република Македонија - за Инте...
- ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА - нарачани
- Бугарски Глобал кабел ќе ги купи кабелските телеви...
- Интернет понуда на Он.нет
- Интернет цени од МТ.нет
- Нови понуди од CADIS
- Се продава 45 м2 стан со гаража близу Универзална
- За Скопските дупки на асфалтот - трето продолжение
- ПРОМОЦИЈА НА ИНТЕРНЕТ СЕРВИСОТ "НАЈДИ! КНИГА"
- За дупките, прекопите и калта по Скопските улици I...
- За конкуренцијата на Телекомот
- За дивидендата на Телеком II дел
- Сите нешто копаат по градот
- е-Книги - Дигитализација на библиотеките низ Макед...
- Уште едно здружение против монополот на Телекомот
- "Маџар телеком" со интернет телевизија
- е-Влада
- Да се укине или трансформира агенцијата за “вработ...
- Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство
- Зошто никој во Македонија не си дава оставка!?
- Коста Трпковки и АЕК на одстрел !?
- Интернет без граници! – волан предлози
-
▼
March
(27)
21 comments:
I jas sum za protesti pred ambasadite i prestavnistavta na EU ili da se organizira akcija:"...Eropski Proizvodi NE BLAGODARAM..." ili pak "...Podobro na Nase Ezero nego bilo kade vo EU...".
No znam deka vakva akcija nema nikogas da uspee posto znam kakov mentalitet na narod sme. Kako sto bi rekol Rambo Amadeus slovenite(balkanci) so kakvi razmisluvanje sme(so izvinuvanje poradi diretkniot citat):"...Bolje jedno vruce pivo nego cetiri ladna, Bolje stara baba nego pi*ka mlada..."
"...Podobro na Nase Ezero nego bilo kade vo EU...".
Јас сум повеќе за ова.
Наше е да пробаме, ако сериозно бараме ке успееме, а ако не бараме нема ни да добиеме.
На било која жена ако упорно и бараш ке добиеш..
Дете што не бара млеко кога е гледно нема ни да добие :)
Се надевам дека феминиските нема да се навредат од горниот пост.
На секој нормален мушкарец од било кој животински свет природна потреба и стремеж е бара да ја оплодува женката...
Па и библијата повикува - плодете се множете се...
Неогео
Јас не барам бесплатни визи - јас барам да се избориме како држава и граѓани да немаме воопшто визи - посто географски припаѓаме во регионот на Европа.
А Европа не држи во “карантин“ - како да сме губавци.
Природно право на секој кој има нива да речеме во една територија, да може да дојде до нивата да ја обработува и да си оди дома од неа.
Нашата нива во сите граници граничи со ЕУ, и ЕУ е таа која ни го зема природното и основното човеково право а тоа е правото да се движиме каде сакаме.
Им завидувам на птиците и другите животни - тие тоа ограничување го немаат. (иако сега да бидеш птица и не е баш благодарно)
Економските наши проблеми се второ болно прашање...кое секако е и последица на нашата изолација. Па јас ако сум слободен да одам каде сакам, а тоа право го имам како човек по род, јас нема да седам на оваа загадена и безизлена територија, туку ке барам ново место за живеење - во тоа е поентата.
Volan, mnogu brgu ke pocne poleka toj rezim da se siminja. Problem ke nastane sto poznavajki ja nasata vlada koja znae deka stom toj rezim na vizi ke se simne bar 70% ludje koj mozat da se dvizat ke si ja duvnat od tuka, za da i ostanat ludje da imaat so kogo da vladeat ke vovedat EXIT VISA od Makedonija.
Ne e problem koj moze so protesti da se resi. Toa Evropa koga saka ke si go resi. Sega im fali rabotna snaga, posto e opsto poznato deka nadvor mladite se pomalku studiraat. Prosekot na zavrseni studenti im se namaluva a i so intelegencijata ne stojat bas najdobro, pa kako solucija naodjaat deka nasive studenti im se mnogu dobri a i eftini na kraj ke im bidat pa ke im dadat vizi. Koga ke im trebaat cistaci pored prugite i po ulica sto ke cistat, togas ke dobieme i nie. I taka toj problem ke se resi.
A ti ako sakas da setas, NEMA setaj po ubavata Makedonija uste cela ne si ja upoznal.
Жарко
„..vladeat ke vovedat EXIT VISA od Makedonija..“
Со ваков вид на проблем се среќаваа луѓето во Ирак. Кога работев таму на времето во режимот на Ирак, не само што граѓаните на Ирак бараа EXIT VISA, туку сироти ние и ние моравме да бараме EXIT VISA. Секојпат се тресевме кога требаше да си одиме дома дали ке ни дадат EXIT VISA.
Така држат режим полициски држави.
Во Европа незнам за ваков пример.
“..A ti ako sakas da setas, NEMA setaj po ubavata Makedonija uste cela ne si ja upoznal..“
посто незнам со која цел си го пишал - ама ако се однесува до мене сум го прочитал скоро секој квадратен километар во македонија, со исклучок на терени кои немаат јавни патишта...
N e mislev na tebe mislev opsto. Toa nasata vlada so EU together se grizat nie povece da se prosetame niz nasata Makedonija za povece da si ja zasakame pa togas name da sakame da odime kaj niv i ke si sedime dime i site ke bideme srecni i ....
Едно грижење за нас од нашата влада што да ти раскажвам...
Инаку чисто технички - за да се укине визниот режим постојат 3 јавни и 1 таен критериум:
Јавни:
- Потпишани договори за реадмисија со сите Шенген земји.
- Биометриски заштитени пасоши и соодветен компјутерски систем
- Владеење на границата со професионални полициски единици
Горе-долу сите во тек на 2006-та ќе бидат задоволени.
Тајниот е фиксирање на датум за прием во ЕУ и значителен исчекор и политичка волја во затворањето на акијата. Тоа исто така може да биде во 2007-ма ако сме паметни (ОК избори, мирни, добри, работливи). Значи оптимистички е можно 2008 да биде „обезвизена“ ако сме доволно паметни. До сега бевме, со сила... Но сега ќе треба да го покажеме сопствениот капацитет („без сила“).
Јован
Вака како што викаш, немој да ми се лутиш, но во тебе работи синдромот на Мирче, Трајче и Трпче. Зошто?
Па затоа што викаш, дека треба да исполниме, ваков, таков, онаков услов и треба да почекаме до незнам која година...
Па до тааа година ке умре магарето за зелена трава...
Јас велам правото на движење ми е природно човеково право. И како загрозено право од Европа со која се граничам од сите страни, барам да ми го овозможи тоа право. Тоа е една главна причина зашто сега и веднаш.
А втората главна причина ми е што ми е повредено чувството дека само заради тоа што сум Македонец, ми е ускратено правото на слободно движење каде сакам и кога сакам.
Зато барам ултимативно или ЕУ да го укине визниот режим или да се повлечеме од процесот на интеграција со ЕУ.
Тоа своевремено исто го направи и Бугарија (кога стана земја кандидат) и за неколку месеци по барањето успеја...
Инаку една наша организација (ИДСЦО) водеше прилично голема кампања на оваа тема пред едно две години... Јас бев еден од луѓето кои активно ја помогнаа. Повеќе инфо на овој сајт: http://www.bezviza.org.mk/
Од моја страна без навреда - не може Македонија да дава ултиматиуми на ЕУ. Бидејќи ЕУ не ја моли МК да дојде кај неа, туку обратно - МК ја моли ЕУ да влезе во неа. Исто така Договорот од Шенген е вон класичниот концепт на ЕУ и е договор кој е потпишан од само определен број на членки.
По ослободувањето на визниот режим за Романија и Бугарија (кој следеше по исполнување на критериуми а дефинитивно не со ултиматум од било која страна) 4 милиони Романци и 2 милиони Бугари се исселија.
Инаку статусот не значи укинување на визи туку слободен краток престој до 3 месеци. Нели тоа е масовно злоупотребено од нашите претходници. И добредојдено од некои Европски држави кои одвај чекаат да се оттарасат од мароканци, алжирци курди и слични за ефтина работна рака. (Хинт: Мадрид бомбинг).
Ќе не пуштат, ама не со протести, туку со работа. Секој маж и жена во Македонија треба да си го заработи својот леб. Државата веќе не е градинка за никого.
заборавив да кажам, податоците на сајтот се прилично застарени... Бидејќи секнаа финансиите.
Јован
Тука се работи за природно право кое ми е повредено - а тоа е правото на слободно движење.
ЕУ е секаде околу нас. Ние без да стапнеме на ЕУ територија не можеме да одиме никаде. Во тоа ми е едната поента.
Не барам никој да ми даде милостиња - тоа е наше природно право.
Инаку секоја чест за минатите активности, околу нашиот визен режим.
Види навистина сум стар и можеби за нешто губам меморија, но „уценувачките тонови на Бугарија“ - во врска со визниот режим, која беше од некого советувана така да направи, добро ги паметам...
Беа изјави на министри или нешто слично, на средбите со ЕУ преговарачи.
Не ме терај да се враќам по весниците наназат...
Па и јас не мислев да ја советувам владата да прати демарш до ЕУ - Или укинете ги визите или ја повлекуваме кандидатурата.
Тоа се одработува на друг начин.
Владата подпомага и потикнува неколку невладини организации да поведат кампања за ова (впрочем ова владата веќе неколку пати го направи - но само за да ја сочува власта).
Потоа излегуваат студентите, учениците (“спонтано“-да учиме од нашите браќа Албанци) неколку дена пред ЕУ канцеларијата во Скопје и десетина пред ЕУ седиштето во Брисел.
Плаќање на реклама на сето ова во некој медиум - CNN да речеме. И ке видиш дека “спонтано“ процесот ке се убрза...а нашиот национален понос ке порасне бидејки за ова сме се избориле и не ни е поклонето...
За твоја информација, веќе 15 години не патувам во ниедна земја кај што има визен режим - поради загрозеност на моите чувства како Македонец, а и од понос не сакам да стојам у редови и некого да го молам да ме прими на гости и успат да потрошам некој долар.
„..Секој маж и жена во Македонија треба да си го заработи својот леб. Државата веќе не е градинка за никого..“
Што фино е ова кажано. Инаку првпат го слушнав од првиот председател на РМ. Господинот Киро Глигоров.
Ова другарче важи за средени држави а не за држави кои во својата историја бројот на невработени од десетина посто го качија на повеќе од 40 посто.
Не во држави во кои царува корупција и криминал,не во држави во кои мафијата има своја држава судство и полиција.
Во нашата држава за овие 15 години државата затвори стотина најголеми компании и укина најтрудоинтензивните гранки...
Па кој ке ми ку*ац таква држава која има право да укинува работни места а не ствара услови за нови...
Луѓето сами би си го заработувале парчето леб, но немаат каде - рецесија нема, работа...
Но ова е за некој друг топик (тука забегавме и ти и јас)
Volan, pak ne se slagam so tebe. Ultimatum na EU. Niti postavile nitu ke postavat. Javno mozebi da no deka toa igralo uloga malo teze. Ako polozbata na Bugarija ne bese takva kakva sto e Izlaga na crno more a od druga strana Milosevic, NIKOGAS, nema da go dobiea stutot zemja kandidat. Zivi bili pa videli dali i vo 2007 ke vlezat ili sega posle sirenje na ideata zapaden balkan nema da ja vratat na trening nekolku godini. Bugarija nema ispolneto nekolku klucni uslovi koj ne se spomenuvaat a najvazniot koj za cel zapaden balkan e kocnica POTEKOLTO NA IMOVINATA, go nemaat ni cepnato. No toa i ne e tema. Velis sloboda na dvizenje, a ja zaboravas slobodata na sopstvenost. Nikoj ne odbiva tranzitna viza, prema toa slobodata da koristis nivni aerodrom ili pat ti e zagarantirana, no zloupotrebata koja se slucuvase so godini na studentski vizi, bejbi siter vizi, turisticki vizi gi natera da se zastitat. Sto mislis dali nie ke vovedeme viza za kinezite ako oni pocnat da vleguvaat ovde i da rabotat za 50 dolari mesecno (tolku e plata vo Kina 90 e za VSS). Siguren sum DA. Sekoj ima pravo da si go stiti svojot gradjanin, a vizata ne e tebe da ti zabranat tuku da gi zastitat svoite. Cesto patuvam, nemam problem so vizi i se pocesto me usluzuvaat ludje od Polska, Ceska, Ungarija, Srbija, Hrvatska, Turska. Ne se secavam koga posleden pat me vozel taksist germanec. Posledniot bese turcin a pretposledniot srbin. I tamu ima recesija i tamu se namaluvaat rabotnite mesta a zemjite im se preplaveni so eftina rabotna sila. I zatoa e vizata, da se zastitat od nas.
Sto se odnesuva do toa deka sekoj treba da si go zaraboti svoeto i dali ima dovolno rabotni mesta, tuka kolku e krivicata vo drzavata tolku e i vo samite gradjani, bez razlika dali se vraboteni ili rabotodavci. Vtorite imaat krivica zatoa sto gi zaposluvaat ludjeto na crno i taka stvaraat nelegalen profit, a prvite zatoa sto ne se borat za svoite prava. Trpce, Mirce i Trajce sindromot kaj niv e prejak. I tuka drzavata ne e mnogu mocna. Drzavata ja krivam, zatoa sto go kontrolira sindikatot, a toj e normalno totalno nesposoben. Seti se samo na duelite na Skargil i Tacerka, Valensa i Janikievic (ne sum siguren za imevo na generalot). Sindikatot gi povede rabotnicite protiv drzavata koja sakase da gi kontrolira kako sega sto pravat kaj nas.
I uste nesto, vlez vo Evropa. Toa NEMA da se sluci. Zatoa e i ovoj zapaden balkan, zatoa i hrvatite skakaat tolku. Ke ne kontroliraat so dotur na finansii i sekogas ke bide eve nie ke ve primimie site zaedno zasto sega ste tgrovska unija i ne moze da ve delime za da ne gi unistime drugite ama znaes e onie tamu nosat po dve levi patiki i takvi vo evropa ne mozete da odite.
Se slagam so Jovan, zaboravete na Evropa, zaboravete na med i orasi. Treba da se raboti, a rabotata ke isfrli ludje koi ke ne vodat. Ovie sega se marioneti, samozaljubenici, najobicni kriminalci koi zalutale vo politika. Ednas mora da se stavi kraj na ova a toa ke go napravi narodot. Dali kako vo Romanija, Srbija ili na nekoj svoj nacin vremeto ke pokaze. Za da dojde do toa treba da se podignat glavite, dignata glava sabja ne ja sece. Rabota i borba za pravata na rabotnicite moze da dovede do praviot pat.
Sorry ti pobegnav od temata ama site tie raboti se povrzani
E ke ti zemem uste nekoku milimetri.
Во нашата држава за овие 15 години државата затвори стотина најголеми компании и укина најтрудоинтензивните гранки...
Drzavata nezatvori nikogo. Nesposobnosta na direktorite da se snajdat da najdat pazar za svoite proizvodi gi zatvori firmite. I denes seuste golem del od narodot resenieto go bara od drzavata. Drzavata ne mozeda gi prodava nasite proizvodi, sami treba da gi prodademe. Za zal nema kvalitetni menadzeri pa razni mesetari so pomos na kriminal ja opljackaa drzavata.
Golem del od niv i ni ja vodat drzavata, zatoa i koga gi okfalifikuvam politicarite kako kriminalci sekogas mislam na niv. Narodot e NEUK, uste e socijalisticki raspolozen i so tie svacanja i koj saka gi maftosuva.
Жарко и Јован
Пак сте у коалиција со мислењата, кој би рекол ?!
Не ми е јасно што по вас треба да одтботи нашава државата за граѓанинот?
Или што е тоа што моментално добро го работи и граѓанинот како плаќач на данокот има корист од Владата и администрацијата?
последните неколку години сите пари отидидоа во буџетот, кој неколкупати се зголеми а граѓанинот нема никаква полза од тоа.
Морам да се послужам со поговорката - дека државата само што ке го научи својот граѓанин (магарето) да не јаде, граѓанинот (магарето) ке пцовиса..
Искрајно речено околу визите размислувате слично, затоа што и на дваицата не ви е тешко да добиете виза (која впрочем ви е неопходна заради работата со која се бавите), а не ви предсатвува проблем ни да ја платите визата, и тоа не само визата туку и осигурувањето.А сега се споменува и драстично покачување на визата.
Јас повеќе мислев на нашиот обичниот просечен-граѓанин (90 роценти од популацијата) кој последниве 20 години, не мрдна повеќе од стотина километри ..(толкав е Македонија..)
За малиот граѓанин - оној кој сака да погледа низ прозорецот Шенген, ЕУ е потешка граница од некогашната железна завеса.
Ми споменувате Кинези. Ние не сме Кинези, не има колку едно предградие од било кој европски поголем град.
Ке давале лесно визи за студенти, бизнисмени и незнам која беше третата група. Па и до сега тие групи добиваа лесно визи. А најдобрите интелектуалци ни избегаа по светот и не се враќаат.
Сега останува работливиот народ да си се снајде и да оди :
-во Кандда по северните краеви
-во Австралија по централните предели
-во Нов Зеланд
-во ЕУ фармите
-и незнам каде на друго место
И кој ке остане во Македонија.
Бугарите ни делат пасоши - уште едно омаловажување и претопување на народот Македонски.
Се потпишувам и јас позади 99% од тврдењата на Жарко. Она што не се сложувам е дека нема никогаш да влеземе. Ќе влеземе, ама тогаш кога самите ќе заслужиме. А критериумите не се за нив туку за нас. Факултет се учи за диплома или за знаење?
Шенген зоната е позитивна а не негативна работа. Шенген зоната значи елиминација на царински и гранични контроли. 1997 границата од Австрија со Германија ја поминав со 150 км/ч. Тоа е Шенген. Ова со визите е неука одбрана од злоупотребувачите. Да се разбереме - и јас сметам дека треба да се укинат визите - пред се за студентите. Нешто што најмногу штети на Македонското општество е зачауреноста на младите во МК. Треба да шетаат, да учат, да се проветрат малку... Оти (со чест на исклучоците), постарите премногу се плашат од провев.
Секој е крив за ситуацијата. Директорот кој не знаел да најде пазар и бил корумпиран, работниците кои го „трпеле“ заради корупција на пониско ниво, политичарите кои гледале корист од целата таа ситуација... Потоа КПЈ е крива за сите невратени кредити во странство, Милошевиќи и Љубљански банки се криви за упадите во банкарскиот систем пред растурањето... ИТН ИТН... Ќе беше премногу лесно Љубчо и Бранко да беа криви за се'.
„..Drzavata nezatvori nikogo..“
Не се слагам - Дрзавата најпвин со проектот на 25 загубари ги затвори најмоќните компании - и ги цедеше во корумпирана приватизација - успешните помали профитабилни компании. Сите пари од буџетот отидоа во матни зделки и не им се знае крајот...
„..Drzavata ne mozeda gi prodava nasite proizvodi, sami treba da gi prodademe..“
Ова е често употребувана фраза. А за што служат економските представништва по Амбасадите ?
Погрешно изгледа ми ја сваќате економската логика.
Бидејки сме банкрот држава - едини кој може во ваква држава да направи нешто за да заживее економија и да стартува циклус е само Државата.
Volan
и ги цедеше во корумпирана приватизација
tuka kaza se. Kriminalcite go napravija toa za svoi celi a rabotnicite se razbudija so godini podocna koga vece bese kasno.
Drazavata moze da napravi nesto samo so subvencii na nekoi prizvodi, mleko brasno tutun grozje. Se ostanato treba SAMI da go prodademe ako znaeme da go upakuvame. Problemot e sto supoglavci gi lapnaa firmite i mislea sami parite ke doadjaat, TOA E TRAGEDIJATA NA MAKEDONIJA. Dali mislis deka od site GOLEMI manageri eden ke uspee lizavce na dete da prodade. Jas NE. Da ako vladat go primora deteto da kupuva lizavcinja od Sv*to, Ste*jo, Mi*co. E tuka e moj Volan klucot. Sekogas gi ima ovie mrsojadvi koj ja pijat krvta na narodot. Iskreno krivo mi e sto sme nemokni. Pogledaj go samo Trifun, usta ko kanalizaciska cevka lapa SE. A narod ko narod, dal za crkva, dal za rakomet, dal za igri i hrane. Dali ova bese nesto od Rimsko vreme ili se lazam. LOPOV PAR EXCELANCE. Koga pred 10 godini go rekov ova me plukaa site. Denes 70% se slagaat so mene, utre 102,3% ke bide ama KASNO rifunco ke se nafatira debelo so makta na ovoj narod.
Daj da prekinam zosto imam mnogu za plukanje.
NARODOT E NAIVEN i toa e problemot na Makedonija. Padjame na miluijardi od Cile, crkvi od Trifun itn itn.
Jovan NIKOGAS nema da bideat 1me clenka na EU. Amerite vo svoite analizi vikaat 2010 najbrzo ama so GOLEMA rezerva. Ako oni vikat 2010 togas toa e nekade 2020 ili nikad. Ima dosta analizi na internet za toa. Za zal kako sopstvenik na firma i zagrizen za svoite vraboteni gi pratam ovie raboti i ne letam so svoite planovi
Жарко
Слободно плукај по сите и за се што ке ти текне.
Мене искрајно Блоговите и за тоа ми служат.
Наместо во дупка да викам Царот има големи уши (Бране, Бучко, Љупчо, Пајопатарот и сл) јас викам во блоговите и така се празнам....
Знаеш за она У цара тројана козје уши...
Post a Comment